Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (52. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (52. продолжение)

Марија Грација влезе во кујната со брдо остатоци од појадокот. Беше тргната да им ги даде на кучињата, кога ја забележа својата ќерка како стои покрај садоперот со голем и остар нож во раката, припеин за вените.
– Моналиса, – крикна на сиот глас, ги испушти чиниите и потрча кон својата ќерка. – Што правиш?
Девојката помина со врвот на сечилото по својата бела кожа која за секунда се отвори на половина и потече локва крв.
Марија Грација посегна по првата крпа која ја виде и ја замота околу раката на Моналиса. Ја притискаше долго за да го спречи крварењето.

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 52 – „Моналиса посегнува по својот живот“

 

Марија Грација влезе во кујната со брдо остатоци од појадокот. Беше тргната да им ги даде на кучињата, кога ја забележа својата ќерка како стои покрај садоперот со голем и остар нож во раката, припеин за вените.
– Моналиса, – крикна на сиот глас, ги испушти чиниите и потрча кон својата ќерка. – Што правиш?
Девојката помина со врвот на сечилото по својата бела кожа која за секунда се отвори на половина и потече локва крв.
Марија Грација посегна по првата крпа која ја виде и ја замота околу раката на Моналиса. Ја притискаше долго за да го спречи крварењето.
– Зошто го стори тоа, фиља?
– Пушти ме, пушти ме сакам да умрам, – низ солзи и агонија повторуваше девојката.
– Зошто? Кажи ми што се случило?, – Марија Грација ја праша нежно, доведувајки ја до масичката. Посегна по кутијата за прва помош и почна да ја преврзува свежата рана.
– Не сакам да живеам вака, мамо. Не сакам. Не сакам да живеам како тебе.
– Што се случило? Те повреди ли господин Рикардо? Те присили да спиете?, – беше првото нешто што и падна на ум.
– Не, – Моналиса вртеше со главата додека врели солзи и течеа по лицето. – Не беше господине Рикардо…Дон Фаусто…Дон Фаусто ме присили да го задоволувам, мајко!
Марија Грација остана парализирана. Грлото и стана суво и не можеше да каже ни збор.

Вооружани, Фаусто и Антенор дојаваа до колибата на Енцо, каде што италијанецот со своите луѓе се подготвуваше да замине кон реката во откопување по најденото злато.
– Ти наредувам да престанеш да го правиш тоа што си го наумил, проклет италијанецу!, – извика Фаусто, вперувајки го својот револвер кон Енцо.
– Што бараш ти тука?
– Ви наредувам на сите да ја напуштите оваа земја која е моја, – им нареди на селаните кои со алати беа подготвени да заминат кон реката.
– Зарем не го слушнавте газдата?, – повтори Антенор.
– Немој да си помислил да пукаш, Фаусто!, – го предупреди Енцо, но ваквиот дрзок тон уште повеќе го испровоцира. Го потегна чкрапалото и го рани Енцо во десната рака. Селаните притрчаа да му помогнат а Фаусто ги предупреди дека следниот пат нема да биде толку милозлив.
– Дали ја сфати сега пораката, Енцо?
– Никој никогаш не смее да го предизвика дон Фаусто Кастењон, – додаде Антенор.
Селаните се исплашија пред ваквите закани и се разбегаа за дел од секунда. Фаусто слезе од своето седло и зајадливо му рече на Енцо:
– Многу храбри луѓе си нашол за да работата за тебе, Анџели.
– Зошто го правиш пва, Фаусто?, – праша Енцо, лежејки на врелата земја, додека со левата ја држеше десната рака.
– Следниот пат нема да промашам, – се закани Господарот притиснувајки му ја раната со својата чизма. Енцо болно крикна колку што го држеше гласот.

