Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #63 |Alevosía

Предавство, епизода #63 |Alevosía

Нурија одбива да одговори на прашањето зошто го оставила Густаво пред олтар, давајки му одговор дека едноставно морала да го стори тоа.

                Нати, загрижена за својата пријателка Лусија и префрла што прмногу време поминува со Анхелес чија состојба можеби и нема никогаш да се промени.

                Мирјам добива неочекувана посета од Нурија, поранешната вереница на нејзиниот внук. Нурија ја прашува Мирјам дали Едуардо е среќен во бракот, а Мирјам и потврдува дека е среќен како никогаш претходно.

                Малвина го известува и Густаво за своето повлекување од болницата. Му вели дека нејзиниот син кој ќе ја замени бил хирург но дека загубил пациент на операциона сала и дека од тогаш решил да се посвети строго на администрацијата.

                Нурија го отвара куферот на своето минато и ги прегледува низ солзи старите фотографии од времето кога била заедно со Густаво. Меѓу фотографиите се наоѓа и слика од едно бебе.

Густаво ја известува својата пријателка Нати дека Лусија поминува премногу време во собата на Анхелес и дека е загрижен за неа.

Лусија одлучува да го даде под наем станот на Анхелес, со што би ја натерало нејзината ќерка да се врати во вилата откако ќе излезе од кома.

Густаво го известува Хоакин дека зборувал со Нурија, но дека жената упорно одбива да му даде причина зошто го оставила пред олтар.

Дарио се двоуми дали сака да продолжи да студира како архитект, но Хулија, неоговата мајка го советува да не се откажува од нешто што толку добро му оди.

Следното утро, Нати го посетува Октавио во затвор и го известува дека ќ е направи се да скапе на тоа место. Октавио почнува да ја исмева адвокатката.

Лусија и Сесилија се покрај креветот на Анхелес кога девојката ќе почне да говори и да се движи. Пресреќни ја повикуваат сестратаи докторот кој ќе и извршат итен преглед. Докторот констатира дека Анхелес е добро, но дека страда од амнезија и не се сеќава на ништо од своето минато.

Докторот ја известува Анхелес, која е будна од кома, дека доживеала несреќа и ја претставува Лусија како нејзина мајка и Сесилија како сестра. Во собата влегува и Густаво, но Анхелес не се сеќава ниту на него.

Малвина собира итен состанок на одборот во клиниката и ги известува акционерите дека по нејзиното заминување нејзиниот син Марко ќе ја замени на местото претседател.

Лусија подготвува специјална вечера за целата фамилија каде што ги известува најблиските дека Анхелес излегла од кома. Трини ја користи ситуаијата и ја замолува својата сестра да не и кажува на Анхелес дека таа и е мајка. Лусија се разбеснува и и префрла дека продолжува да игра по старо.

Следното утро, Анхелес ја распрашува својата сестра Сеси за своето минато.

Нурија повторно се среќава со Густаво и го известува дека нивниуот заеднички пријател Педро ја силувал на денот на венчавката  и дека и се заканил оти ќе ја убие ако каже некому. Затоа одлучила да го остави и да не се појави во црквата.

Хулија ја известува доња Инес, дека Марко, синот на Малвина ќе ја води клиниката на местото на својата мајка. Доња Инес бурно реагира на ваквото сознание.

Анхелес со помош на својата сестра одлучува да стане од кревет и движејки се нестабилно по ходниците се судира со новиот сопстевник, Марко Салвадотр кој е восхитен од убавината на младата жена.

 

прдолжува

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!