Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #38 |Alevosía

Предавство, епизода #38 |Alevosía

 

 

Густаво се обидува да ја смири испаничената Луз Марија откако ќе добие чуден подарок од непозната личност. Октавио од страна ја набљудува целата ситуација. Луз Марија е сигурна дека тоа е масло на нејзиното поранешно момче.

Нати открива дека Ферер и Еспиноса, едни од акционерите во клиниката добиваат провизија за нарачката која Лусија ја откажала. Лусија станува свесна за нивната реакција за време на состанокот. Двете пријателки излегуваат од клиниката на договорен ручек и на излезот се среќаваат со Хулијан и Густаво па четворицата одлучуваат да ручаат заедно.

За време на ручекот Лусија му заблагодарува на Густаво за подршката за време на состанокот.

По ручекот, хирургот го наоѓа својот автомобил со пробушени гуми и случувањето го поврзува со она што утрото и се случи на Луз Марија.

Диего му ги соопштува своите планови на својот пријател Дарио и Дарио прифаќа да се види со Сесилија. Иако е повреден од начинот на кој претходно беше оставен, Дарио е човек кој смета дека сите заслужуваат втора шанса.

Лусија доаѓа да разговара со Луз Марија за она што и се случило утрото со птицата, но Луз Марија дрско ќе одбие било каков контакт со неа, нарекувајки ја завидлива и љубоморна бидејки го има Густаво.

Дарио доаѓа во паркот каде што е договорот да се најде со Сеси, но наместо Сесилија доаѓа Анхелес која го лаже дека Сесилија не сака да се види со него и одбива било каков тип на местенка за да бидат повторно заедно. За што повеќе да го повреди Хаиме го лаже дека Сесилија е сеуште вљубена во Октавио.

Сеси доаѓа во паркот половина час подоцна, фатена во стапицата на Анхелес. Кога ќе сфати дека го нема Дарио, девојката заминува дома во солзи.

Лусија разговара со Чоле и ја известува за влошената здравствена состојба на нејзината мајка.

Анхелес и прави местенка на својата баба дека изумила да се појави на закјажаната средба со лекар. Девојката просто ужива во тоа да гледа како другите страдаат а нејзината злоба секојдневно е се повеќе изразена.

Густаво ја наоѓа својата ординација извалкана со крв.

Анхелес ја известува својата тетка Трини дека сега кога Инес го губи разумот е вистинско време да и се одземе претседателската фотеља на Лусија.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!