Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (54. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (54. продолжение)

 

Жермана Брага и Виторио Брага беа во брак повеќе од една деценија. Бог ги имаше лишено од правото да имаат дете се до минатата година кога Жермана по долги години брак остана бремена. Живееа скормен живот во Назаре. Тој се бореше да најде работа во малото место, но тешко успеваше да ги задржи истите.
Жермана ја изнесе подготвената вечера на тремот каде што Виторио седеше со својата малечка ќеркичка. До нив допре коњски топот и двајцата погледнаа. Од коњот слезе Антенор вооружен.
– Значи ти си човекот кој му помага на Енцо Анџели!?
Виторио исплашено застана пред својата ќерка и сопруга. Кога сношти ја прифати понудата од италијанецт да го пребараат златото во реката, не беше ни свесен дека истото ќе му донесе толку невољи.
– Имам порака за тебе од дон Фаусто Кастењон!
Еден истрел во градите беше доволен да го згасне животот на Виторио кој падна мртвов пред плачот на својата сакана сопруга и ќеркичка.

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 54 – „Алисиња ја уценува својата мајка“

 

Жермана Брага и Виторио Брага беа во брак повеќе од една деценија. Бог ги имаше лишено од правото да имаат дете се до минатата година кога Жермана по долги години брак остана бремена. Живееа скормен живот во Назаре. Тој се бореше да најде работа во малото место, но тешко успеваше да ги задржи истите.
Жермана ја изнесе подготвената вечера на тремот каде што Виторио седеше со својата малечка ќеркичка. До нив допре коњски топот и двајцата погледнаа. Од коњот слезе Антенор вооружен.
– Значи ти си човекот кој му помага на Енцо Анџели!?
Виторио исплашено застана пред својата ќерка и сопруга. Кога сношти ја прифати понудата од италијанецт да го пребараат златото во реката, не беше ни свесен дека истото ќе му донесе толку невољи.
– Имам порака за тебе од дон Фаусто Кастењон!
Еден истрел во градите беше доволен да го згасне животот на Виторио кој падна мртвов пред плачот на својата сакана сопруга и ќеркичка.

Естер потрча кон собата заедено со својот постар син и Елиса. Анибал беше шокиран од изјавата на својата сестра.
– Не можеш да бидеш сериозна, Елиса, – ја прекори кога ја затворија вратата од собата.
– Што се случи?, – праша Естер.
– Елиса вели дека е вљубена во Енцо Анџели. Дали ти знаеше за тоа, мајко?
– Твојата сестра не знаеш што зборува, Анибал.
– Секако дека знам што зборувам, – хистеријата не ја оставаше Елиса. – Го љубам повеќе од се на светот.
– Не е можно, замисли да дознае татко за тоа, Елиса.
– Не ми е важно! Го сакам Енцо!!!
– Анибал, помогни ми да ја одведеме до бањата, – рече Естер. Тоа беше првото нешто што и падна на памет.
Двајцата ја фатија под рака и ја одведоа до бањата. Естер ја наполни кадата со студена вода, додека Анибал ја држеше својата сестра која хистерично плачеше на сиот глас и се обидуваше да се ослободи од рацете на својот брат.
– Дали си сигурна дека ова е добра идеја, мајко?
– Хистеричен напад најдобро се смирува со ладна вода.
Ја спуштија во кадата со студена вода и Елиса за миг престана да плаче и да вреска. Шокот на променетата температура на телото беше преголем. Естер низ солзи гледаше во својата ќерка, свесна дека ова е само почеток на нејзините страдања.

Беше осум часот наутро кога Рикардо влезе во кујната каде што Моналиса месеше тесто за леб. Марија Грација замина да го види Енцо и ја задолжи својата ќерка за обврските. Зад себе, со едната рака Рикардо држеше букет со полски цветови кои ги имаше наберено само за убавата девојка.
– Како си, Моналиса?
– Не ми приоѓај, те молам.
– Ова е за тебе, – рече тој, подавајки и го букетот со цвеќе.
– Остави ме на мир, имам работа.
– Зарем не ти се допаѓа букетот, Моналиса?
– Не сакам цвеќиња, – му одговори дрско.
– Не биди таква, Моналиса, знам дека сакаш цвеќиња. Како може да не ги сакаш кога се убави како тебе?!
– Остави ги на масата.
Рикардо го забележа преврзаниот зглоб на раката на девојката.
– Што ти се случило, Моналиса?
– Ништо, се пресеков додека ги миев садовите, тоа е се. Сега остави ме…
– Дозволи ме да видам.
– Не ме допирај, – девојката извика грубо и истрча од кујната.

Антенор во детали го извести својот господар за мисијата која ја изврши минатата вечер. Фаусто удобно сместен на фотељата, го слушаше својот надзорник, кимајки со главата.
– Добро сторено, Антенор. Смртта на тој човек ќе биде добар знак за сите останати во селото дека не треба да работат за Енцо. Само се надевам дека твојата жена, ќерка и балдска не се на негова страна.
– Не, газда. Тие се секогаш на ваша страна.
– Се надевам дека е така. Оди сега.
– Дон Фаусто, пред да одам, сакав да ве прашам нешто.
– Што е?
– Се работи за мојата ќерка, Моналиса.
– Што со неа?
– Во последно време мојата малечка е многу чудна.
– Каква врска има тоа со мене?
– Простете што ќе ве прашам, дон, но Вие не би ја допреле, нели?
– Од каде сега тоа, Антенор?
– Ништо, само сакав да знам.
– Излегувај одовде! Излегувај!
– На ваша заповед, газда.

Лукреција запали цигара во својата соба и пријде до својата ќерка која седеше покрај прозоорецот и гледаше неодредено.
– Нештата секојдевно се се повеќе комплицирани на оваа хациедна.
– Искрено, сеедно ми е за тоа што се случува на оваа фазенда.
– Алисиња, те молам не биди наивна.
– Мамо, Анибал сака да имаме дете. Дали си свесна што значи тоа?
– Идејата е сигурно на Фаусто, – претпоставуваше Лукреција.
– Сеедно ми е чива била идејата. Јас не сакам да имам дете ниту со Анибал ниту со никого.
– Биди разумна. Јасно е дека фамилијата бара од Анибал да има дете од својата сопруга, од тебе во случајот.
– Разумна? Како можеш да го кажеш тоа мамо? Ништо во оваа куќа не е разумно.
– Бракот со Анибал е најразумното нешто кое може да и се случи на една девојка како тебе.
– Но јас не сакам да имам дете, мамо.
– Престани, Алис, не можам повеќе да те слушам. Ти не си единствената која има проблеми. Естер не е добро.
– Зошто? Фаусто дозна дека неговата женичка му е љубовница на Енцо Анџели?
– Алис, до бога, од каде знаеш ти за тоа?
– Ми кажа Елиса.
– Да не си помислила да кажеш некому. Фаусто е способен да ги убие и двајцата.
– Тогаш, ако го убедиш Анибал да заборави на идејата да има дете со мене, можам да премолчам. Во спортивно, способна сум на се!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!