Арена Борис Трајковски | 20 часот | 14 ноември
Авалон продукција со огромно задоволство го најавува концертот на легендарниот новосадски кантавтор и миленик на македонската публика, Ѓорѓе Балашевиќ, кој ќе се одржи на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20 часот. Човекот кој секогаш го распродава апсолутно секој концерт што го работи, повторно после 2 ипол години најавува незаборавно музичко патување со публиката, каде ќе ги претстави неговите најпознати хитови што ја одбележаа балканската музичка сцена во последниве децении.
За концертот на Балашевиќ доаѓа триесет члена техничка екипа три дена порано пред концертот, додека легендарниот пејач со неговиот бенд ќе пристигне во Скопје еден ден пред неговиот концерт.
Како и секогаш, скромниот Балашевиќ за скопскиот концерт нема некои посебни побарувања, освен техничкиот рајдер, кој треба да биде изработен до перфекција.
Инаку, Балашевиќ со концертот на Калемегдан пред две години и со околу 30 илјади посетители, изби на првото место на интерната листа на Авалон продукција по посетеност, и тоа пред Iron Maiden.
Како и за секој голем концерт што го работи Авалон продукција, така и за овој несекојдневен настап на Балашевиќ, билетите беа пуштени во продажба речиси шест месеци пред концертот преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com со цени: 900 денари за партер (седење), 700 и 900 денари за трибина (седење) и 1200 денари за „golden seats“.
Дани | ТВ Пакет