Почетна / Телевизија / Новата емисија „Бизнис 365“ стартува утревечер на МРТ1

Новата емисија „Бизнис 365“ стартува утревечер на МРТ1

 

„Бизнис 365“ е новата емисија на Македонскиот национален сервис која премиерно стартува во понеделник, 11. февруари во вечерниот термин во 21:30 часот на МТВ1. Економски анализи, финансиски актуелности, како и екпертски прогнози за 356 дена во година се темите што ќе се обработуваат секој понеделник, поддржани со дебати, интервјуа со релевантни гости, но и приказни од терен кои ќе ја отсликаат состојбата во бизнис секторот. Автор и уредник на „Бизнис 365“ е новинарката со огромно искуство во микро и макро економските теми, Билјана Василевска Трендафилова.

 

 

„Предизвик е да се истражува светот на бизнисот, да се открие што ги мачи менаџерите, но и да се анализира како во време на глобална криза, преживува македонското стопанство. И не само за проблемите, ќе се информира и за успешните компании, оние на кои бизнисот добро им оди. Дали успехот е резултат на добро менаџирање и како светските корпорации се справуваат со ризиците и предизвиците“, изјави авторот на емисијата, Билјана Василевска  Трендафилова.

Во првата емисија, ќе се обработат очекувањата за економијата во 2013. година, како и влијанието на засилената глобална конкуренција, технолошките промени, флуктациите на валутите, дерегулацијата и промените кои секојдневно настануваат како и предвидувањата за нивниот ефект врз македонскиот бизнис сектор. „Бизнис 365“ е во продукција на Македонската телевизија како дел од новата програмска шема, а покрај уредникот Билјана Василевска Трендафилова, позади емисијата ќе работи тим од етаблирани новинари и познавачи на економските состојби во Македонија и пошироко.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!