Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (53. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (53. продолжение)

Марија Грација дотрча во кујната, ја симна кецелата од себе и го извести својот сопруг дека ќе оди да го посети својот брат.
– Да не си помислила да одиш таму, жено!, – извика Антенор, удирајки со тупаница по масата.
– Енцо ми е брат и морам да знам како е.
– И јас ќе дојдам со тебе, – рече Крситина.

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 53 – „Елиса се соочува со Фаусто“

 

Марија Грација дотрча во кујната, ја симна кецелата од себе и го извести својот сопруг дека ќе оди да го посети својот брат.
– Да не си помислила да одиш таму, жено!, – извика Антенор, удирајки со тупаница по масата.
– Енцо ми е брат и морам да знам како е.
– И јас ќе дојдам со тебе, – рече Крситина.
– Дали си свесна дека следната можеш да бидеш ти?, – ја праша Антенор.
– Оди и кажи му на твојот газда дека сум отишла да го видам мојот брат, сеедно ми е! , – додаде Марија Грација и заедно со Крситина излегоа од кујната.
– Зарем си способен да ја предадеш мајка пред господарот, татко?, – го праша Моналиса.
– Ти затвори ја таа твоја уста пред да ти ја измијам со сапун!
– Не можам да разберам како можеш толку да го браниш господарот?! Дон Фаусто е зол човек.
– Од каде сега ова? Зарем Господарот ти сторил нешто?
Моналиса одлучи да премолчи. Барем за сега.

Елиса шеташе нервозно низ собата. Лево десно, удирајки со чевлите по стариот дрвен под.
– Елиса престани да шеташ како во кафез ми одиш на нерви, – грубо ја прекори Естер. – Сигурна сум дека Енцо е добар.
– Ништо од ова немаше да се случи да не беше ти! Никогаш не требало да се загледаш во него. Ти си мажена жена со деца.
– Јас не сум виновна за тоа што е случило.
– Зарем мислиш дека татко е слеп и дека не се сомнева дека има нешто помеѓу тебе и Енцо?
– Не сум му дала никаков повод за сомнеж, – рече Естер во своја одбрана.
– Тогаш зошто си толку рамнодушна? Знам, имам претчуство дека татко еден ден ќе го убие Енцо. И ако тоа се случи ќе се убијам и јас бидејки мојот живот нема смисол без Енцо.
– Ќерко, контролирај се те молам.
– Ти се колнам дека сум способна на се ако му се случи нешто на Енцо.
Во осбата влезе Фаусто. Елиса погледна во својот татко со сиот насобран бес.
– Излегувај одовде, не сакам да те видам!
Естер беше шокирана од дрскоста на својата ќерка.
– Што и е на твојата ќерка, Естер? Зошто реагира вака?
– Елиса, во името на бога, смири се те молам, – Естер ја преколнуваше, стравувајки дека нештата можат да се влошат.
– Тој човек ми го спаси животот, како си можел да пукаш во него?, – Елиса беше несопирлива. – Ти си најзлобната личност која сум ја запознала!
– Како си дозволуаш така да ми се обраќаш?, – Фаусто посегна да ја удри, но Естер го спречи во намерата.
– Фаусто, те проколнувам остави ја, не знае што зборува.
– Остави ме, Естер! Пушти ме!
– Фаусто, Елиса е само вознемирена поради се што се случи.
– Зарем ти не си вознемирена, мајко?
Ја погледна својата ќерка која со зборовите ја пресече како најостар нож.
– Што сака Елиса да каже со тоа, Естер?
– И мајка е загрижена како и јас само што не сака да ти ја каже вистината, – Елиса продолжи да истура масло врз огнот.

Двете сестри како фурии дотрчаа во колибата на Енцо. Го затекнаа полусвесен, легнат на креветот, додека раната на раката обилно му крвареше. Марија Грација му ја расече кошулата покрај раната, погледна убаво и рече:
– Мораме да го извадиме куршумот. Кристина, оди загреј лонец со вода и стерилизрај еден нож.
– Марија Грација, каквов му е овој белег на Енцо?, – праша Кристина, пред да стане.
– Мадона миа, – крикна постарата сестра. – Белегот на Акасија.
– И каква врска има нашиот фратело со таа жена?
– Не знам. Немаме време за тоа. Оди и стори го тоа што ти реков, Кристина. Побрзај!

Фаусто погледна во својата сопруга. Естер беше немирна, стравувајки дека Елиса може премногу да го пушти јазикот.
– Што сакаше да каже твојата ќерка со тоа?
– Кажи му, мамо.
– Девојката е вон себе, зборува бесмислици, Фаусто не и обрнувај внимание.
– Кажи му ја вистината…
– Замолчи, Елиса!, – ја прекори дрско.
– Ако нешто треба да знам, сакам да ми кажете сега!, – инсистираше Фасуто.
– Нема потреба ништо да знаеш, те уверувам. Сега те молам, остави ме насамо со неа, – рече Естер.
Фаусто уште еднаш погледна во својата ќерка пред да ја напушти собата. Кога повторно останаа сами, Естер ја грабна Елиса за рамениците и низ стисната заби и рече:
– Никогаш повеќе да не си го кажала тоа, Елиса! Дали сум јасна? Никогаш повеќе!

Последната сончева светлина пред згаснувањето на денот продираше низ малиот прозорец во собата каде што сестрите Анџели се грижеа за својот брат, кој полека доаѓаше при себе откако успешно го извадија куршумот од неговата рака.
– Така е, Енцо, сега ќе ти биде многу подобро, – рече Крситина, откако Енцо ја допи и последната капка од пијалокот со лековити тревки.
– Како се чуствуваш?, – го праша Марија Грација.
– Што се случи, Енцо? Зошто те рани оној ѓавол?
– Бидејки Фаусто е научен да прави што сака со луѓето кои го опкружуваат.
– Дали си сигурен дека сето ова е само поради земјата, Енцо?, – праша Кристина.
– Остави го да одмори, – Марија Грација ја прекори.
– Прашувам само да знам дали е поради земјата или газдата знае дека Енцо има нешто со неговата сопруга?
– Што? Од каде оваа вештерка знае за твоето со госпоѓа Естер, Енцо?
– Ова не беше поради Естер, – рече Енцо и посегна по својот џеб. – Сакам да ви покажам нешто. Отвори го, Марија Грација.
И подаде бело шамивче, кое тежеше премногу за таа големина. Завиткано во шамивчето беше она парче злато кое ги заслепи очите на убавата италијанка.
– Опа! Што е ова, фратело?!
– Злато, – одговори Енцо низ насмевка.
– Злато?, – крикна Кристина и посгена по шамивчето.
– Го најдов во реката, – додаде нивниот брат. – затоа најдов група на мажи да ми помогнат да го ископаме. Сестри мои, ни збор за ова на Фасуто Кастењон. А сега е подобро да си одите, не сакам да му се роди сомнеж.
– Да, јас ќе одам бидејки скоро е време за вечера. Но, нека остане Кристина да не ти затреба нешто.
– Не е потребно.
– Не, јас нема да те оставам сам, Енцо, – инсистираше најмладата сестра.
Марија Грација го бакна својот брат во чело и замина од колибата, додека Кристина сеуште заслепено гледаше во необработеното злато кое го држеше во рацете.
– Ќе бидеме богати, Енцо, – крикна задоволно.
– Не знам, рано е да се надеваме, Кристина. Но, со Господ напред.

Хистеричниот плач на Елиса допре и до собата на Анибал. Стана од креветот и загрижено потрча по ходникот до собата на својата сестра, плашејки се дека и се случило нешто.
– Што се случило, Елиса?
– Пушти ме, пушти ме, не сакам да видам никого, -му одговори дрско и истрча од собата.
– Елиса! Елиса, застани! Елиса!
Потрча по неа. Девојката трчаше како без глава низ куќата, додека солзите лиеа од нејзините очи. Излезе на тремот кога Анибал кончено успеа да ја задржи со во своите раце.
– Пушти ме, Анибал, те молам пушти ме! Енцо!!!, – извика на сиот глас.
– Зошто го бараш тој човек, Елиса?
– Бидејки го љубам Енцо! Да, го љубам Енцо Анџели и сакам сиот свет да знае за тоа!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!