Почетна / Вебновела / Предавство, епизоди #39 #40 |Alevosía

Предавство, епизоди #39 #40 |Alevosía

 #39

 

Естер и Хоакин се соочуваат со финансиски проблеми и не можат да најдат стан за живеење, па Анхелес им го нуди на располагање својот стан. Иако Хоакин е против вакавата идеја, сепак Естер го убедува дека тоа е привремено и тој се согласува.

Во меѓувреме, Дарио се враќа од патувањето и се сеќава на сите убави моменти проживеани со Анхелес.

Лусија ја споделува својата загриженост со Трини за здравјето на нивната мајка, но Трини ја убедува дека не е ништо сериозно и одбива да ја одведат на лекар. Трини е решена да ја искористи наводната болест на Инес за да ја лиши Лусија од клиниката.

Анхелес и Доња Инес заедно во автомобил возат кон вилата Соријано кога пред автомобилот со кој управува Анхелес ќе налета младо момче кое ќе го прегази.

Лусија се соочува со Еспиноза и Ферер и ги обвинува дека ја користат клиниката за заработување на свои лични доходи и им се заканува дека ќе стави крај на тоа.

Анхелес го доведува во клиника момчето кое е вон животна опасност и лаже дека нејзината баба Инес управувала со автомобилот  кога дошло до несреќата.

Девојката ја користи ситуацијата за да флертува со Густаво убедувајки го дека се променила. Густаво не верува во нејзината наводна промена и и префрла дека се сомннева во неа дека таа ја предизвикала несреќата а не нејзината баба.

Инес разговара со својата ќерка Трини известувајки ја дека и се случуваат чудни нешта кои ги заборава или воопшто не се сеќава дека се случиле како несреќата на момчето. Ја моли својата ќерка да и најде добар специјалист за да и помогне во проблемот.

Хоакин го известува својот пријател Густаво дека се сели во станот на Анхелес заедно со Естер, а Густаво го советува да биде внимателен.

Хаиме и префрла на Сесилија дека е лажлива и манипулативна и дека сеуште се гледа со Октавио.

Трини и префрла на Анхелес дека прегазила човек за кој ја обвинила нејзината баба. Во момент на одбрана, Анхелес и префрла на својата тетка дека е завидлива и љубоморна бидејки Сесилија и Октавио се љубовници.

Исплашена дек нејзината тетка може да ја предаде на полиција поради прегазеното момче, Анхелес телефонски го бара Густаво но на повикот одговара Луз Марија бидејки Густаво се тушира во моментот. Анхелес уште повеќе се разбеснува кога ќе го слушне гласот на медицинската сесра.

Трини ја користи новонастаната ситуација и ја известува својата мајка дека Лусија сака да ја смести во лудница.

Лусија дознава дека Ферер клекнал под оптужбите и дека ги продава своите акции. Она што и е чудно на Лусија е што самата не може да ги откупи акциите бидејки истите биле продадени за рекродно време.

Луз Марија доживува нов бран на паника кога ќе го пронајде своето име и слика во црната хроника во дневниот весник каде што се води како умрена.

 

 

#40

Густаво ја наоѓа својата девојка во многу лоша состојба. Луз Марија одвај може да дојде до воздух, а на Густаво му станува јасно што се случило откако ќе го види венсикот. Не може а да не се запраша кој болен ум може така да се однесува и да постапува.

Лусија која не може да престане да мисли на Густаво, се сомнева дека Луз Марија крие нешто па бара од својата верна пријателка и адвокатка да го провери минатото на Луз Марија.

Користејки ја ситуацијата, Трини ја убедува доња Инес да и даде полномоштво врз акциите кои старицата ги има во клиниката. Исплашена за своето ментално здравје, доња Инес и дава полномоштво на Трини како нејзина замена.

Користејки ги своите истражувачки способности, Густаво дознава дека Анхелес стои зад објавената слика и текстот за смртта на Луз Марија во весникот.

Бесен и полн со горчина доаѓа во вилата Соријано каде што ја напаѓа Анхелес за стореното. Девојката наивно се брани а на нејзина страна застанува и Лусија која ќе го истера хирургот од нејзиниот дом.  Од друга страна пак, Анхелес ужива во својата одмазда.

Сесилија му ги враќа сите писма и спомени на Хаиме од нивната веќе мината врска. Тажна и со скршено срце, девојката се сеќава на сите убави мометни кои ги минала со саканиот.

Октавио се соочува со нова уцена од страна на сестрата Ракел. Овој пат, остроумната медицинска сестра бара пари од Октавио во замена за нејзиното молчење во врска со убиството на Игнасио Соријано.

Нативидад ја известува Лусија дека Луз Марија е слеена од поранешното момче кое се заканува дека ќе и го загорчи животот.

Луз Марија влегува во станот и го затекнува превртен а мебелот раскршен. Исплашена дека нејзиното момче е поблиску од било кога го моли Густаво да ги заменат бравите на вратата.

Нати му префлра на својот вереник Алберто дека е чуден бидејки не сака сеуште јавно да ја објават нивната врска. Нати особено е револтирана бидејки Алберто не и дозволува да и каже ниту на својата верна пријателка Лусија дека се верила.

Напуштајки ја ноќната смена во клиниката, голем и црн автомобил ја прегазува меидцинската сестра Ракел. Зад воланот на возилото управува Октавио.

Дарио конечно се соочува со Анхелес и бара развод.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!