Фаусто се врати назад на фазендата со гребаници на своето лице, како да бил нападнат од дива мачка. Антониета го пречека на тремот, го одведе во неговата соба и му подготви облоги од камилица за да му ги смират раните на лицето. Додека тој мирно лежеше, домарката ја раскопча неговата кошула и му украде еден бакнеж во мигот кога вособата влезе Естер.
– Што се случува овде?
Антониета се почуствува како погодена од гром од ведро небо. Изрипа од креветот, барајки шанса да објасни.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 64 – „Естер решава да замине од дома“
Фаусто се врати назад на фазендата со гребаници на своето лице, како да бил нападнат од дива мачка. Антониета го пречека на тремот, го одведе во неговата соба и му подготви облоги од камилица за да му ги смират раните на лицето. Додека тој мирно лежеше, домарката ја раскопча неговата кошула и му украде еден бакнеж во мигот кога вособата влезе Естер.
– Што се случува овде?
Антониета се почуствува како погодена од гром од ведро небо. Изрипа од креветот, барајки шанса да објасни.
– Поштеди ме од твоите објаснувања. Ова е нечуено.
– Немаш право да се лутиш, Естер, – се замеша Фаусто. – Антониета само си ја извршува својата обврска за што е платена.
– Што ти се случило на лицето?, – го праша. Никогаш го немаше видено таков.
– Ништо сериозно…
– Јас повеќе не можам да живеам вака, Фаусто, – одлучно додаде жената. – Ти никогаш нема да се промениш, – додаде и ја напушти собата.
Антониета потајно се смешкаше.
Моналиса одлучи да не каже никому ништо за она што предмалку и се случи во шумата. Одлучи да ја задржи болката за себе бидејки знаеше каков конфликт ќе настане ако ја каже вистината. Нејзиниот вујко беше способен да го убие Господарот со сопствени раце.
– Моналиса, што се случило?, – ја праша Енцо кога влета во колибата. – Еден од работниците го нашол твојот чевел на патот.
Девојката не го ни подигна погледот. Се плашеше дека нејзините темни кругови под очите ќе ја издадат. Продолжи да ги лупи компирите за ручек.
– Зошто си толку молчелива? Се случило нешто? Малечка, што се случило?
Пријде до неа и седна на столот. Ја помилува по косата и тогаш девојката се скрши. Повеќе не можеше да биде силна, ниту можеше да ги задржи солзите. Му се фрли во прегратка, држејки го цврсто, влажнејки ја неговата бела кошула со своите солзи.
– Ќе ми кажеш ли сега што се случило?, – неговиот глас беше мек и полн со разбирање. – Моналиса…Погледни ме…Слушни ме…можеш да имаш доверба во мене. Кажи ми што се случи?
– Еден човек…еден човек ме силуваше, – одговори на крајот.
Зениците на нејзиниот вујко се отворија како два прстена. Се обидуваше да остане мирен, не сакеш да ја вознемирува повеќе.
– Кажи ми како тоа те силувале, мила?, – ја праша додека очите му се полнеа со солзи, гледајки ја агонијата на неговата внука. – Што ти направи?
– Не сакам да зборувам…Не сакам да зборувам за тоа. Само сакам да умрам. Се чуствувам валкано, нечесно…
– Не малечка моја, не зборувај така. Кој ти го стори тоа? Кажи ми кој беше несреќникот кој те…
– Не знам, – девојката непрестано вртеше со главата. – Не знам, – повторуваше.
– Не сакам да ме лажеш, Моналиса. Кажи ми, беше некој кој го знаеме? Фаусто? Кажи ми дали беше Фаусто Кастењон?, – неговиот глас стана дрзок при самата помисла дека тој монструм ја обесчестил неговата внука.
– Не, не беше Фаусто Кастењон ниту некој кој го познаваме, – излажа девојката, извелкувајки се од силните раце на својот вујко.
– Кој беше тогаш?
– Не знам.
– Како не знаеш? Сигурно му го виде лицето…
– Да, но не го познавам…Никогаш не сум го видела претходно.
– Но,како изгледаше? Беше ли висок, како беше облечен?
