Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #66 |Alevosía

Предавство, епизода #66 |Alevosía

 

Лусија и Густаво разговараат со Марко и го канат на вечера во вилата со цел да се запознае со Анхелес. Новиот претседател на клиниката радо ја прифаќа ваквата покана.

Нешто подоцна, Лусија се среќава со својата мајка. Лусија ќе ја извести доња Инес дека сака да ја спои Анхелес со Марко Салвадор. Доња Инес се побунува а Лусија не може да разбере зошто нејзината мајка секогаш реагира бурно кога ќе се спомене фамилијата Салвадор.

Сесилија и Диего и помагаат на својата сестра Анхелес да ја напушти болницата и ја доведуваат во вилата. Анхелес е восхитена од топлиот дочек и реновираната соба.

Хоакин го советува својот пријател Густаво да биде внимателен со Нурија.

Во домот на Лусија се слави враќањето на Анхелес. Лусија е пресреќна што домот е најпосле полн со топлина и хармонија исполнет со луѓето кои најмногу ги сака.

Сеси добива пријатно изненадување кога во вилата ќе го види Хаиме кој се вратил од Бостон.

Нурија не може да престане да мисли на Густаво и бара начин како да биде повторно со него.

Хаиме испаничено се сеќава на конфликтот кој го имал со колега од факултетот. По одржаната трета смена, двајцата пријатели се упатиле кон блискиот бар, но во паркот наишле на деликвенти кои се обиделе да ги ограбат. Хаиме им се спротиставил и користејки го ножот на напаѓачот го забодел во стомакот на деликвентот. Оставајки го мртов, со колегата побегнале од паркот. Следниот дел седнал на авион и се вратил во Гвадалахара. Хаиме нема храброст никому да го сподели ваквото доживување, дури ниту со Сесилија.

Естер ја посетува Анхелес и двете поминуваат цело попладен заедно, сеќавајки се на детските дружби, првите симпатии и излегувања.

Лусија го посетува Октавио во затвор. Го известува дека знае оти пораката е од него и му вели дека не се плаши од него.  Октавио ја користи шансата и повторно и се заканува со животот на нејзините најблиски.

Хулија која е загрижена дека Трини може да ги остави нејзините деца на улица, ја посетува Нати. Адвокаткта и вели дека Хулија како прва жена нема право на ништо што поседува Алваро и дека сите права во моментот ги има неговата легална сопруга Трини.

Лусија го затекнува Густаво со отсутни мисли и го прашува во што е проблемот. Густаво ја лаже дека е изморен, иако неговите грижи имаат само едно име; Нурија. Ја лаже сопругата дека вечерта ќе излезе со Хоакин, иако има договорено вечера со поранешната вереница.

За време на вечерата, Густаво отворено ја прашува Нурија зошто се вратила во неговиот живот?

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!