Енцо го сопре пастувот пред колибата на ридот која фрлаше панорамски поглед на земјата која според тестаментот му припаѓеше нему и на неговата фамилија. Хектари земја на обработена земја и полиња со кафе во недоглед. Ова парче земја до каде што се доаѓаше по една козја патека, сместно помеѓу езерото и планините на другата страна, беше негова земја. Енцо широко се насмевна. Не можеше да замсили поубаво место за свој дом. Напуштената колиба беше украсена со див јоргован, додека по ѕидовите ползеше гранка од една стара калинка, а погледот гледаше кон бескрајните полиња со кафе се до големата фазенда на другата страна.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 37 – „Соочување“
Енцо го сопре пастувот пред колибата на ридот која фрлаше панорамски поглед на земјата која според тестаментот му припаѓеше нему и на неговата фамилија. Хектари земја на обработена земја и полиња со кафе во недоглед. Ова парче земја до каде што се доаѓаше по една козја патека, сместно помеѓу езерото и планините на другата страна, беше негова земја. Енцо широко се насмевна. Не можеше да замсили поубаво место за свој дом. Напуштената колиба беше украсена со див јоргован, додека по ѕидовите ползеше гранка од една стара калинка, а погледот гледаше кон бескрајните полиња со кафе се до големата фазенда на другата страна.
Марија Грација немаше храброст да го погледне во очи својот Господар. Се плашеше од неговата реакција.
– И зошто не ми кажа веднаш откако ти кажала мајка ти?
– Бидејки се плашев, газда.
– Јас морам секогаш прв да дознаам што се случува во оваа куќа, – и го истури сиот свој бес, викајки и на уво.
– Никогаш не очекував дека мајка ќе ми каже таква тајна.
– Тили лажела!
– Не верувам, газда.
– Зошто? Зар и ти мислиш дека Енцо е син на мојот татко?
– Да. Јас од мала бев сведок на аферата помеѓу дон Ињаки и мојата мајка.
– Мојот татко беше чесен човек, угледен и почитуван господин кој ја љубеше мојата мајка, по ѓаволите!
– Можеби било така, но дон Ињаки често ја посетуваше мојата мајка.
– Никогаш да не си го повторила тоа или ќе ти ја зашијам устата, проклета италијанко!
Криците на Фаусто беа болни и хистречини. Се вртеше низ собата како лав во кафез удирајки пред себе во се што ќе наиде.
– Не сакам да чујам дека тој човек е мој…
– Ваш брат, – додаде Марија Грација.
– Излегувај одовде. Излегувај пред да те убијам!, – замавна со раката но Марија Грација ја напушти кујната пред да ја удри.
Во момент на неконтрола ги истури сите тенџериња од печката, сите садови од масата. Порцеланот се раскрши на парчиња, но тоа не ја смири неговата болка.
– Како можеше да ми го сториш ова татко?, – праша гласно и посегна по најголемиот касапски нож кој го најде.
Истрча од кујната како да го гонеше пуштен пес. За миг се најде во големиот салон каде што над каминот стоеше портретот на Ињаки Кастењон, портрет кој висеше на тоа место повеќе од триесет години. Со ножот го раскина немилосрдно, како да распарчува најголем душман.
– Проклет старец, – повторуваше додека парчиња од портретот паѓаа на подот.
Елиса беше неутешна. Лежеше на креветот во својата соба, влажнејки го јастукот со своите солзи. Естер добро знаеше во што лежи нејзината болка, па прјде до неа и ја помилува по костенливата коса.
– Никогаш повеќе нема да го видам Енцо, мамо.
– Тоа е одлука од твојот татко и ќе мора да ја почитуваме.
– Лажеш, мајко, – одеднаш избувна Елиса, бришејки ги солзите.
– Што зборуваш?
– Секогаш бараш да бидам искрена со тебе, за промена еднаш биди и ти искрена со мене, мајко.
– Не знам што зборуваш.
– Признај дека страдаш. Страдаш за Енцо.