Очите на Марија Грација беа со солзи. Крвави солзи од болната исповест на својата ќерка.
– Дон Фаусто… те присилил да го задоволиш?, – праша со суво грло, надевајки се дека погрешно разбрала.
– Да, прво ми рече да ја соблечам кошулата, ме гледаше и се допираше…потоа ме грабна и го раскопча шлицот. Тој човек е монструм, мајко.
– Малечка моја, – крикна Марија Грација и ја зеде својата ќерка во цврста прегратка. – Ти ветувам дека никогаш повеќе тој човек нема да те допре, мила.
– Не можев да му речам не, мајко. Ти ме учеше дека не смеам за ништо да го одбијам господарот.
Моналиса беше во право. Нејзините родители секогаш ја учеа да биде покорна пред Господарот, но ниту Марија Грација, ниту Антенор не помислуваа дека може до толку Фаусто да ги премине границите.
– Најважно од се е секогаш да бидеме заедно! Никогаш повеќе нема да те оставам насамо со него. Ако видиш дека ти приоѓа, побегни и дојди кај мене. Дали ме разбра?
Моналиса кимна со главата, додека Марија Грација и ги бришеше солзите од лицето.

Анибал легна до Алис на креветот, но таа изрипа како попарена.
– Те молам не ми приоѓај, Анибал!
– Ти си моја сопруга, Алис. Имам право да го барам ова од тебе.
– Путши ме, – девојката се бранеше како лавица.
– Татко сака внуци и јас морам да му ги дарам, Алис!
– Со мене сигурно нема да ги има, – беше јасна во својата намера.
– Ти си моја сопруга, која друга може да ми роди дете?
– Многу добро знаеш дека немаш право да го бараш тоа од мене, Анибал! Јас не сакам мажи, мене ме привлекуваат…
– Не, не, не, не го вели тоа.
– Жалам но ќе го повторувам додека не ти влезе во глава. Мене ми се допаѓаат жени!
– Зарем не ти се допаѓам ни малце?
– Да имаше понежен глас, да имаше гради наместо она што го чуствувам на мојот стомак ќе можевме да разговараме. Нека ти биде јасно дека не ми се допаѓаш и никогаш нема да ми се допаѓаш!

Елиса го свиреше Страдивари на пијаното во дневната соба. Естер седеше на софата и читаше роман, додека Антониета стоеше на страна и чекаше да не биде потребна од нешто.
– Носам лоши вести, – до трите жени допре гласот на Марија Грација кога влезе во дневната соба.
– Што се случило, Марија?, – крикна Естер.
– Дон Фаусто бил виден како вооружен заминал кон колибата на Енцо.
– Не, – крикна Елиса откако престана да свири на пијаното. – Знаев дека нешто лошо ќе се случи. Цело претпладне имам лошо претчуство.
– Бог да не даде да дојде до трагедија, – рече Марија Грација.
– Фаусто не е убиец, – се замеше и Антониета. – Како можеш така да го наклеветиш, Марија Грација?
– Марија Грација е само загрижена како и сите ние, – ја одбрани Естер.
– Не, јас не сум загрижена, – рече Антониета. – Јас слепо верувам во Фаусто.
Не помина ни краток молк, кога во просторијата влезе Фасуто. Жените го препознаа по неговиот тежок од.
– Што се случи, Фаусто?, – крикна Естер, приоѓајки му.
– Бев да му одржам лекција на Енцо.
– Што стори?
– Пукав во него, – одговори ладнокрвно.
– Како можеш да го кажеш тоа така мирно?, – избувна Елиса како лава. Се нафрли на својот татко и почна да го удира со сета сила.
– Како можеш вака да ми се обраќаш?, – ја праша Фаусто со висок тон, одбивајки ја од себе. – Естер, тргни ми ја од пред очи. Тргни ми ја пред да зажалам што се родила!
– Антониета, помогни ми да ја одведеме во собата, – Естер побара од домарката и двете жени ја зедоа девојката под рака.
– Што ме гледаш така?, – Фаусто ја праша Марија Грација која остана насамо со господарот. Го гледаше како тигрица, подготвена да го нападне.
– Не заборавајте дека Енцо ја носи вашата крв, газда.
– Никогаш немој да го повториш тоа, јасно?, – и рече грубо, притискајки ја за вратот.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!