Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (61 продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (61 продолжение)

Моналиса исплашена за животот на својот сакан, застана помеѓу Рикардо и нејзиниот вујко кој стрелаше омраза и презаир кон младичот преку својот поглед.
– Но, вујче, Рикардо не е виновен за тоа што се сллучи…
– Влези дома, Моналиса!, – ја прекори.
– Но, вујко, те молам…

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 61 – „Елиса и се заканува на Антониета“

 

Моналиса исплашена за животот на својот сакан, застана помеѓу Рикардо и нејзиниот вујко кој стрелаше омраза и презаир кон младичот преку својот поглед.
– Но, вујче, Рикардо не е виновен за тоа што се сллучи…
– Влези дома, Моналиса!, – ја прекори.
– Но, вујко, те молам…
– Влегувај реков!
Кога девојката беспомошно влезе во колибата, Енцо пријде до младиот Рикардо, го грабна за јаката на кошулата и рече;
– Да не те видам уште еднаш на мојава земја, младичу, уште помалку во блзина на мојата внука, дали сум јасен?
– Со сета должна почит, господине…
– Оди си!, – Енцо не му даде ни збор да каже, но младиот Кастењон не се предаваше така лесно.
– Дојдов дамо да и се извинам на Моналиса за она што сношти го стори мојот татко.
– Ако некој треба да и се извини на кутрата девојка тоа е твојот татко, не ти!
– Татко е премногу тврдоглав и горд за да направи нешто такво.
– Не, момче. Татко ти нема срце, во тоа е проблемот.
– Јас не сум како него…
– Не! Сите вие сте исти!, – низ заби процеди Енцо.
– Жалам што сте толку огорчен кон мојата фамилија.
– Имам силна причина да бидам.
– Догледање, – на крајот рече момчето и се качи на својот коњ. Пред да ги подигне уздите фрли поглед кон колибата и ја забележа Моналиса преку прозорецот. Срцето му се параше што нема да може да ја бакне и допре.

Елиса се беше вратила од дневната прошетка со својоата кобила кога упатувајки се кон својата соба, помина покрај библиотеката и наслушна дел од разговорот на својот татко и домарката.
– Што правеше Естер?
– Везеше, – одговори Антониета.
– Сакам да бидеш нејзина сенка, Антониета, онака како што се договоривме. Во последно време станува се по чудна.
– И јас забележав дека не е истата. Многу е променета.
– Зошто мислиш така?, – ја праша Фаусто, посегнувајки по чкорчето со кое ја запали пурата.
– Бидејки гледам дека не те почитува. Повеќе не мари за тебе, се однесува слободно како да не е мажена.

Под топлината на свеќите во капелата, Анибал имаше разговор со Бога, кога слушна дека некој ја затвора дрвената врата. Кога се заврте ја забележа Лукреција. Му приоѓаше заводливо, како грев во движење со широко отворено деколте.
– Покриј се, Лукреција. Само го богохулиш бога со твојата провокативност.
– Надвор е четириесет степени а овде и повеќе покрај свеќите. Дојдов да разговараме, Анибал. За предлогот.
– Реков дека не сакам твое дете, Лукреција.
– Дали си сигурен, Анибал?, – го праша, раскопчувајки ја неговата кошула.
– Зошто толку многу сакаш да ме измачуваш, Лукреција?
– Бидејки горам за тебе.
– За мене?
– Да. Многу ми се допаѓаш, Анибал, – шепотеше таа, раскопчувајки ја неговата кошула во целост.
– Ова не е во ред, Лукреција, не тука…
Таа ја спушти својата рака на неговите усни, замолчувајки го.
– Остави да те понесе моментот.
Со едно повлекување на врвката на корстетот и нејзините големи гради се најдоа на отворено.
– Лукреција, преубава Лукреција, – шепотеше младичот во бунило.
Лукреција ја ослободи косата која ги прекри нејзините брадавици. Гледаше во момчето пред себе. Имаше темен тен, кадрава коса и полна, сензуална уста. Уста создадена за љубење. Ги прилепи своите гради за неговото цврсто торзо и ги запечети тие убави усни со врели бакнежи. Низ прозорците влегуваше последната светлина на денот. Капелата и фреските во неа беа сведок на смртниот грев кој го правеа двајца прељубници.

Зазори ново утро. Во текот на ноќта Естер спиеше речиси одвај. Половина од ноќта ја читаше збирката која и ја подари Антониета а останатата половина размислуваше за Моналиса, Марија Грација и Енцо.
Седеше на тоалетната масичка и ги стави на себе бисерните обетки. Денеска беше денот кога се означуваше годишнина од бракот помеѓу неа и Фаусто. Таквите годишнини речиси секогаш минуваа неозначено во текот на годините. Бакнеж во образ или секс на брзина. Но, утрово нешто беше поинакво. Преку одразот на огледалото забележа како во собата влегува Фаусто, со букет црвени карамфили.
– Добро утро, Естер.
– Фаусто…
– Немој да мислиш дека заборавив на нашата годишнина. Овие се за тебе, – и го подаде букетот, додека на неговото лице се развлекуваше блага насмевка.
– Убави се, – кратко рече таа.
– Исто како тебе.
Се прашуваше зошто дури сега, по толку години во брак се сети кои се нејзините омилени цветови?! На што се должи таа насмевка? Што се променило изминативе дваесет и четири часа?
– Не знам што би правел без тебе, Естер. Те љубам со сета моја душа.
Ја бакна по вратот. Нежно и полека. Но неговите бакнежи брзо се претворија во груби и насилни, впрочем какои секогаш.
– Премногу те љубам, Естер, – повторуваше во блага екстаза.
– Не сега!, – го прекина таа, изрипувајки од тоалетното столче како попарена.
– Во ред, – ја почитуваше нејзината желба. – Подоцна тогаш. Среќна годишнина, – додаде пред да ја напушти просторијата.

Антониета подготвуваше листа на намирници кои требаше да бидат купени од селото,кога во кујната влезе Елиса, навидум видно расположено.
– Добро утро, Антониета. Претпоставувам дека подготвуваш нешто специјално за годишнината на моите родители?!
– Не, правам лисат за намирници кои Жоао треба да ги земе од селото.
– Денес е голем ден за моите родители и не сакам никои да им го уништи. Дали сум јасна?.- одеднаш гласот на девојката стана груб и деспотен.
– Не, не те разбирам, – одговори Антониета гледајки во младата Елиса со леден поглед.
– Тогаш дозволи ми да бидам прецизна, Антониета. Не сакам уште еднаш да те видам близу мојот татко. Дали сум јасна?
– Навистина не разбирам што сакаш да кажеш, Елиса.
– Како можеш да бидеш толку подла? Моите родители повторно ќе бидат среќни и нема да дозволам една стара мома како тебе да им ја уништи истата!, – потенцираше младата дама пред да ја напушти кујната, оставајки ја домарката замислена.

Слика

Фаусто Кастањон

По одбивањето од страна на Естер, Фаусто слезе во библиотеката. Му требаше жесток пијалок за да се помири со промената на неговата сопруга. Сношти имаше лош сон. Сонуваше како Естер го напушта заедно со нивните три деца. Во сонот заминуваа да живеат со Енцо Анџели. Ни во лудило немаше да си дозволи сонот да се рефлектира во реалност. Посегна по бурбонот, кога забележа преклопен лист хартија на работната маса. Ја отвори хартијата на која што пишуваше;
– Знам дека Енцо и ти сте браќа. Што би се случило кога сите други би дознале?!

Црвените карамфили сеуште стоеа онаму каде што ги остави Фаусто. Естер немаше ни желба да ги стави во вода. Одеднаш слушна како камче удира по нејзиниот прозорец. Слушна како некој тивко го изговара нејзиното име. Срцето почна да и удира во градите. Беше Енцо. Што ли сака? Што ќе и каже? Се чуствуваше како тинејџерка, можеше да види како розов сјај го обојува небото. Слезе долу во градината каде што тој стоеше меѓу бршлените. Свежиот утрински воздух и го растера и последниот страв дека некој може да ги види заедно. Неговите очи беа полни со ветување. Се восхитуваше на неговата машка убавина, беше безгрешно убав колку што беше бунтовен како бурен ветар.
– Што бараш овде, Енцо?
– Дојдов да ти заблагодарам за се…За она што го стори за Моналиса.
– Не е ништо…
– Ти си многу храбра жена, Естер.
– Сакам да те замолам нешто.
– Се што сакаш.
– Не и приоѓај на мојата ќерка.
– Не, Елиса е девојче а мене не ми се допаѓаат девојчиња. Мене ми се допаѓаат жени, Естер. Жени како тебе.
– Подобро да си одам пред да не види некој, – рече таа, чуствувајки како и горат образите.
– Не, застани, – и ја повеле раката за молитвеникот. – Немој да одиш.
– Енцо, те молам…
– Естер, ти се една неверојатна жена. Колку и да сакам да те извадам од мојата глава, не успевам.
Естер се чуствуваше како на трња. Се чуствуваше како дете кое направило нешто недозволено, како кога мала крадеше колачиња од кујната и трчаше тајно да ги изеде во шумата.
– Естер, – Енцо ја зеде за рака а таа не направи ништо за да се промени тоа. – Сакам нешто да ти кажам пред да одам…, – ги наполни градите со храброст. – Те љубам.
Естер ги гледаше неговите сини очи. Стоеа како двајца тинејџери помеѓу алејата со цвеќиња.
– Не требаше да ме бараш. Енцо.
– Зошто?
– Не сакам да не видат заедно.
Тој уште повеќе ги притсина нејзините бели дланки. Чуствуваше како трепери.
– Ризикот е дел од љубовта, Естер.
Враќајки се од овоштарникот, Анибал ја забележа својата мајка во градината како разговара со италијанецот. Беа премногу присни, нивните тела беа блиску едно до друго…
– Мамо, – повика по неа, слегувајки од коњот кој го јаваше.
Естер почуствува како и сопира отчукувањето на срцето. Се заврте кон својот син кој ја судеше со поглед.
– Што правиш со овој човек?

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!