Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #37 |Alevosía

Предавство, епизода #37 |Alevosía

 

Анхелес доаѓа во ординацијата на Густаво и го моли за прошка за се што сторила во минатото.

Лусија и се жали на Чоле дека Густаво продолжил со животот и дека лесно ја заборавил.

По одржаната смена, Густаво и Луз Марија заедно ја напуштаат клиниката, додека некој будно ги набљудува.

                Сесилија ја споделува својата загриженост со Лусија, за баба Инес која почнува да станува сенилна и да заборава нешта. Лусија и вели на својата ќерка дека и самата забележала нешто чудно кај својата мајка.

Хоакин и нуди на Естер да живеат заедно и девојката се согласува.

Нати разговара со својот пријател Густаво и го убедува дека Лусија е сеуште вљубена во него. Нати го убедува дека треба да се бори за жената која ја љуби наместо истата да ја бара во други. Ваквиот  разговор ќе го замисли докторот.

Диего и Моника планираат повторно да ги спојат Сеси и Хаиме. Двајцата се убедени дека можат да бидат заедно и да го повратат она што некогаш го имаа.

Ниту Диего ниту Моника не се свесни дека разговорот го прислушкува Анхелес која е решена да ја спречи среќата на помладата сестра.

Лусија е критикувана на состанокот со одборот бидејки нарачала хемиски материјали за клиниката од различна марка, наместо онаа која дотогаш се користела. Густаво ја брани Лусија пред одборот.

Хоакин ги известува своите родители дека одлучил да живее со Естер. Двајцата се пресреќни и му посакуваат се најубаво на синот.

Во клиниката, Луз Марија добива завиткан подарок и откако ќе го отвори наоѓа мртва птица.

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!