Капелата стануваше секојдневно прибежиште за младиот Анибал. Свесен за големиот грев кој и го нанесе на својата сопруга минатата ноќ, клечеше пред олтарот барајки прошка за својот грев.
– Анибал, морам да разговарам со тебе, – до него како низ ехо допре гласот на Лукреција.
– Не можам сега.
– Те молам, се работи за мојата ќерка.
– За мојата сопруга сакаш да кажеш. Тоа го сакаше нели, – почна да мафта со левата рака на која лежеше златната бурма. – Сега сме венчани.
– Те молам да бидеш добар со неа, Анибал. Знам дека си добро момче.
– Сега сум момче? Не мислеше така оној ден во исповедницата, Лукреција. Јас сум и маж и само ја исполнувам обврската како сопруг.
– Да знам, но не сакам да се претвориш како твојот татко.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 43 – „Естер дознава за аферата на својата домарка“
Капелата стануваше секојдневно прибежиште за младиот Анибал. Свесен за големиот грев кој и го нанесе на својата сопруга минатата ноќ, клечеше пред олтарот барајки прошка за својот грев.
– Анибал, морам да разговарам со тебе, – до него како низ ехо допре гласот на Лукреција.
– Не можам сега.
– Те молам, се работи за мојата ќерка.
– За мојата сопруга сакаш да кажеш. Тоа го сакаше нели, – почна да мафта со левата рака на која лежеше златната бурма. – Сега сме венчани.
– Те молам да бидеш добар со неа, Анибал. Знам дека си добро момче.
– Сега сум момче? Не мислеше така оној ден во исповедницата, Лукреција. Јас сум и маж и само ја исполнувам обврската како сопруг.
– Да знам, но не сакам да се претвориш како твојот татко.
– Остави ме насамо, Лукреција, не сакам да разговарам со тебе.
– Те молам, Анибал, разговарај со неа, направете некаков договор.
– Која си ти да ми кажуваш што да правам?, – ја праша дрско пред да ја напушти капелата.
Алис ја извади бурмата од својата рака. Не сакаше никаков симбол кој би ја потсетувал дека е мажена против своја воља. Миризливата купка не делуваше како да е од голема помош. Сеуште ја чуствуваше болката која и ја зададе Анибал минатата ноќ кога на сила ја направи своја. Елиса влезе во собата и ја затекна својата братучетка со солзи.
– Нешто не е во ред, Алисиња? Зарем не си среќна?
– Среќна? Јас сум најсреќната жена на светот, Елиса, – саркастично и одговори.
– И зошто не си во твојата нова спална соба?
– Бидејки нема да спијам со твојот брат. Не го поднесувам.
– Анибал?
– Сношти ме силуваше, Елиса, – со стегнато грло и се исповеда, како да се срами од истото. – Се чуствувам валкано, достојно за презир…
– Но, Алисиња, тој ти е сопруг.
– Нашиот брак е фарса, Елиса. Никогаш нема да чуствувам ништо за твојот брат.
– Ќе видиш дека со време ќе се вљубиш во него. Анибал е згоден, убав, образован…Секоја жена би била среќна со него.
– Не и јас.
– Не можеш да бидеш толку сигурна.
– Зарем не разбираш, Елиса? Јас никогаш не сум имала чуства, ниту ќе имам за некој маж. Мене ме привлекуваат жени.
Елиса остана со подотворена уста.
Естер слезе во библиотеката по книга, кога забележа како Фаусто ја полни пушката со муниција. И се заледи крвта и прва асоцијација која и падна на ум е дека сака да го убие Енцо.
– Што правиш со оружјето?
– Ќе излезам со момците. Имам нерешена работа.
– Се работи за Енцо?
– Тоа не е твој проблем.
– Те молам немој да правиш лудост.
– Со кого мислиш дека разговараш, Естер? , – ја праша дрско пред да ја напушти просторијата,
– Фаусто…
– Што сакаш?
– Мислев дека свадбата на Анибал и Алисиња ќе се одложи. Зошто се се случи толку набрзина?
– Бидејки мораше да се случи, – и одговори кратко и излезе од библиотеката.
Антониета стоеше настрана и гледаше како Антенор си ги извршува дневните обрски во шталата. Со своите мускулести раце го префрлаше сеното од едно на друго место, додека потта му ја лепеше ленената кошула за телото. Со ракавот ја избриша потта од своето чело кога ја забележа неа како стои на одредена далечина.
– Антониета, колку време стоиш тука?
– Кога завршуваш со работа, Антенор? Сакам да те видам…насамо.
– Не можам сега.
– Зошто не?
– Газдата ми даде еден куп обрски кои морам да ги завршам до вечер.
– Газдата излезе.
– Да, но ќе се врати.
– Имаме време додека да се врати.
– Да одуздам еден коњ тогаш.
– Не, Антенор. Нема да одиме далеку.
Што ли наумила, се прашуваше гледајки ги нејзините мистериозни очи.
Антенор не можеше да поверува каде го доведе Антониета. Ја отвори вратата од собата и го пушти да влезе, пред да ги врати клучевите на ременот околу половината.
– Но, ова е собата на газдата, – се побуни. Белки Антониета не мислеше тука да имаат односи?!
– Да, – потврди таа и почна да се слекува. – Не туку стои како кип, Антенор. Немаме време.
Тој ја слече кошулата додека таа се трљаше како маче кое преде на постелата на Фаусто. Никој од нив не можеше ни да навести дека под креветот се крие Кристина, која претходно чепкаше по собата, од чисто љубопитство и мораше да се засолни негде кога слушна гласови. Додека креветот се нишаше, Кристина немо се кикотеше…
Енцо сечеше дрва под една палмова сенка, кога слушна брефтање на коњ. Го заврте погледот и ја остави пилата.
– Барате нешто, дон Фаусто?
– Не, не барам ништо, само вршам обиколка на мојата земја, – надмено одговори тој, кружејки на својот коњ околу Енцо.
– Ова не е ваша земја. Не знам зошто не ви влегува во глава.
– Нема уште долго да бидеш тука, Анџели.
– Дали ми се заканувате, дон Фаусто?
– Не, само дојдов да те предупредам. Од каде ти е тој алат?
– Не е ваш проблем.
– Се што се случува на оваа земја е мој проблем. Само да дознаам кој ти помага скапо ќе плати, дали сум јасен?
Антониета ги затвори очите и почна да пупшта крици на задоволство. Со затворени очи можеше да се препушти на својата имагинација и да си замислува дека телото на кое му припаѓа е телото на Фаусто Кастењон.
– Фаусто, – изговори во екстаза.
– Каде е?, – исплашено праша Антенор, мислејки дека газдата доаѓа.
– Замолчи, Антенор, – го замолче таа, спуштајки ги своите усни преку неговите.
– Што значи ова?, – запрепастено праша Естер која неочекувано влезе во собата.
Двајцата љубовници беа фатени на дело. Антониета ги прекри градите со своите раце, додека Антенор го повлече чаршавот преку своето тело.
– Естер…
– Доња Естер…
– Естер, дозволи ми да ти објаснам.
– Не можам да поверувам што гледам.
Кристина не можеше да престане да се кикоти под креветот. Ова беше најголемата забава која со денови ја немаше доживеано.
– Антенор, како не ти е срам да ја изневеруваш твојата кутра жена која работи под ист кров?, – Естер беше шокирана.
– Не е моја вина, доња. Правам само што ќе ми каже Антониета, – одговори Антенор во своја одбрана.
– Но, како е можно да го правите тоа тука, во собата на Фаусто?
– Естер, знам дека погршив, но дозволи ми да ти објаснам.
– Што имаш да ми објасниш, Антониета?
– Се сеќаваш кога еднаш ти кажав дека сум вљубена во забранет маж?
– Да, се сеќавам, – потврди Естер.
– Тој забранет маж е Антенор.
Антенор со недоверба погледна во неа.
– Вљубена си во мене?, – ја праша.
– Но тоа не е никакво оправдание, – додаде Естер.
– Те молам, Естер имај милост. Добро знаеш дека ако ме истераат немам каде да одам.
Енцо ја фрли пилата на земја. Му беше смачено од константните закани на Фаусто.
– Престанете да ми се заканувате, дон Фаусто!
– Само сакам да си одиш одовде, италијанецу. Ти не си роден за да бидеш господар на оваа земја. Единствен Госпдар овде сум јас!
– Судбината сакала нештата да бидат поинакви.
– Нема да постигнеш ништо со твојот инает. Јас ќе се погрижам твојот престој на Темпестад да се претвори во пекол.
– Кога само би можел да ве чуе вашиот татко, би се превртел во гроб.
– Не го спомнувај името на мојот татко, копиле!
– Вашиот татко направил правдина кога и ја препишал оваа земја на мојата мајка.
– Јас немам намера да ти ја оставам мојата земја. Можеби татко ми сакал да ти ја даде поради икс причини, но тоа било пред многу години, сега јас немам намера да го делам Темпестад. Подобро замини одвде ако не сакаш твојата фамилија да страда, Анџели!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет