Кристина и нејзиниот брат Енцо се држеа во цврста прегратка, кога младата жена дојде на хациендата тоа утро, откако слушна за смртта на својата мајка.
– Кристина, толку многу копнеев да те видам, сестро.
– Ај, Енцо, брате мој…, – крикна жената држејки се цврсто за прегратката на својот брат.
– Енцо, – извика Марија Грација која беше сведок на емотивната средба. – Оваа жена не е добредојдена на ова хациенда.
– Зошто?, – Енцо ја праша другата сестра, Марија Грација, сеуште држејки ја Кристина за половината.
– Бидејки нашата покојна мајка се откажа од неа.
– Зарем и ти се срамиш од мене, Марија Грација? Од родената сестра?
– Зошто не се вратиш онаму од каде што дојде, Кристина?!
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 6 – „Збогување“
Кристина и нејзиниот брат Енцо се држеа во цврста прегратка, кога младата жена дојде на хациендата тоа утро, откако слушна за смртта на својата мајка.
– Кристина, толку многу копнеев да те видам, сестро.
– Ај, Енцо, брате мој…, – крикна жената држејки се цврсто за прегратката на својот брат.
– Енцо, – извика Марија Грација која беше сведок на емотивната средба. – Оваа жена не е добредојдена на ова хациенда.
– Зошто?, – Енцо ја праша другата сестра, Марија Грација, сеуште држејки ја Кристина за половината.
– Бидејки нашата покојна мајка се откажа од неа.
– Зарем и ти се срамиш од мене, Марија Грација? Од родената сестра?
– Зошто не се вратиш онаму од каде што дојде, Кристина?!
Енцо чуствуваше дека има за право да застана на страната на својата помала сестра. Би бил среќен да можеше да имаат добра комуникација тројцата, но очигледно постоеше барера помеѓу Кристина и Марија Грација.
– Брате, те молам натерај ја да замине, – инсистираше Марија Грација.
– Доста, Марија Грација! Не знам што се случило помеѓу вас две, ниту ме интересира, – грубо и одговори на својата постара сестра, па повторно погледна во Кристина. Со своите раце го помилува нејзиното лице и ја праша каде живее сега.
– Живеам во селото.
– И како заработуваш за живот? Што работиш? Кажи ми. Со години не сум те видел.
Кристина почуствува кнедла во грлото. Како да му каже на својот брат што работи?! Со која храброст?!
– Ајде, Кристина, кажи му на нашиот брат со што се заимаваш, – иронично ја пецкаше Марија Грација.
– Прости ми брате, но морам да одам.
– Кристина?! Што се случува?, – ја праша Енцо, задржувајки ја нејзината рака. – Јас те сакам и тоа не го заборавај никогаш.
– Никогаш не сум ни заборавила, Енцо, – одговори таа, воздржувајки ги солзите. – Ти си ми единствената потпора која ја имам во животот, – додаде младата жена пред да ја напушти хациендата.
По желба на Елиса, Алис го запали автомобилот за да се повозат низ околината. Елис беше крајно возбудена бидејки за прв пат во животот се имаше качено на автомобил.
– Секогаш ли одат вака брзо овие машини?
Алис се насмевна. Одвај возеше со дваесет километри на час, а нејзината роднина мислеше дека тоа е брзо.
– Ова не е ништо, Елиса. Патиштата овде не ми дозволуваат да возам побрзо. Но на асфалтот низ градот оваа машина како да лета. Се плашиш?, – ја праша, забележувајки како грчевито седи на седиштето.
– Малку, Алис, нема да лажам.
– Не грижи се, возам од шеснаесет години.
– Ти верувам.
– Кога сакаш можам да те научам да возиш.
– Татко никогаш не би ми дозволил да возам кола, – срамежливо рече девојката.
– Елиса, заборави на твојата фамилија и што тие сакаат. Едноставно, живеј го животот.
– Те молам да не се одалечуваме толку од хациендата. Што ако наидеме на некој бандит? Татко вели дека постојано кружат бандити околу селото…
Додека управуваше со возилиото по патот, Алис забележа една жена како чекори под сенката на храстовите, па го сопре возилото и ја праша жената на каде оди. Жената беше Кристина Анџели.
– Одам во селото, – одговори.
– Сакате да ве одведеме ние?, – ја праша Алис.
– Не, благодарам, преферирам да пешачам, – одговори Крисина, изненадена од љубезноста на младата дама.
– Алисиња, треба да се вратиме назад, – низ заби процеди Елиса.
– Качете се, – инсистираше Алис, гледајки во Кристина. – И ние одиме кон селото. Сакам да го запознаам, бидејки не сум од тука.
– Послушајте ја вашата пријателка, госпоѓице и вратате се назад, во селото нема што да се види, – рече Кристина и продолжи по својот пат.
– Алис, како можеше?, – праша Елиса, кога повторно останаа сами. – Таа жена е проститутка!
– Сигурна ли си?
– Во селото постои една куќа каде што мажите плаќаат за да бидат со жена.
– Закон, – рече Алис, кикотејки се.
– Како можеш да кажеш нешто такво?
– Елиса, тие жени не се ништо помалку вредни од нас. Верувај ми, во Париз, тие жени се оние кои најмногу заработуваат. Еднаш бев во Мулен Руж…
Телото на старата Тили беше изложено во дрвен ковчег во кујната на хациендата Темпестад, по инсистирање на Фаусто Кастењон. Покрај ковчегот се молеа Енцо, Марија Грација и нејзиниот сопруг Антенор, се додека не влезе Фаусто и побара од готвачката и нејзиниот сопруг да го остават насамо со Енцо.
– Газда, ако сакате да зборуваме за она што го видовте утрово кај реката, ветувам дека нема да се повтори…
– Сакам да знаеш дека со мојата жена нема потреба никој да зборува, освен ако нема голема потреба, Енцо. Тоа е закон на Темпестад и мора да се почитува истиот. Но, не дојдов да зборуваме за тоа.
– Кажете.
– Зборував со нана Тили пред да почине и ме замоли да ти помогнам. Тоа е она што сакам да го сторам.
– Нема потреба, дон Фаусто…
– Молк! Не сум завршил! Можеш да живеш во оваа куќа, како твојата сестра, а ќе имаш oбезбедено работа на полето.
– Ви благодарам на великодушната понуда, дон Фаусто, но по закопот на мојата мајка ќе се вратам на север. Освен тоа, јас не знам да работам со земја.
– Работата со земја е работа како и секоја друга, Енцо. Роден си тука и имаш гледано како твојот татко работи за мојот. Размилси добро. Јас немам навика да молам луѓе за работа. Луѓето се оние кои мене ме молат. Не го заборавај тоа, – појасни Фаусто пред да ја напушти кујната со своите тешки чевли кои удираа во бродскиот под.
продолжува во понеделник…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет