Поминаа три ноќи откако го виде последен пат. Се прашуваше зошто не дојде пак како онаа вечер, да се искраде преку прозорецот за да ја види?! Мислите на Естер ги прекина кога некој затропа на вратата. Откако даде дозвола за влез, во собата се појави Антониета. Естер презирно ја погледна преку огледалото. Од онаа вечер практично немаа разменето ниту збор.
– Што ти треба?, – ја праша.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 58 – „Недоразбирање“
Поминаа три ноќи откако го виде последен пат. Се прашуваше зошто не дојде пак како онаа вечер, да се искраде преку прозорецот за да ја види?! Мислите на Естер ги прекина кога некој затропа на вратата. Откако даде дозвола за влез, во собата се појави Антониета. Естер презирно ја погледна преку огледалото. Од онаа вечер практично немаа разменето ниту збор.
– Што ти треба?, – ја праша.
– Естер, знам дека си ми лута поради она од пред некоја вечер, но сакам да знаеш дека тоа го сторив за твое добро. Енцо не е човек од доверба, Естер, те молам верувај ми. Ист е како неговите сестри.
– Тоа е се што сакаше да ми кажеш?, – гласот на Естер не престануваше да биде фригиден.
– Естер, ти си дел од мојата фамилија, моја должност е да те чувам и штитам. Те молам, верувај ми.
– Ти си овде дел од послугата и наместо да внимаваш на мене, подобро да гледаш да си ја зачуваш својата работа, – безмилосно и дофрли Естер. – Ако тоа е се што сакаше да ми кажеш, те молам замини.
– Не биди таква со мене.
– Остави ме сама!
– Кога ме фати со Антенор, ме предупреди и јас те послушав…Не знам зошто и ти не ме послушаш мене, – додаде Антониета и ја напушти собата.
Откако Моналиса влезе во собата на Рикардо и му исече мал прамен од косата, заедно со прамен од својата коса и ги даде на Крситина, која ги стави во едно шамивче.
– Тетка, дали си сигурна дека ова ќе успее?
– Зарем се сомневаш во моите вештерски способности, мила? Можеби ќе ми поверуваш кога момчето ќе падне пред тебе на колена.
– Само ќе треба дон Фаусто да ме прифати како снаа…Тоа ќе биде тешко.
– Не грижи се, тетка има и за тоа решение. Сега за сега љубовта кон тоа момче ќе ти донесе само убавини.
– Не знаеш колку сум возбудена, – крикна девојката. – Не знаеш колку сакам Рикардо да ме гледа како нешто повеќе од авантура.
– Моналиса, за ова никому ни збор, – ја предупреди Крситина.
Естер ја отклучи бравата од вратата во собата на својата ќерка и влезе внатре. Елиса сеуште во ноќница лежеше на креветот.
– Веќе е доцна а ти сеуште си во ноќница.
– Зошто да станам и да се облекувам кога и онака ќе го поминам целиот ден помеѓу овие четири ѕида?!
– Ако бидеш добра можеби и ќе бидеш пуштена од оваа соба.
– Ако бидам добра?, – дрско праша девојката. – Што значи да бидам добра, мајко? Да ти се покорувам тебе? Да ти го препуштам човекот кој го љубам?
– Како се осмелуваш така да не ме почитуваш?!
– Зарем не е вистина, драга мајко?, – отров и горчина имаше во зборовите на девојката. – Не сум му кажала на татко сеуште бидејки не сакам да ја разделам оваа фамилија.
– Со твоето однесување веќе го правиш тоа, Елиса.
– Никој нема да ме спречи да бидам со Енцо. Никој и ништо!
Фаусто зеде малку оддишка од исцрпната работа. Стана од бирото за да го растегне грбот, кога како прогонет од кучиња, во просторијата дотрча Антенор.
– Дон…
– Каде гори, Антенор?
– Голем дел од нашите работници заминаа да работат кај Енцо, – во еден здив изговори надзорникот.
– Но, тој бедник нема ни каде да биде закопан, – Фаусто не можеше да разбере со што тоа Енцо ги привлекол неговите работници. – Со што ќе ги плаќа? Овде нешто се мати. Те задолжувам да ја дознаеш причината, Антенор.
– Како ќе кажете, газда.
Потрагата по злато во реката не сопираше деноноќно. Под надзорство на Енцо, селаните и дел од вработените на Темпестад не се откажуваа од идејата да го најдат златото. Додека траеше потрагата, крај реката се појави Елиса. Воздивна длабоко кога го здогледа италијанецот, па го повика неговото име.
– Што барате овде, госпоѓице Елиса?
– Дојдов да видам како си.
– Добро, благодарам, – скептично одговори тој. Знаеше добро дека мотивот за таа неочекувана посета е подлабок од обичен поздрав. – Подобро е да си одите одовде, госпоѓице Елиса, не треба да сте тука.
– Што прават луѓето во реката?
– Ве замолив да си одите, госпоѓице…
– Сакам да бидам крај тебе, Енцо.
– Зарем сакате вашиот татко да ми го одземе животот?
– Те молам, како можеш да кажеш нешто такво? Добро знаеш дека никогаш не би дозволила. Освен тоа, мајка ми знае дека сум тука. Таа ми даде дозвола да те видам, – излажа девојката.
– Доња Естер Ви дала дозвола да ме посетите?, – зачудено повтори Енцо.
– Да. Енцо, сите дома знаат дека мајка била да ти донесе храна.
– Госпоѓице, Ве молам одете, имам работа…
– Енцо, зошто си таков со мене? Зарем не гледаш колку многу те љубам? Зарем не сфаќаш дека би сторила се за тебе?
– Не знаете што зборувате, Елиса.
– Тогаш овој бакнеж нека ти докаже…
Го опфати околу вратот и ги стави своите усни на неговите, во мигот кога Естер дојава на својот коњ близу реката. Беше сведок како нејзината ќерка се љуби со човекот кој таа го љубеше.
Рикардо товареше една кочија со вреќи трици. Врелото сонце му удираше во глава кога како порачана се појави Моналиса со свежа, цедена лимонада.
– Господ те пратил да ги излушаш моите молитви, Моналиса. Изгледаш праубаво.
– Иста сум како и секогаш, – девојката поцрвене. Му го подаде бокалот со лимонада и со раката помин апо својата коса.
– Тогаш мора да сум бил слеп цело ова време. Моналиса, знам дека имаш сомнежи во врска со мене, но сакам да ми дадеш шанса да ти докажам дека моите чуства се искрени.
– Сериозен си?
Наместо одговор, тој ја зеде нејзината бела и нежна рака. Ја принесе кон своите усни.
– Што велиш да те повозам со автомобилот на тетка Лукреција?
– Не, – крикна двојката. – Никогаш не сум се возела со таква машина.
Возењето со ролсот низ селото беше вистинско блажество за Моналиса која уживаше во привилегијата да биде во друштво на младиот Кастењон. Кога завршија со возењето и Рикардо го врати автомобилот, Моналиса со воодушевување му призна.
– Не знаев дека толку умешно можеш да управуваш со возило, Рикардо. Каде научи?
– Во Рио. Градот е полн со вакви машини.
– Не ти верувам. Сигурно се шегуваш со мене.
– Сериозен сум. Еден ден ќе те одведам во Рио, да видиш колку различен живот се води таму.
– Ветуваш?
Тој ја стави својата рака на нејзиното бело лице и наместо одговор ги запечати нејзините црвени црешна усни со бакнеж. Таа ги спушти образите, а момчето забележа солзи на врвовите на нејзините долги трепки.
– Зошто плачеш?
– Бидејки не сакам ова никогаш да заврши.
– Моналиса, зошто не сфатиш дека сакам да бидам со тебе? Не сакам да бидам никаде на друго место ниту со друга девојка. Те сакам само тебе, Моналиса. И секогаш ќе те сакам.
Се топеше на неговите зборови и не сакаше магијата никогаш да престане. Тој повторно ја пакна, нежно, внимателно…
Марија Грација го распалуваше огништето во кујната. Беше време да почне да ја подготвува вечерата.
– Каде е твојата ќерка?, – до неа допре гласот на Фаусто, кој како сенка и се прикраде од зад грб.
– Зошто прашувате?
– Тоа не е твоја работа. Кога ќе дојде, кажи и дека ја чекам во библиотеката.
– Зарем она од сношти не ви беше доволно, газда?, – го праша провокативно. Беше подготвена да му се предаде повторно само да ја остави нејзината ќерка на мира.
– Стануваш стара и грда, Марија Грација. Сега ме интересира твојата ќерка. Кога мене ме интересира нешто, тоа нешто го имам. Затоа нека ти влезе в глава дека таа чучулига сега е моја. И само моја.
Го гледаше како дива мачка, подготвена да му ги истера очите со своите канџи само да го остави нејзиното чедо на мира.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет