Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #49 |Alevosía

Предавство, епизода #49 |Alevosía

 

 

Во еден од разговорите со Андрес, Тринидад почнува да се сомнева дека Андрес ја истражува смртта на Игнасио и веднаш го известува Октавио.

На разговор со својата пријателка и адвокатка, Лусија и признава на Нати дека почнува да се сомнева во своите чувства за Густаво бидејки се повеќе и се допаѓа поврзаноста која ја има со  Андрес. Нати ја советува својата пријателка да помине повеќе време со Густаво, да заминат некаде на викенд за да биде сигурна дали чувствата се исти како порано.

По пожарот, Габино ја известува својата сопруга Мирјам дека загубиле се што имале, дека осигурителната компанија ќе има врати само дел од парите.

Алберто ја известува Нати дека не може да мине ден без неа и ја замолува да се одлучи што побрзо да ги започант подготовките за венчавката.

Нешто подоцна, Нати ја известува Лусија дека ќе се мажи за Алберто и ја замолува да и биде кума на венчавката, што Лусија со полно срце прифаќа.

Алваро ја кани Трини да појде со него во Лас Вегас поради бизнис патување и таа радо прифаќа да го придружува својот љубовник.

Лусија доаѓа од псоделниот преглед каде што дознава дека ракот е комплетно повлечен. Алваро е оној кој што прв ќе и честита и ќе ја ргрне силно во мигот кога во вилата ќе дојде Густаво со букет цвеќе за да и честита на саканата. Обземен со љубомора, Густаво го фрла букетот на подот и не се ни појавува пред Лусија.

Трини му се пожалува на Октавио дека се сомнева дека Андрес пишува роман за тајните на фамилијата.

Следејки го советот на својот пријател, Хоакин и признава на Естер дека имал сексуален чин со Анхелес. Естер бесна му удира шлаканица и му вели дека не сака никогаш да го види. Заминува од ново изнајмениот стан и се враќа во куќата кај своите родители.

Густаво бара од Анхелес да разговара со Естер и да ги смири со Хоакин бидејки само така ќе му докаже дека се менува како што тврди.

Лусија се повеќе време мисли на Андрес и и признава на Чоле колку нејзииот живот би бил поинаков да се вљубела во него наместо во Игнасио.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!