Естер ја ослободи косата од од шнолите и црни кадрици паднаа преку нејзините раменици се до половината. Имаше густа, црна, кадрава и сјајна коса. Секогаш имаше убава коса, уште од малечка. Го гледаше својот одраз во огледалото. Лицето бледо, но со убави црти. Очите бистро зелени, иако црвени од плачење. Се сети на зборовите на својот татко кој секогаш велеше: “Малечката има смарагди наместо зеници„. Естер почуствува како топли солзи и течат по лицето. Во својот одраз гледаше туѓинка. Туѓинка која плаче. Туѓинка со смарагни очи. Низ полуотворените прозорци влегуваше последната светлина на денот. Го гледаше својот одраз во кристалното огледало. Таа светлина и даде некој мртов израз, се чуствуваше како авет. Ги допре своите гради за да се смири. Го држеше срцето за да не и експлодира под кошулата. На тоалетната масичка стоеше дневникот кој го пишуваше од кога знаеше за себе. Имаше потреба да ги прочита деловите за Енцо. Целиот ден мислеше на него. Не можеше да го извади од глава уште од неговата посета утрото. Како можеше да се вљуби толку лесно? Секогаш се сметаше за разумна, остроумна, а сега љубеше еден принц, херој, добар и деликатен маж кој и шепотеше љубовна поезија, како никој друг претходно.
Тропањето на вратата од махагони ја врати во реалноста. Го врати дневникот во фиоката и ги избриша солзите пред да даде дозвола да влезе. Беше Лукреција.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 63 – „Фаусто ја силува Моналиса“

– Претпоставував дека ќе те најдам тука…сама, – театрално влезе Лукреција.
– Кога Фаусто е пијан станува неподнослив.
– Само кога е пијан?, – саркастично праша нејзината роднина.
– Размислував за Енцо, Лукреција…Ми недостасува. Ми недостасува како воздух. Но, не сакам повеќе да зборувам за тоа. За време на вечерата Алисиња и Анибал ми делуваа присно. Спласна дистанцата помеѓу нив?
– Изгледа дека се многу среќни, – низ заби одговори Лукреција.
– Бев загрижена за Анибал кога кажа дека љуби друга жена. Размислував долго која би можела да биде.
– Може да биде било која, – нервозно додаде.
– Јас мсилам дека ја познаваме.
– Ја познаваме или не, Естер, што е важно?! Најважно е дека Алисиња и Анибал се среќни заедно. А како да не бидат кога Анибал е толку…пријатен, – рече иако бараше сосема друг збор.
Шише со вино, постела, голи тела и две девојки кои го задоволуваа во екстаза…Антенор за прв пат во животот можеше да почуствува како е да се биде човек со пари, човек кој може да си приушти задоволства. Кога доаѓаше во борделот, секогаш доаѓаше како придружник на Господарот или пак на неговите синови, но овој пат тука беше само за себе. Пред полноќ, вратата од одајата беше грубо отворена и како молња се појави Фаусто Кастењон, кој откако не го доби дома она што му требаше, реши да го посети борделот. Откако Кармен му кажа дека неговиот надзорник ги користи најпосакуваните девојки во куќата, реши самиот да се увери. Ги истера девојките од одајата, пријде до постелата и со двете раце го извлече голото тело на Антенор.
– Може да знам од каде најде пари за да дојдеш овде, неблагодарнику?
– Заштеда, господару, – одвај изусти надзорникот, додека Фаусто му го притискаше вратот.
– Лажеш! Се што имаш е она што јас сум ти го дал, неблагодарнику!
– Дон Фаусто, – крикна Кармен, дотрчувајки во собата. – Немој да го убиеш, те молам.
– Замолчи стара вреќо, – и се закани Фаусто, давејки го својот надзорник бездушно. – Одговори ми од каде најде пари или ќе те убијам!
– Парите ми ги даде Енцо, газда, – под притисок одговори Антенор.
Фаусто го ослободи вратот на надзорникот.
– Смеам ли да знам од каде му се парите на тој бедник?
– Не знам, господине, прашајте го него.
Потпевнуваше италијанска канцона додека тоа утро Кристина ги переше садовите од појадокот. Занесена во својата работа не ја забележа Алис кога влезе во кујната, се додека раката на младата жена не се најде на нејзината задница.
– Не знаеш што би дала за да си првата која ја гледам секое утро, Кристина и последната секоја вечер.
– Пушти ме, – ја плесна со влажните раце.
Алисиња се закокоте, но не се откажуваше.
– Замисли дека некој друг те допира. Затвори ги очите и мисли на некој маж, – рацете на Алисиња се најдоа во косата на Кристина, а усните на младата жена преку усните на италијанката во моментот кога во кујната влезе Елиса и остана да стои како парализирана, задржувајки го крикот со своите раце.
Моналиса шеташе по шумата берејки овошје кое го собираше во сламената корпа. Есенското сонце блескаше над пампата. Птиците пееа, делуваше како да е дел од рајот. Но, рајот полека исчезна. Се слушна коњски топот и пред да успее да се заврти, Моналиса го слушна гласот на Господарот кој допре како пелин до неа.
– Моналиса…
Девојката ја испушти корпата со овошје од својата рака. Направи чекор наназад.
– Газда…
– Ме радува што те гледам, – додаде тој слегувајки од животното. – Ајде да го завршиме она што го почнавме оној ден.
Девојката дишеше забрзано. Самите зборови на тој човек ја лазеа како морници. Направи уште неколку чекори наназад и удри во стеблото на еден стар храст. Повеќе го немаше сонцето, ниту песната на птиците. Само лошиот здив на Господарот и неговиот демоснки поглед полн со желба.
– Сега сме сами, никој нема да не види.
Беше невозможно да не ја забележат Елиса која како избезумена стоеше на прагот од кујната.
– Погледни што направи, – Кристина ја прекори Алис, бришејки ја својата уста со врвот на ракавот.
– Не грижи се, Елиса ја знае вистината. Зар не, Елиса?
– Што значи ова? , – Елиса одвај дојде до збор. – Ти си мажена за мојот брат…
– Знам, Елиса, но со Кристина само си игравме, не биди драматична, – одговори Елиса, земајки ја раката на својата роднина.
– Не ме допирај, не ме допирај, – фобично одговори Елиса. – Зарем и ти, Кристина?
– Не, не ги мешајте нештата госпоѓице, јас строго сакам само мажи.
Дијафрагмата и играше во ритамот на стравот. Моналиса се плашеше од најлошото додека Фаусто со својата студена рака и минуваше под здолништето, од коленото па нагоре. Таа му го прегриза увото, доволно силно за тој да ја пуши. Испушти див крик, додека таа успеа да му побегне, но не за долго. Во два чекори ја фати како мршојадец кога го лови својот плен. Ги чуствуваше камчињата од патот како и го бодат грбот, додека Фаусто и го раскина здолништето и навлезе во неа со својата крута машкост. Беше неиздржливо болно, очите и се превртеа од агонија, но ниту силното врескање, ниту молбите да ја остави не го спречија во намерата да ја направи своја.
Потрагата по злато не престануваше ниту тој ден. Со мапа во рацете, Енцо на својот коњ го следеше текот на реката. Силното сонце само им ја отежнуваше задачата, но ништо не можеше да ги натера да се откажат. Одеднаш слушна како некој го довикува неговото име и пред да се заврти виде еден од своите работници како му приоѓа, носејки еден чевел во рацете.
– Енцо, го најдов овој чевел на патот…
Немаше сомнеж дека тоа е чевелот на неговата внука.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет