Тоа претпладне, Алис го посети Фаусто во неговата соба. Раката му беше преврзана, а бојата полека му се враќаше на лицето.
– Дојде да видиш дали има резултати од тоа што го стори?, – ја праша цинично.
– Молам?
– Не знам дали беше ти таа која пукаше во мене, но се колнам дека ќе дознаам и нема да остане на ова. Со живот ќе плати тој што се обиде да ме убие.
– Дојдов да ти донесам радосна вест, свекоре. Зборував со Анибал…
– Се надевам дека мојот син нема милост кон тебе, откако го напушти без збор.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 49 – „Признание“
Тоа претпладне, Алис го посети Фаусто во неговата соба. Раката му беше преврзана, а бојата полека му се враќаше на лицето.
– Дојде да видиш дали има резултати од тоа што го стори?, – ја праша цинично.
– Молам?
– Не знам дали беше ти таа која пукаше во мене, но се колнам дека ќе дознаам и нема да остане на ова. Со живот ќе плати тој што се обиде да ме убие.
– Дојдов да ти донесам радосна вест, свекоре. Зборував со Анибал…
– Се надевам дека мојот син нема милост кон тебе, откако го напушти без збор.
– Анибал е добра личност. Не е тиранин како тебе.
– Што сакаш да кажеш со тоа, Алис?
– Ништо, само тоа. Дојдов да ти го разубавам денот, Анибал и јас нема да се разведеме, – додаде девојката и ја напушти собата. На бесното лице на Фаусто се развлече блага насмевка.
Естер одвај можеше да дојде при себе. Рикардо ја изблече својата рака од под суќната на Кристина и го спушти својот поглед. Беше слична ситуација кога како мал Естер ќе го фатеше како краде колачиња од креденецот пред вечерата. Само што овој пат неговите раце не беа во теглата со колачиња.
– Што значи ова, Рикардо?
– Зборував со Кристина, мајко.
– Зборуваше?
– Јас не го побарав, самиот си дојде, – во своја одбрана рече Кристина.
– Ти си безобразна, Кристина! Уште кога дојде на фазендата знаев дека ќе донесеш невоља. Сигурна сум дека си го предизвикала мојот син.
– Јас не го предизвикав.
– Кристина ја кажува вистината мајко. Јас бев тој кој што ја побара.
– Како можеш да кажеш нешто такво?, – Естер се згрозуваше и од самата помисла.
– Мамо со сета должна почит, но ние мажите имаме потреби.
– Ти не си ни маж, Рикардо. Не си ни полнолетен.
– Тоа не ме издвојува од останатите обични смртници.
– Ве молам, доња Естер, немојте да му кажете на Господарот, – ја замоли Кристина.
– Не знам што ќе правам, но и двајцата знаете дека ова е сериозно. Ако Фаусто дознае, повеќе нема да бидеш тука, Кристина.
Загрижена за својот брат, Марија Грација го посети Енцо во колибата, носејки му посебно зготвена чорба само за него.
– Не требало да доаѓаш, сорела, не сакам да те видам како се искрадуваш и ми носиш јадење.
– Многу сум загрижена за тебе, Енцо.
– Нема потреба да се грижиш, – ја смири тој, милувајки ја нејзината црна кадрава коса. – Само треба да се чуваш.
Ја зеде во прегратка. Веќе во следниот момент се слушна како силен ветер да ја отвори вратата. Но, не беше ветер. Беше Антенор.
– Значи ти си таа која го изневерува Господарот!, – извика пред својата сопруга, откако ја следеше целиот пат од фазендата до колибата. – Како не ти е грев да ја гризеш раката која те храни?
– Внимавај како разговараш со мојата сорела, маледито! Не заборавај дека си на моја земја сега, затоа внимавај за да не те исфрлам на клоци.
– Оваа земја никогаш нема да биде твоја. Фаусто Кастењон е единствен Господар на оваа земја.
– Зошто толку верно му служиш на Госпдарот, Антенор? Што ти дава што толку слепо му служиш?
– Ми дава кров над главата и јас и мојата фамилија не легнуваме со празен стомак.
– И тоа ти е доволно?, – Енцо цинично го праша својот зет. – И што ќе и оставиш на твојата ќерка кога ќе бидеш стар и неспособен за работа?
– Не си го губи времето, фратело, овој проклет пијаница никогаш нема да те разбере! Роден е само за невољи.
– Внимавај што зборуваш, жено, – Антенор грубо и ја зеде ракта.
– Остави ја мојата сорела или ќе имаш проблеми со мене!, – заржа Енцо како диво животно кое си го брани својот плен.
– Марија Грација е моја жена и немаш право да се мешаш.
– Марија Грација е моја сестра, mia sorella, моја крв и тоа не може да го промени никој.
– Тоа што мајка ти се проституирала со Газдата за да и остави парче земја, не те прави ништо повеќе од мене, италијанецу!
Тоа беше капката која ја прели чашата. Со двете цврсти раце, Енцо го грабна Антенор и го заби своето колено во неговото лице. Од устата на Антенор протече крв, но тоа не направи Енцо да се смири. Напротив, го претепа крвнички и немилосрдно, на клоци истерувајки го од својот дом.
По разговорот кој го имаше со Алис, Фаусто го побара Анибал во својата соба. Сеуште беше врзан за кревет, но тоа не го спречуваше да си го каже своето мислење.
– Сакам да бидеш внимателен со таа жена, Анибал!
– Да, татко, веќе разговарав со Алис и разјаснивме…
– Изгледа дека не ме разбираш. На таа жена и е потребна соодветна казна. Понекогаш, синко, ние мажите мораме со сила да ја искажеме нашата доминантност.
– Со сила? Јас би сакал поинаку да се справам со неа, татко.
– Таа жена мора да разбере дека е сопруга на Кастењон. Во спротивно, ти ќе бидеш тој кој ќе ги сноси последиците.
– Да, татко…
– А што се однесува до онаа жена во која си наводно вљубен, замени ја за курва. Курвите се идеални. Можеш да ја видиш кога сакаш, и не бара ништо повеќе од цената која треба да и се плати. Не сакам веќе да слушнам за таа постара жена која наводно ја љубиш. Тоа е скандал а оваа фамилија не смее да има скандали, јасно?!
Анибал само потврдно кимна со главата.
Кристина ја сервираше трпезариската маса, кога во просторијата влезе Рикардо. Се искраде како крадец во ноќта и ја прегрна околу половината.
– Жалам што денеска немавме можност да бидеме заедно.
– Сакаш ли да ме истераат од работа? Те молам остави ме да работам.
– Признај дека имаш желба, дека гориш како и јас, – додаде тој барајки ја нејзината града.
– Тогаш ти препорачувам да си ја послужиш раката бидејки од мене нема да добиеш ништо.
– Но, Кристина, здодевно е кога тоа се прави со рака.
– Тоа не е мој проблем, – одговори таа и продолжи да ја сервира масата.
– Кристина, – додаде тој, посегнувајки во својот џеб од каде што извлече грст пари. – Подготвен сум да ти ја дадам целата моја заштеда. По вечерата, кога сите ќе заспијат, ќе те чекам во мојата соба. Те молам, Кристина, не гледаш дека горам.
Кристина не можеше да го тргне погледот од парите кои ја примамуваа.
Кога се вратија назад во бараката, со студени облоги и чај од камилица, Марија Грација ги смируваше раните на телото и лицето на својот сопруг. Беше свесна дека тоа го доби заслужено, но не можеше да го остави да заспие во бол.
– Внимавај, – знаеше да рече Антенор кога ќе го здоболеше.
– Биди мирен!, – му заповеда таа држејки го за брадата.
– Признај дека сакаш да ме гледаш како страдам…
– Ни самиот не си свесен колку, – потврди таа, исцедувајки ја крпата во легенот. – Ти кажав да не си ја бараш бељата онаму каде што не ти е место. Енцо е мој брат, и не сакам ништо лошо да му се случи.
– Толку многу го сакаш? Толку го сакаш што би убила за него?
Таа не одговори ништо.
– Не знам за што зборуваш.
– Сношти те видов кога се искраде од бараката пред полноќ. Посегна по ловечката пушка на ѕидот и замина кон фазендата. Те видов со свои очи, Марија Грација. Ти го рани господарот!
Таа нервозно го подигна легенот и ја истури водата во одводот. Антенор стана од софата и пријде до неа. Ја зеде нејзината рака и ја заврте кон себе.
– Признај дека ти пукаше во Фаусто.
– Требаше да целам подобро, – одговори таа. – Требаше да се уверам дека е мртов, – додаде.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет