Ве запознаваме со 50-те најпопуларни теленовели на сите времиња. Краток опис на теленовелата, со неколку податоци за истата. Уживајте!
23. Destilando Amor – Опиени од љубов
(Мексико, 2007)
Улоги: Angelica Rivera, Eduardo Yanez.
Базирана на колумбијската теленовела „Cafe con Aroma de Mujer“, овој пат адаптирана за мексиканската публика, кафето беше заменето за текила, а полињата со зелено злато за агава. Опиени од љубов беше најпопуларната теленовела во 2007. година и не само во Мексико, туку рушеше рекорди на гледаност насекаде низ светот. Финалето на Гавиота и Родриго Монталво е најгледаното финале на една теленовела прикажана во САД.
Јовица Крстевски | ТВ Пакет