Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #42 |Alevosía

Предавство, епизода #42 |Alevosía

 

На барање на својата пријателка, Густаво одлучува да го повлече обвинението против Анхелес.

Хаиме ја бара Сесилија и и ја признава својата голема љубов која ја чувствува за девојката.  Двајцат аси ги признаваат своите скриени чувства и силно се бакнуваат.

Нати во момент на страв му признава на Густаво дека се плаши дека Алберто е вљубен во Лусија. Густаво ја советува да разговара со него и да ги расчисти сомнежите.

Пресреќна, Сеси им признава на својата мајка и Чоле дека се смирила со Хаиме. Во тој миг доаѓа Анхелес која и префрла на помалат асестра дека не ја послушала. Тогаш, Сеси ќе ја нападне Анхелес дека е манипулативна лажга која сорила се за да ја раздели од саканиот.

Следејки го советот на Густаво, Нати отворено го прашува Алберто дали е вљубен во Лусија.Алберто не и одговара ниту негативно ниту потврдно. Ваквиот молк длабоко ќе ја повреди адвокатката која му го враќа вереничкиот престен и му вели дека не сака никогаш повеќе да го види.

Среќата повторно му се насмевнува на Октавио. Добива известување од нотар дека по смртта на неговата љубовница Марта, таа му ги оставила сите нејзини добра во негова управа.

Следниот ден на клиниката, Густаво ја известува Лусија дека ги повлекол обвинувањата против нејзината ќерка. Лусија му заблагодарува и во тој миг неочекувано добива страсен бакнеж од хирургот. Лусија му возвратува со силна шлаканица потестувајки го дека не може да игра со неа како тој сака и го осветува да се држи до една жена, во случајот Луз Марија.

Нешто подоцна, Лусија се соочува со Луз Марија и ја прашува од каде има толку голема сума пари на својата банкркса сметка. Медицинската сестра и вели дека тоа не е нејзина работа, а Лусија го користи моментот и позицијата и ја отпушта од работа.

Доња Инес дознава за смртта на својата пријателка Марта и почнува гласно да плаче.

Вечерта, Густаво и Луз Марија излегуваат на вечера.  Во романтичната атмосфера, хирургот ја кани својата девојка на танц. Додека нивните тела се движат во ритамот на мелодијата на Пабло Алборан, Густаво не може да престане да мисли на Лусија. Луз Марија го прашува зошто е отсутен а тој отворено и признава дека не може повеќе да ја лаже и дека љуби друга.

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!