– Ќе те оставам сама да одмориш, – по кратка пауза рече Естер и се упати кон вратата. Но пред да излезе, до неа допре гласот на нејзината ќерка.
– Знам дека има нешто помеѓу тебе и Енцо.
– Што зборуваш?
– Мамо…ве видов како се бакнувате во градината. Зарем ќе го негираш тоа?
Антониета нежно и со внимание го масираше грбот на Фаусто со сапуница и сунгер, додека тој се обидуваше да се опушти во врелата купка која таа посебно ја подготви за него.
– Не знаеш колку страдав за тебе, Фаусто.
– Тој бедник нема да истера по свое.
– Секако дека нема, – нејзините прсти го милуваа неговиот врат, нежно и со многу љубов. – Сеуште не е роден човек кој може да ти се спротистави.
– Зошто по ѓаволите му дадов работа кога требаше да го истерам? Како можев да бидам толку наивен?
– Не очајувај, Фаусто. Ќе најдеме начин да го истераме тој човек од Темпестад.
– Да е до мене, досега тој бедник ќе беше мртов.
– Знаеш ли дека твојата ќерка се молеше за него?
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– Ги слушнав нејзините молитви…Елиса беше повеќе загрижена за него, отколку за тебе.
Повеќе немаше место за негирање ниту за глумење жртви. Естер беше свесна во каква положба се наоѓа. Само очите и се полнеа со солзи додека гледаше во својата ќерка. Нејзината малечка која ги гаеше истите чуства за истиот маж.
– Значи знаеш?
– Да, мамо. Затоа и сакав да се убијам.
– Боже мој. Не можев ни да замислам дека ти нанесувам таква агонија.
– Значи признаваш? Признаваш дека имаш афера со Енцо?, – низ созли праша девојката.
– Не…тоа беше грешка. Импулс. Да знаев дека тоа толку многу ќе те повреди, никогаш немаше да го сторам тоа, ќерко.
– Чуствуваш ли нешто за него? Одговори ми, мамо, те проколнувам.
– Не, – негираше. – Ништо…
– Не ти верувам.
– Ќерко, верувај ми дека не сакам да ја растурам оваа фамилија. Ти и твоите браќа сте најголемото богатство кое го имам. Вие тројца сте се што имам во животот.
Енцо влезе во скромната колиба, полна со прав и пајажини. Беше тесен простор, но доволно за почеток. Еден нов почеток. Слушна дека некој доаѓа па погледна низ подотворениот прозорец. Марија Грација приоѓаше до колибата на една мазга.
– Марија Грација, – истрча кога ја здогледа.
– Енцо! , – го прегрна цврсто кога слезе од мазгата. – Не знаеш колку ми е мило што те гледам, фратело мио.
– Миа сорела, – го држеше нејзиното лице помеѓу своите две дланки. Имаше чутво како да не ја видел со години.
– Дон Фаусто се врати како луд на фазендата.
– Направил некоја глупост?
– Не, но им забрани на сите да те спомнуваат. Се плашам дека може да ти наштети.
– Јас не се плашам од него.
– Таков те сакам. Храбар. Имам едно изненадување за тебе, – рече и посегна по својата торба која ја имаше преку рамото. Ги извади книгите од кои нејзиниот брат не се оделуваше.
– Моите книги.
– Знам колку ти значат и затоа ти ги донесов.
– Ти благодарам.
– Со Моналиса ќе доаѓаме овде колку што можеме почесто. Да ти помогнеме да се сместиш и да ти носиме храна.
– Не, не сакам да ризикувате…
– Биди мирен. Ќе бидеме внимателни. Енцо, по се што се случи, престана ли да мислиш на доња Естер?
Тој не одговори ништо. Само ја зеде за рака и ја принесе до една карпа од каде што најубаво се гледаше целата земја под нивното тло.
– Ова е наша земја, Марија Грација. Само наша.
Таа радосно крикна, а тој ја зеде в раце и почна да ја врти во круг. Беа навистина среќни по долго време.
Продолжува утре…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет