Телевизија Алфа со емитување започна на 3-ти јуни, 2008-та година со промената на сопственичката структура. Уште при самото основање, една од клучните точки во програмската стратегија на Алфа беше сопствената продукција. Денеска оваа определба ја докажа нејзината исправност – Алфа телевизија е компанија со најголем процент на сопствена продукција имајки ги предвид сите комерцијални национални радиодифузери.
Во овие 4 години Алфа беше урбана телевизија, објективна и умерена, таа во последниве години се издвои како визуелно најдобра помеѓу останатите телевизии, на нејзината фрекфенција имавме можност да ги гледаме емисиите „Пресинг“, „Европа сега“, „Овде и сега“ и „Маркет 168“. Во контактно-забавната програма, чиј белег е емисијата „Портик“, се надополнија и утринската програма „Во 5 до 7“, потоа специјализираните „Фати се за работа“ или емисии наменети за нашите сограѓани од третото доба „Врати време“ и емисијата „Фактор здравје“ која веднаш стана најгледана во попладневните термини.
Алфа телевизија посебен акцент стави и на емисиите кои носат силен авторски печат, а кои припаѓаат на различни програмски дисциплини. Такви беа емисиите „Гламур“, „Добра мисла“ и „Во прво лице“ со Ирена Спироска, „Кинооко“ и „Живот“ со Зоран Бојаровски, „Пулс“ со Ана Јовковска, копродукцијата „Вин Вин“ со Оливера Трајковска.
Во оваа насока и со нагласена продукциска тежина се издвојуваат и серијалите „Мокош“ и „Градот“, како и сријата „Пустолов“ наменет за децата. Такви беа концертите кои беа дел од серијалот „Македонија – звуци и простори“, како и оние снимени на Охридско лето, на Скопје Џез фестивал, на Оф фест Скопје и на повеќе други значајни манифестации.
Извонредна популарност за само една сезона постигна емисијата „Вкусот на традцијата“ со Адријана Алачки. Досега „нашата“ телевизија ги имаше правата за пренесување на американската НБА кошаркарска лига, холандското фудбалско првенство, една сезона на Формула 1, како и најатрактивното национално фудбалско првенство – шпанската Ла Лига. Ова првенство беше проследено и со специјализирани емисии на Алфа како што беа Ла Лига – најава на колото и понеделничкиот Преглед на одиграните натпревари.
Дел од продукцијата на која Алфа е посебно горда се и забавните порограми „Земи или остави“ и „Најслаба алка“ кои бараа исполнување на високи стандарди што Алфа целосно ги постигна.
Алфа телевизија продолжува со успешната работа и во годините што следуваат, таа се повеќе ја добива нашата доверба. Тимот на „ТВ Пакет“ им го честитa јубилејот!
Nikola S. | ТВ Пакет