– Не знам. Беше млад со темна коса и темен тен…Вујко, во името на Бога не ме прашувај повеќе, не сакам да мислам на тој човек, – го молеше низ солзи.
– Во ред, смири се девојче, – неговиот глас повторно беше мирен. Ја зеде цврсто во својата прегратка прегризувајки ја устата од бес. Само да знаеше кој и го направил тоа. Беше подготвен да убие за неговата внука. – Моналиса….Ова ќе морам да им го кажам на твоите родители.
– Не, те молам немој, вујко…
– Моналиса, јас сум одговорен за тебе. Те донесоа овде за да те штитам…не можам да прекријам од твојата мајка нешто толку деликатно.
– Те молам вујко не им кажувај ништо. Ова е болно и срамно за мене…Не сакам никој друг да знае, не сакам…
– Нема зошто ти да се срамиш. Ти се колнам дека ќе го најдам тоа копиле и кога ќе го најдам, се колнам дека ќе плати за тоа што ти го сторил.
Естер беше одлучна овој пат. Ништо не можеше да ја натера да остане повеќе на фазендата. Ги спакува своите работи и слезе да се поздрави со своите деца. Им кажа дека го фатила нивниот татко во кревет со Антониета.
Фаусто имаше потреба да ја види Естер. Ја побара во нејзината соба, но отворените плакари беа празни. Прво помисли дека сонува. Слезе по скалите долу во салонот каде што беа неговите деца заедно со Естер.
– Естер…Естер каде одиш?, – ја праша кога покрај својата жена забележа два спакувани куфери.
– Не ги отежнувај нештата, Фаусто те молам.
– Мамо, те молам дај му шанса на тато, – ја молеше Рикардо.
– Мамо , нештата сигурно може да се расчистат, – инсистираше Анибал.
– Јас сум способна да поминам преку многу нешта, но не и она што го видов, Анибал.
– Естер, сите ние правиме грешки, сите ние сме грешници, особено јас, – пелтечеше Фаусто, додека домарката како сенка стоеше зад вратата и ја набљудуваше од страна семејната драма.
– Деца, – им се обрати Естер со солзи во очите. – За мене ова е многу тешко, но решив да заминам од Темпестад.
– Те молам не прави го тоа, – низ созли молеше Елиса.
– Животот за мене на оваа фазенда е претворен во пелин и горчина.
– Животот без тебе нема смисла, Естер. Знаеш дека те љубам, – Фаусто бараше начин даја задржи.
– Не им верувам на твоите зборови, Фаусто!, – ги одби неговите допири. – Од ден во ден стануваш се полош, подеспотен, подоминантен…а што е најлошо не покажуваш нималку каење. Затоа си одам.
Ниту врелата вода не можеше да го тргне гревот од нејзината кожа. Плачеше како мало дете на подот во бањата додека со сапунот се обидуваше да ја исчисти својата валканица од себе. Помисли на Рикардо во тој миг. На момчето со светли очи и преубава насмевка кое и го украде срцето. Како да ја гледа иднината со него, кога претходно му припаѓала не неговиот татко?
Ја отвори втората по ред фиока од тоалетната масичка и пребарувајки по чешлите, шнолите и копчињата извлече тешки, црни ножици. Тоа беа оние стари ножици кои и припаѓаа на нејзината нона Тили. Ги помилува острите и темни сечила а потоа со истите премина преку лицето чуствувајки го студенилото на металот. Ножиците тежеа меѓу нејзините прсти. Ножиците чекаа одлука. Фалеше само момент да ги забие во своите гради…
– Јас не сум кукавица, – одлучно помисли. Нејзиниот глас одекна во празната соба.
Ги притсина ножиците со десната рака а со левата зеде прамен од својата коса. Ја пресече својата долга, густа коса. Чуствуваше како влакната паѓаат на подот, слободни, мртви изгубени. Како и нејзината душа.
Драмата во салонот на фазендата продолжуваше. Антониета како сенка застаната позади вратата чекаше да падне одлуката и конечно Естер да ја напушти фазендата.
– Мамо, Антониета е таа која треба да си оди одовде, не ти, – низ солзи рече Елиса.
– Моја вина е за се, – рече Фаусто. – Дојдов дома пијан и ја искористив близината на Антониета. Направив грешка Естер и подготвен сум да платам за истата.
