Зора. Моналиса успеа одвај да заспие пред самиот изгрев на сонцето, а сега веќе почуствува нечија рака на своето лице како ја буди од сон. Изрипа од јастукот исплашена. Додека да ги отвори очите, забележа дека е нејзиниот татко.
– Смири се мила, јас сум. Дојдов по тебе, – рече Антенор, додека девојката полека доаѓаше при себе. – Мораме да одиме.
– Каде?
– На Темпестад. Каде на друго место?
– Не, татко, – крикна Моналиса. – Сакам да останам тука.
– Газдата беше јасен. Те сака назад на фазендата.
– Што се случува овде, Антенор?, – праша Енцо ког авлезе во собата.
– Ништо, дојдов по мојата ќерка.
– Мислам дека не е баш добра идеја да ја вратиш на Темпестад. Малата имаше голем проблем таму.
– Што се случило?
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 66 – „Моналиса обвинува лажен човек“
Зора. Моналиса успеа одвај да заспие пред самиот изгрев на сонцето, а сега веќе почуствува нечија рака на своето лице како ја буди од сон. Изрипа од јастукот исплашена. Додека да ги отвори очите, забележа дека е нејзиниот татко.
– Смири се мила, јас сум. Дојдов по тебе, – рече Антенор, додека девојката полека доаѓаше при себе. – Мораме да одиме.
– Каде?
– На Темпестад. Каде на друго место?
– Не, татко, – крикна Моналиса. – Сакам да останам тука.
– Газдата беше јасен. Те сака назад на фазендата.
– Што се случува овде, Антенор?, – праша Енцо ког авлезе во собата.
– Ништо, дојдов по мојата ќерка.
– Мислам дека не е баш добра идеја да ја вратиш на Темпестад. Малата имаше голем проблем таму.
– Што се случило?
– Смири се, Антенор, Моналиса ќе ти објасни се, подоцна. Во меѓувреме нека остане тука, со мене.
– Не. Малата мора да биде со своите родители и точка.
– Не, тато, сакам да бидам тука, те молам.
Но, ниту созлите ниту очајкните молби на девојката не попуштаа пред Антенор. Наредба беше наредба. Моналиса мораше да се врати на Темпестад.
Кристина го разгоруваше оганот во печката во кујната, кога како сенка зад грб и се прикраде Рикардо Кастењон.
– Господине, од каде вие во овој дел од куќата?, – го праша саркастично.
– Дојдов да прашам за мојата Моналиса.
– Навистина сакате да знаете како е вашата Моналиса?
– Секако.
– Прашајте го Вашиот татко тогаш.
По разговорот со слугинката, Рикардо дотрча бесен како рис во работната соба на својот татко. Вилицата му се тресеше од бес по она што му го кажа Кристина.
– Татко, морам да рагзоварам со тебе!
Фаусто мирно го погледна своето момче и ја истресе пепелта од пурата во пепелникот.
– Сакам да знам дали е вистина дека си ја силувал Моналиса? Одговори ми!
– Внимавај на тонот, Рикардо. Не заборавај дека говориш со твојот татко.
– Те молам, татко, кажи ми дека е лага.
– Кажи ми зошто толку многу те интересира таа девојка?
– Тоа значи дека е вистина?
Рикардо се плашеше од соочувањето. Се плашеше од одговорот на неговиот татко.
– Рикардо, те предупредувам дека не сакам за истото повторно да имам проблеми со тебе.
– Татко, сакам да ми кажеш отворено дали ја силуваше Моналиса или не?!
– Таа ти го кажа тоа?
– Тоа не е важно.
– За твој мир, да…Јас ја силував, – го призна злосторството мирно, како да е најнормална работа на светот. – се надевам дека скоро и ти ќе го направиш истотот, синко.
Инстинктивно, Рикардо се нафрли врз својот татко. Ги стави рацете околу неговиот врат и почна да го дави, нарекувајки го со погрдни зборови. Но, Фаусто со еден замав го тргна својот син од своето тело, му замавна силна шлаканица, што Рикардо почна да чуствува како се врти собата околу него.
– Имаш уште нешто да кажеш?
– Добро знаеш за моите чуства кон неа.
– Затоа и го сторив тоа, синко. За да сфатиш дека не теба да имаш чуства за девојка од нејзин сој.
Кристина влезе во собата на Анибал, откако претходно и беше кажано дека Господата сакаат да разговараат со неа. Во собата ја пречека Алис, која пакосно се смешкаше, додека Анибал како затекнат седеше на креветот и се прашуваше што ли наумила неговата сопруга овој пат.
– Благодарам што дојде, Кристина, – и се заблагодари Алис.
– Повелете.
– Што е тоа што сакаш да ни го кажеш, Алис?, – нетрпеливо ја праша Анибал.
– Ве повикав бидејки имам нешто што сакам да ви го предложам на двајцата.
– На двајцата?, – немаше крај за изненадувањата, помисли Анибал.
– Може ли побрзо, – директно праша Кристина. – Има луѓе во оваа куќа кои имаат работа.
Алис ноншалантно пријде до прозорецот, извлече цигара од табакерата, ја запали истата и повлече дим, пред да продолжи.
– Размислував и дојдов до заклучок. Анибал, ако сакаш да имаш дете со друга жена, за нашата фамилија да верува дека е наше, мое и твое, најдобро е таа жена да биде Кристина.
– Дали си полудела?, – праша Анибал. Од сите луди идеи на неговата сопруга, ова беше најлудата. – Како можеш да побараш нешто такво?
– Алкохолот и цигарите и го исушиле мозокот, – констатираше Кристина од страна.
– Преферирам да и направиш дете неа, отколку на мојата мајка. Кристина е помлада и поубава.
– Може ли некој да ми објасни што се случува овде?, – праша Кристина, сосема затекната.
– Тоа што го бараш е сосема погрешно, Алис, – решеителен беше Анибал. – Никогаш нема да се сложам на нешто такво.
– Имам право да ја изберам мајката на моето дете, – инсистираше Алис.
– Јас мислам дека ти не си во состојба да бараш ништо! , – доаде Анибал и бесно ја напушти просторијата.
– Што матите овој пат?, – праша Кристина.
– Ветуваш дека нема никому да кажеш?
– Се колнам.
– Сакам да имаш дете од Анибал. Сакам мајка ми да биде љубоморна на друга жена. Размисли. Подготвена сум да ти платам многу пари.
Анибал го помина ходникот како фурија. Сакаше да го јавне својот пастув и да одјава некаде далеку каде што ќе може да ги среди своите мисли. Но, пред да ја напушти куќата, наиде на својата сетсра која сакаше да разговара со него насамо.
– За што сакаш да зборуваме, Елиса?, – ја праша откако влегоа во дневната просторија.
– Не сум слепа, Анибал. Иако никој не ми кажува ништо во оваа куќа, гледам се.
– За што зборуваш?
– Знам дека бракот помеѓу тебе и Алисиња е договорен. Не знаеш колку сум разочарана од тебе, брате. Верував дека си човек кој е посветен на Бога, коректен…
– Елиса, ти се колнам дека немав намера да се вљубам во Лукреција…Се случи одеднаш, неочекувано…
Елиса остане со подотоврена уста. Нејзиниот брат вљубен во нивната тетка?!
– Што рече?
Анибал си ја прегриза устата. Ако постоеше начин да си ги проголта зборовите, ова беше идеален момент за тоа. Разговорот со неговата сестра го наведе да помисли дека таа зане за неговата афреа со Лукреција, но очигледно грешел.
– Вљубен си во Лукреција? Не можам да поверувам…јасно. Сега се се вклопува. Оној пат не беше со некоја работничка во амбарот, беше со тетка Лукреција!
– Да.
Силна шлаканица одекна во просторијата. Елиса беше разочарана. Не можеше да го сокрие ниту својот бес како ни солзите во своите очи.
Во просторијата се појавија Лукреција и Алис. Двете беа појдени по мате, кога наидоа на жестоката расправија помеѓу братот и сестрата.
– Личноста која ми требаше, – рече Елиса, бришејки ги солзите од своите очи.
Никогаш во животот ја немаше гледано својата тетка со таков презир. До тогаш ја гледаше како личност со високи идеали, начитана и прошетана, светска жена, а сега ја гледаше како бесрамничка, како грешница.
– Мислам дека овој рагзовор нема никаква цел, – рече Анибал, одлучен да стави крај на се. Но Елиса инсистираше да се отворат картите.
– Секако дека има цел. Како не ти беше срам да го заведеш мојот брат, тетко? Како не ти беше срам да дозволиш твојот внук да се вљуби во тебе?
Лукреција широко ги рашири и онака крупните очи. Алис ликуваше. Конечно чукна часот на вистината.
– Одговори мајко, – девојката ставаше сол на отворена рана. – Каков е твојот однос со Анибал?
– Тоа е моја приватна работа, не сум должна да давам одговор никому.
– Лукреција е во право, – ја подржа Анибал.
– Како не ти е срам, тетко? Не само што имаш нешто со твојот внук, туку имаш нешто со сопругот на твојата ќерка?!
– Ова мора да остане меѓу нас, Елиса, – ја замоли Анибал, крајно исплашен дека може семејната драма да допре многу лесно до ушите на неговиот татко. – Ако дознае татко, ќе морам да ја напуштам фазедната, засекогаш!
Држејки за своите цврсти раце еден човек со темен тен и среден раст, Енцо прати човек да ја повика неговата внука Моналиса, за да го препознае човекот кој го држеше.
– Што се случува овде, вујко?
– Моналиса…Овој човек бил затекнат како напаѓа една жена на еден од моите луѓе. Според описот кој ми го даде, ова е човекот кој те силувал, Моналиса.
– Кажете дека не бев јас, госпоѓице, – молеше невиниот, додека лицето му се препотуваше. – Јас сум чесен човек. Дојдов само да побарам работа на оваа земја.
Енцо со подлактицата му го притисна вратот, речиси безмилосно одземајки му секакво право на збор. Погледна во својата внука и чекаше одговор.
– Не плаши се, Моналиса. Ако е тој, ќе се погрижам да изгние во затвор.
– Кажете ја вистината, госпоѓице. Јас во животот ве немам видено.
– Смири се, Моналиса, – ја тешеше нејзиниот вујко, кога забележа дека девојкат почнува да се тресе од страв. – Кажи ми ја вистината? Дали е ова човекот кој те обесчести?
– Да. Тој е човекот кој ме силуваше!!!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет