Почетна / МК Сцена / 50.000 евра казна за Рубин Благадуша – Езел

50.000 евра казна за Рубин Благадуша – Езел

 

Популарниот „позајмувач“ на музика од турски серии си заработи дебела казна од 50.000 евра за кражба на музиката од серијата „Езел“, јавува Естрада Плус.

Наводно, Рубин досега има украдено три турски музички парчиња. Едната е онаа од „Езел“ за којашто во Турција веќе дознаа и реагираа, но тој се послужи и со уште една особено популарна турска мелодија што Сител телевизија ја искористи за промоција на сериите „Лажната принцеза“ и „Под сенката на врбите“. Според коментарите на македонската јавност, овој пејач направил своја песна и со музиката од „Долина на волците“, но такво нешто ние сеуште не сме слушнале.

 

 

Рубин Благадуша за Естрада Плус изјавува дека е вистина оти го контактирале од Турција, но се е сведено на договор да македонскиот пејач следниот месец на Турците им исплати казна од 50.000 евра, со што мирно би се решил проблемот. Тој исто така се фали дека од последниот настап заработил дури 12.000 евра.

 

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!