Алис го заврте својот грб кон сонцето кое заоѓаше. Небото беше црвено, а сонцето умираше, завршуваше уште еден ден. Пеоните, испотени од работата на поле, се враќаа кон своите куќи, а таа стоеше тука, како загубена на бескрајната пампа, под црвеното небо несвесна што ќе донесе новиот ден. Се сети на својот татко и помисли што би било кога тој би бил жив. Сигурно ќе живееа некаде во Париз и немаше да размислува каде ќе легне следната вечер. Беше толку далеку од животот кој го сакаше, далеку од Париз и Рим, далеку од елегантните бродови, далеку од чајанките и фустаните од каталог. Кога се врати назад во колибата, Енцо имаше запалено оган во дворчето и вртеше неколку пченки на жарот. Ноќте веќе беше длабоко навлзезена, па седна крај него и молчешкум запали цигара. Енцо како да не и обрнуваше внимание. Тој живееше во своите мсили, таа во своите.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 47 – „Акасија во нова посета“
Алис го заврте својот грб кон сонцето кое заоѓаше. Небото беше црвено, а сонцето умираше, завршуваше уште еден ден. Пеоните, испотени од работата на поле, се враќаа кон своите куќи, а таа стоеше тука, како загубена на бескрајната пампа, под црвеното небо несвесна што ќе донесе новиот ден. Се сети на својот татко и помисли што би било кога тој би бил жив. Сигурно ќе живееа некаде во Париз и немаше да размислува каде ќе легне следната вечер. Беше толку далеку од животот кој го сакаше, далеку од Париз и Рим, далеку од елегантните бродови, далеку од чајанките и фустаните од каталог. Кога се врати назад во колибата, Енцо имаше запалено оган во дворчето и вртеше неколку пченки на жарот. Ноќте веќе беше длабоко навлзезена, па седна крај него и молчешкум запали цигара. Енцо како да не и обрнуваше внимание. Тој живееше во своите мсили, таа во своите.
Но, повеќе не беа сами. Од далечина се слушна топот на коњски потковици, звук кој стануваше се поблизок. Доаѓаше од пампата, но беше темно и не можеше убаво да се види кој е. Алис за момент помисли дека ја бараат, дека нема излез и дека ќе биде вратена на фазедната, назад кај својот сопруг од кој и се гадеше. Слабата месечева светлина покажа црн пастув пред нивните очи и вита, женска појава со црн мантил и качулка на животното.
– Која е оваа жена, Енцо?, – Алис праша.
– Што бараш повторно тука?, – Енцо ја праша жената на коњот со дрзок глас.
Кристина одлучи да и помогне на својата внука, откако Моналиса и се пожали за начинот на кој ја третира Рикардо.
– Тетко, дали си сигурна дека ова е најдобриот начин?, – исплашено праша Моналиса, стравувајки дека предлогот на Кристина можеби е претеран.
– Ако тоа момче сака војна, војна ќе има, – додаде Кристина, поправајки го деколтето на својата внука.
Моналиса го зеде послужавникот со чај и се упати кон спратот кон собата на Рикардо.
– Ти го донесов бараниот чај, – навести девојката откако влезе во собата. Го спушпти послужавникот на масичето. Рикардо широко ги отвори своите очи кога виде како градите на девојката практично наѕираат од широкото деколте.
– Моналиса…Само сакам да знаеш дека сум ти лут за она од денес.
– Ти си ми лут?
– Да, јас…Моналиса, морам да ти признаам дека вечерва изгледаш…Спектакуларно!
– Навистина?, – праша девојката, уште повеќе исправувајки го својот граден кош.
– Ах, Моналиса, – посегна по неа, но таа направи чекор наназад.
– Моналиса, остани со мене вечрва.
– Не!, – одговори кратко, но јасно. И ја напушти собата.
Рикардо го подигна чаршавот. Чуствуваше оган во меѓуножјето. Остануваше само да се самозадоволува, мислејки на неа.
Неколкуте запалени свеќи и фенери во дневната соба на фазендата ги осветлуваа загрижените лица на Лукреција и Естер. Фаусто наполни две чашки со шери. Иако не дозволуваше жените да пијат, ова беше посебна прилика, каде што алкохолот можеше да им ги смири нервите.
– Каде ли е Алисиња, сега?, – Естер праша гласно, држејки ја Лукреција на своето рамо.
– Почнувам да мислам дека доживеала несреќа, – говореше мајчиниот страв.
– Тоа е најдоброто нешто што можело да ни се случи, – без милост рече Фаусто.
– Како можеш да кажеш нешто такво, Фаусто?, – извика Лукреција.
– Подобро Алис да умрела во несреќа, отколку да избие скандал дека сопругата на мојот син го напупштила домот.
– Ќе видиш дека Алисиња ќе се врати, – Естер ја тешеше својата роднина. – Само и треба време да размисли.
– Естер, – повторно се замеша Фаусто. – Луѓето со мозок само можат да размислуваат. А таа девојка нема мозок.
Се слушнаа чекори по стариот, бродски под, па тројцата станаа од софата надевајки се на новост. Анибал влезе во салонот, вадејки ја шапката од својата глава.
– Што се случи, синко? Има ли новости?, – прв праша Фаусто.
– Ништо.
– Но, зарем ја проголтало земја? Што се замсилува таа девојка?, – беснееше Фаусто.
– Татко…Јас ја преземам целата вина за ова што се случи, – рече Анибал.
– Ти?
– Да, јас.
– Зошто зборуваш така?, – го праша Естер.
– Бидејки Алис дозна дека љубам друга жена.
Лукреција имаше чуство дека ја губи својата рамнотежа.
Додека борот догоруваше во логорскиот оган, Алисиња и Енцо гледаа во дамата на коњот, чиј лик не се гледаше, но беше повеќе од јасно за што е дојдена.
– Оди си!, – и се закани Енцо. Добро знаеше која е и што сака. – Оди си одовде!
– Не ја терај, Енцо, сакам да видам која е, – љубопитноста на Алис беше послина од неа. Конечно со свои очи се увери дека легендата е вистинита. Дека жената на црн коњ навистина постои. Дека Акасија не е само во главата на мештаните.Направи чекор кон пастувот, но животното се подигна на своите две задни нозе, отурнувајки ја Алис од својата Газдарица.
Алис падна на земја, па Енцо и пријде во помош. Дамата ги подигна уздите на својот коњ и се врати назад по истиот пат по кој и беше дојдена.
– Нема сомнеж…Акасија навистина постои, – рече Алис со неверување на она што го виде.
– Не сакам никој да знае дека била тука. Дали сум јасен?
– Зошто? Бидејки си бил со неа?
– Не биди љубопитна, Алисиња и влези дома, станува ладно.
Лукреција немо гледаше во Анибал. Само се молеше да не го изговори нејзиното име. Естер и Фаусто запрепастено гледаа во својот син, чекајки објаснување за кажаното.
– Што сакаш да кажеш со тоа? , – Фаусто пријде до својот син.
– Сега разбирам зошто си заминала, – додаде Естер.
– Тоа ли е она што сакаше да ми го кажеш, Лукреција?,- ја праша Фаусто.
– Не, јас не знаев…
– Не знаеше?, – повтори Анибал по неа.
– Не,- потенцираше Лукреција, ставајки му до знаење дека треба да молчи. Дека не е време. – Од каде би знаела јас?
– Кутрата моја внука, сигурно се чуствува лошо, – воздивна Естер.
– Дали ја познаваме таа друга жена?, – Фаусто инсистираше на име.
– Не, – кратко одговори Анибал.
Лукреција конечно дојде до здив.
– Анибал, мораш да ја заборавиш таа жена и комплетно да и се посветиш на својата сопруга!
– Жалам, татко…Навистина не знам како дојде до тоа…Едноставно се случи.
– Колку време ја познаваш таа жена?
– Малку.
– И дали ти е возвратена таа љубов?
– Не верувам, – одговори Анибал, гледајки во Лукреција.
– Ова е нечуено, никогаш не би помисли дека би можело да дојде до вакво нешто, – беснееше Фаусто.
– Татко, ти ветувам дека ќе ја заборавам таа жена, која не ми ја возвраќа љубовта и згора на се…постара е.
– Постара?, – крикна Естер.
– Како? Мојот син вљубен во стара? Излегувај до собава, Анибал! Излегувај!, – Фаусто со прст му ја покажа вратата.
Без збор и со спуштена глава, Анибал го послуша својот татко.
– Ова е нечуено! Каков син си израснала, Естер?
Фаусто не можеше да издржи повеќе, па со брзи чекори ја напушти просторијата.
Излезе на тремот и запали цигара. Длабоко повлече дим кој малку го смири. Ноќта беше млада, а светулките танцуваа во двориштето. Слушна некаков звук, па чекори по крцкавиот под…
– Кој има таму?, – праша вртејки го погледот. Се што успеа да види беше пушка вперена кон неговото тело. И истрел. Падна на подот, додека крвта ја поцрвене неговата бела кошула.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет