Барајки прошка за се што сторила, Анхелес ја посетува Мирјам, тетката на Густаво и го известува дека таа била онаа која го предизвикала пожарот во винарата. Мирјам, бесна ќе ја истера девојката од дома, заканувајки и се дека ќе ја пријави во полиција.
Сепак, нејзиниот сопруг Габино ја предомислува својата сопруга и ја разубедува да не ја пријави Анхелес во полиција.
Анхелес бара прошка и од својот брат Диего, кој и вели дека секогаш ја сакал, без разлика на се и дека секогаш ќе му биде сестра иако се родиени од различна мајка.
Густаво ја известува својата пријателка Нати дека Лусија чека дете од Андрес, нешто што Нати одбива да го прифати како такво.
Лусија во созли го посетува гробот на својата сакана Чоле. И признава колку и недостасуваат нејзините совети, кога потсвесно ќе го чуе гласот на саканата домарка како и вели да му каже на Густаво дека чека негово дете.
Доња Инес ја советува својата ќерка Трини дека само со покајание ќе може да си ја врати љубовта на Анхелес. Бесна, Трини ја обвинува својата мајка за сите свои несреќи и несупеси како на личен така и на професионален план.
Следното утро, Трини ја посетува својата ќерка, но Анхелес повторно не и дозволува да се објасни, ја обвинува дека ја оставила пред туѓа куќа како бебе и и префрла дека била осучесник во злоделата на Октавио. Анхелес и вели на Трини дека никогаш нема да ја смета за мајка и ја замолува да не и се појавува никогаш повеќе.
Во меѓувреме, пријателството помеѓу Андрес и Хулија прераснува во нешто повеќе. Андрес ја поканува да дојде со него во САД, понуда која мајката на Дарио и Моника радо ја прифаќа.
Анхелес бара прошка од Раул што го вмешала во нешто што не сакал и му ветува дека самата ќе се сноси со последиците.
Гусатво доаѓа кај Лусија и ја прашува чие е детето кое таа го носи. Таа му признава дека е негово и дека тој бил единствениот маж во нејзиниот живот по сопругот. Густаво ја моли да бидат заедно, но Лусија не е подготвена да се смири со човекот кој толку многу се сомневал во неа.
Анхелес и признава на доња Инес дека се кае поради тоа што била дозволена и манипулирана од Октавио и Тринидад и што гласала да ја симнат Лусија од функцијата.
Густаво ја моли Лусија за нова шанса и и ветува дека никогаш повеќе нема да се сомнева во нејзината љубов. Лусија му вели дека ќе му даде одговор откако ќе размисли.
Сесилија во Бостон добива писмо кое ќе ја расплаче. Писмо од нејзината сестра Анхелес која ја моли за прошка за се што сторила.
На новиот состанок на акционери, акционерите на клиниката се соочуваат со фактот дека клиниката пропаѓа откако Октавио Валдерама ја оставил клиниката да пропадне и ја ограбил. Во последен час, на состанокот влегува Малвина Салвадор и ги известува акционерите дека не е се готово. Жената нуди инвестиција и спој со нејзината друга клиника. Лусија се согласува да го делат партнерството а акционерите немаат друг избор освен да ги предадет и онака банкротираните акции.
Хоакин одново ја запросува Естер а девојката овој пат одлучува да се омажи со саканиот.
Во својот стан, Густаво добива неочекувана посета од Анхелес.
продолжува