Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #60 |Alevosía

Предавство, епизода #60 |Alevosía

 

Анхелес бара пршока од Густаво за се што сторила во минатото и го замолува да се бори за љубовта на нејзината мајка. Густаво и вели дека Лусија не сака да се помири со него, а Анхелес го моли да и даде време.

Алваро го прислушкува разговорот на Трини која телефонски разговара со својата пријателка и и признава дека се омажила само за парите на спомнатиот.

Алваро во бес го прекинува телефонскиот разговор и и се заканува на Трини дека ќе се разведе од неа и дека ќе ја остави без ништо.

Хаиме добива место како стажант во Бостонската универзитетска болница и прославува со својата сакана Сесилија.

Моника и Дарио се пресреќни што нивниот татко конечно дошол до здрав разум и конечно ќе се разведе од Трини. Алваро бара прошка од своите деца што не им верувал кога зборувале за неговата сопруга.

Октавио го добива лажниот пасош и договара лет за следното утро за на Канарските Острови каде што на негово име се префрлени сите пари од клиниката.

Лусија зборува со Мирјам и ја известува дека Анхелес се согласила да посетува психијатар и ја замолува да ги прифати понудените пари поради загубата во винаријата.

Нати се враќа на работа по краткото боледување и го известува својот сопруг Алберто дека очекува негово дете. Алберто е вон себе од среќа.

Нати ги повикува своите пријатели Лусија и Густаво во канцеларијата за да им ја споделат среќата.

Лусија и Густаво се судираат со своите автомобили пред паркингот како и првиот пат кога се сретнаа. Густаво низ насмевка и вели дека таа е најубавата жена која ја сретнал и од џеб го вади прстенот на неговата мајка и ја запросува.

Откако Нати и Алберто ќе ги известат дека чекаат бебе, Густаво и Лусија ги известуваат своите пријатели дека ќе се венчаат и дека се помириле. Наздравуваат во името на љубовта.

Еден месец подоцна…

Денот на венчавката на Лусија и Густаво. Анхелес му го нуди на својот иден очув Густаво своето искрено пријателство. Густаво ја прифаќа понудата со сето срце и ја прегрнува девојката.

Откако свештеникот ќе го благослови бракот, Лусија и Густаво излегуваат пред сите присутни гости да го крунисаат бракот со бакнеж. Сите уживаат во тој голем момент. Анхелес, Диего и Сесилија која е вратена од Бостон за тој ден со солзи гледаат како нивната мајка кончено е среќна. Доња Инес е исто презадоволна што нејзината ќерка е конечно среќна.

Но никој не е свесен дека црн облак се доближува до големата среќа. На камбанаријата кај црквата, целата церемонија ја следи Октавио кој истрелува рафал и предизвикува паника и врева меѓу гостите. Андрес и Алваро се погодени во близина на срцето и стомакот, додека Анхелес добива метак во главата и паѓа во рацете на Густаво, шокот се шири меѓу присутните.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!