– Антониета не треба да живее под овој кров. Таа жена е зла!, – гневно извика Елиса за која немаше оправдание за тоа што го прави домарката.
– Не ја мешај Антониета во ова, Елиса, – извика Фаусто. – Антониета е добра личност. Им ветив на твоите родители дека ќе се грижиме за неа и ќе си го одржам зборот, Естер.
– Мамо, сослушај го тато, те молам, – од страна дофрли Рикардо.
– Ако дадеме се од себе можеме повторно да бидеме сложна фамилија, со помош на Бога, – додаде Анибал.
– За тебе сум подготвен да сторам се, љубов моја, дури и да го дадам животот, – рече Фаусто во чии очи засветкаа солзи на сечие изненадување. – Господ знае дека ја говорам вистината. Само сакам да бидеш среќна, Естер. Ветувам дека ќе се променам за тебе, те молам. Не си оди, те молам.
Некој тропаше на вратата. Моналиса немаше волја да разговара со никого, но мораше да биде храбра.
– Напред.
Вратата се отвори и во внатрешноста на собата се прошири светлоста на свеќникот. Влезе Кристина осветлувајки ја мрачната соба.
– Твојот вујко ми кажа што се случило…
Го подигна свеќникот на кои гореа пет свеќи и ја виде својата внука како седи пред тоалетната масичка, мирна, тивка со скратена коса.
– Во името на бога, Моналиса, што си сторила?
– Претпоставувам дека вујко ти кажал…
Кристина кимна со главата.
– Беше ужасно…
Моналиса плачеше без прстан. Личеше на дете со истрижена коса.
– Не е твоја вина, Моналиса. Зошто не си му кажала на вујко ти кој те силувал?
– Не знам…
– Моналиса, верувам дека знаеш. Кого сакаш да заштитиш? Рикардо?
– Не, тој ме нема ни допрено. Не беше тој.
– Те молам, малечка, имај доверба во мене. Кажи ми кој беше? Ти ветувам дека нема никому да кажам.
Девојката зеде длабоко здив пред да проговори.
– Беше…Фаусто Кастењон.
Утрото беше врнежливо и мрачно а небото беше прекриено со темни и тажни облаци. Антенор го пиеше своето мате покрај огништето, додека Марија Грација сукаше на масата. Гледаше во својот сопруг. Погледот му беше далечен а очите тажни. Антенор го размрда жарот во огништето па рече;
– Знаеш Марија…Размислував за предлогот на твојот луд брат. Можеби е најдобро да си одиме одовде.
– Што?, – ликуваше жената. – Да си одиме одовде? Од Темпестад?
– Секако. Тоа парче земја ни припаѓа и нам.
– Дали си сериозен?, – го праша низ насмевка.
– Секако. Ќе бидеме богати со сето злато кое го најде брат ти. Освен тоа, ми фали малата.
– Кога те слушам како говориш вака…душата ми се полни. Бидејки и јас сум изморена од однесувањето на газдата. Од неговото насилно однесување, од она што ми го прави…
– Тогаш е решено. Уште денес ќе зборуваме со газдата.
Идејата дека сакаат да си одат од Темпестад го погоди Фаусто како гром од ведро небо. Марија Грација и Антенор, заедно го посетија газдата во библиотеката и го известија за својата одлука.
– Што рековте?
– Тоа што слушнавте, газда, – пелтечеше Антенор. – Марија Грација и јас…сакаме да си одиме од Темпестад.
– И каде би оделе?
– Сеуште не сме размислиле. Најверојатно на север, нели Марија?
– Да, – потврди жената. – Имаме роднини таму.
– Мислите дека сум глупав? Знам дека криеш нешто од мене, Антенор. Ти, твојата жена и Моналиса ќе останете овде, дали сум јасен?
– Но, газда, јас и мојата жена веќе одлучивме…
– Сеедно ми е што сте одлучиле! Ќе заминете од оваа фазенда само во сандак, дали сум јасен?
– Но, газда…
– Ни збор повеќе! Излегувајте одовде и назад на своите работни места! Ќе ве следам во чекор да знаете. Излегувајте сега!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет