Луз Марија не може да поверува во она што го слуша од устата на Густаво. Му вели дека е готово меѓу нив и дека следното утро ќе прати човек да и ги земе работите од неговиот стан.
Диего не знае зошто Сесилија ја обвинува Анхелес за проблемите кои таа ги имаше со Хаиме. Тогаш Сеси му признава на својот брат што се строила нивната сестра за да ги раздели.
Ракел го известува Густаво дека заминува од болницата со лажен изговор дека нејзината сестра е тешко болна во Монтереј и дека и е неопходна нејзина грижа. Ракел заминува од клиниката исплашена од заканите на Октавио.
Трини го прашува својот љубовник Октавио дали ја сакал Сесилија. Тој искрено и одговара дека бил со Сесилија само да и наштети на Лусија.
Алберто бара совет од својот пријател Хулијан како да ја поврати Нати бидејки сфатил дека таа е жената на неговиот живот.
Лусија добива неочекуван документ на своето биро во клиниката. Густаво и го предава своето отказно решение информирајки ја дека не може да работи на исто место со жената која ја љуби а која не му возвратува на чувствата.
Анхелес ја користи ситауцијата што Хоакин е сам во станот и одглумува секси сцена со цел да ја види гола. Анхелес иако ликува во себе поради реакцијата на Хоакин, го замолува да не и кажува ништо на Естер за случувањето.
Ракел ја известува Лусија дека заминува од клиниката а притоа ја предупредува да внимава на Октавио Валдерама.
Густаво ја известува својата тетка Мирјам дека решил да даде отказ од клиниката бидејки сфатил дека никогаш нема да може да биде со жената која ја љуби.
Алберто и бара нова шанса на Нати но таа одбива да го прими.
Мирјам доаѓа кај Лусија и ја прашува зошто упорно одбива да биде со нејзиниот внук. Тогаш Лусија отворено и признава дека Густаво заслужува жена која може да му роди деца, нешто што таа не е во физичка состојба да му го исполни.
Денови подцна…
Густаво потпишува договор за работа во новоотворената клиника “Aqua Viva”.
Подоцна на ручек ја известува својата тетка дека нашол нова работа, а Мирјам му ја кажува вистинската причина зошто Лусија одбива да биде со него. Обземен со среќа дека Лусија го љуби, Густаво истрчува од ресторанот и доаѓа во клиниката да и каже на Лусија дека ја љуби без разлика на се. Лусија не може да ги сокрие силните чувства и му ја признава својата љубов. Разговорот го крунисуваат со страсен бакнеж.
Октавио и пшризнава на Трини дека ги купил акциите од Ферер и дека големи се шансите да стане новиот претседател на клиниката. Трини му признава дека ја има сета нејзина подршка и додека страсно се бакнуваат ги начекува Лусија.
Лусија ја предупредува својата сестра да не се опушта со Октавио бидејки не е човек од доверба. Трини одбива да го прифати советот на својата сестра и и префрла одново што и го одзела саканио т Игнасио.
И покрај жолчната расправија со Трини, Лусија е пресреќна што се помирила со Густаво и таквата среќа ја споделува со Чоле. Меѓу другото и признава на својата верна домарка дека Трини се гледа со Октавио.
Хулија, мајката на Дарио ја посетува Анхелес и бара од неа да му даде развод на нејзиниот син без да прават проблеми.
Лусија ја посетува Нати откако по неколку дневно избегнување, адвокатакта одбива да се види со пријателката.
Нати и признава на Лусија дека Алберто е вљубен во неа, а Лусија и се колне во своите деца дека никогаш немала ништо со него.
Октавио и Трини наздравуваат за престојниот успех што ќе успеат да ја симнат Лусија од тронот на клиниката.
продолжува