Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #48 |Alevosía

Предавство, епизода #48 |Alevosía

 

За време на вечерата во домот на Густаво, Мирјам и Габино добиваат телефонски повик дека нивната винарија е во пламен.

Трини и признава на својата сакана внука Анхелес дека се гледа со постар маж, кој е ни помалку ни повеќе татко на Дарио и Моника. Анхелес ја прашува својат аттека дали го сака Андрес како што го сакала нејзиниот татко, на што Трини одговара;

–          Никој нема да сакам како твојот татко. Тој беше првиот и последен маж кој вистински ќе го сакам во животот. Со Алваро сум само од интерес.

Густаво, Рубен, Мирјам и Габино доаѓаат во близина на винаријата, кога веќе е предоцна и се е претворено во пепел. Мирјам и Габино се неутешни бидејки преку ноќ загубија се за што работеле целиот свој живот.

Во вилата на Лусија, Андрес и Чоле разговараат за Игнасио и Андрес и признава на домарката колку секогаш бил различен од својот брат близнак.

Анхелес е  решена да ги раздели Хоакин и Естер по секоја цена. Доаѓа во неговоиот бар да прослави откако Раул ќе и каже дека завршил работа со винаријата. Од чантата ќе извади екстаза пилула и ќе ја стави во коњакот на Хоакин. По кратко Хоакин ќе почне да се слекува и препотува, а Анхелес ќе ја искористи ситуацијата и ќе го одведе во тоалетот каде што оралноќе го задоволи, притоа правејки фотографија на мобилниот телефон.

За време на својот разговор, Мирјам и Рубен се сеќаваат дека некогаш одамна биле верени, но дека Рубен на крајот се одлучил за Маргарита, сестрата на Мирјам и мајката на Густаво.

Хоакин му се жали на својот пријател Густаво дека ја изневерил Естер со Анхелес. Густаво го советува да и признае самиот на Естер пред Анхелес да го стори тоа.

Анхелес и признава на својата тетка дека сеуште е вљубена во Густаво и дека е способна дас направи се за него.  И признава дека наредила да се запали винаријата на Мирјам и Габино.

Густаво е бесен кога ќе дојде во домот на Лусија и ќе дознае дека таа живее со Алваро, братот на Игнасио. Густаво и префрла на Лусија зошто не му кажала ништо за тоа и прави љубоморна сцена. Лусија го смирува велејки му дека тој е единствениот човек за неа.

Трини бара начин како да и стави до знаење на Моника дека се гледа со енјзиниот татко и ја користи својата Фејсбук страна каде што ќе објави заедничка фотографија со неа и Алваро.

Хулија разговара со својот син Дарио дека се сомнева дека неговиот татко, нејзиниот маж се гледа со друга жена.

Алваро и признавана Лусија дека нема да се смири се додека не дознае кој го убил неговиот брат. Ја прашува дали таа се сомнева во некого, и Лусија му признава дека уште од првиот ден се сомнева во Октавио.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!