Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (67. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (67. продолжение)

Остатокот од попладенто Моналиса го помина затворена во својата соба, топејки ја перницата со солени солзи. Товарот сега беше многу поголем од претходно. Не можеше да заборави на погледеот на кутриот и невин човек кога лажно го обвини дека ја силувал. Тоа беше најголемиот грев кој некогаш го сторила во животот. Но, подобро невино да обвини некого отколку да ја признае вистината и да направи војна помеѓу двете фамилии. Можеше да живее со тоа некој невин да страда за несторено дело отоколу да живее со товар дека е виновна за смртта на некој од нејзината фамилија. А смртта беше неизбежна доколку некој од нејзините блиски му се спротиставеше на Фаусто Кастењон.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 67 – „Бесот на Марија Грација“

 
Остатокот од попладенто Моналиса го помина затворена во својата соба, топејки ја перницата со солени солзи. Товарот сега беше многу поголем од претходно. Не можеше да заборави на погледеот на кутриот и невин човек кога лажно го обвини дека ја силувал. Тоа беше најголемиот грев кој некогаш го сторила во животот. Но, подобро невино да обвини некого отколку да ја признае вистината и да направи војна помеѓу двете фамилии. Можеше да живее со тоа некој невин да страда за несторено дело отоколу да живее со товар дека е виновна за смртта на некој од нејзината фамилија. А смртта беше неизбежна доколку некој од нејзините блиски му се спротиставеше на Фаусто Кастењон.

Енцо не можеше повеќе да ја таи вистината од својата сестра, па откако се погрижи за злосторникот кој го насочи Моналиса, влезе во кујната на фазендата и и ја кажа целата вистина на Марија Грација. Готвачката од прво стоеше како статуа, без емоции ниту гестикулации. Како телото да и беше мртво.
– Зошто не ја чуваше мојата ќерка?, – одеднаш избувна како дива тигрица пуштена од својот кафез. – Зошто? Ти ми кажа дека ќе биде добро со тебе! Дека ќе ја чуваш…
Го удираше со слабата сила која сеуште ја имаше во своето тело. Сиот елан ја предаваше, дури го загуби и тлото под нозете. За малку ќе паднеше на подот ако Енцо не ја зеде во својата прегратка.
– Смири се, Марија Грација…Прости ми.
Потпрена на братовите гради, ја влажнеше неговата ленена кошула со своите солзи и течниот секрет од своите сетила.
– Нееееееееее!!!! Зошто тоа мораше да и се случи неа? Зошто на мојата ќерка? Мојата малечка…Ах…
– Знам дека не е никаква утеха, но злосторникот ќе плати.
– Каде е?
– Онаму каде што треба да е…
– Сакам да го видам ликот на тој несреќник!
– Марија, немој…
– Одведи ме кај него!

Ништо не можеше да ја спречи Марија Грација а да не појде во полициската станица во Назаре и да го види ликот на монструмот кој ја убил младоста на нејизната ќерка. Човекот беше ставен на столот за испрашување, заврзан со јаже околу рацете и половината. Додека полицаецот си ја вршеше својата работа, како фурија дотрча италијанката, нафрлајки му се како смртоносна кобра која го штити својот плод.
– Јас не сторив ништо, – повторуваше човекот, бранејки ја својата чест.
– Немаш никаков изговор за тоа, – Марија Грација ги зари своите нокти во неговите очи. Пролеа крв од неговите зеници но ниту тоа не и беше доволно. Го кубеше по косата додека не останa со прамени влакна во своите раце. Енцо и полицајците се обидуваа да ја одалечат, но во тој момент жената имаше сила да собори десетина цврсти мажи.
– Силувачу! Да даде Господ да гориш во пеколот, реденка да ти направат сто ѓаволи, да не можеш да седнеш од болки во чмарот…
– Марија, смири се, – и рече Енцо кога конечно успеа да ја одалечи од човекот кој остана без едно око и болно врескаше. Спречена од рацете на својот брат не можеше да продолжи да го напаѓа, па продолжи да плука по човекот од далеку.
Енцо ја изнесе од полициската станица против нејзина волја. Се плашеше дека е подготвена да го убие во тој момент.
– Смири, се, Марија, полицијата ќе се погрижи за него…
– Вети ми дека ќе издејствуваш да го убијат, Енцо!
– Смири се…
– Проклет да е! Да гори во пеколот!

По враќањето од селото, скршена од болка Марија Грација влезе во собата каде што Моналиса не можеше да дојде при себе. Без збор легна на постелата до неа и цврсто ја прегрна.
– Зошто ништо не ми кажа, принцезо?
Нивните лица, споени едно до друго, нивните солзи се мешаа во ист виор, соединети во иста бол.
– Ми беше срам да говорам за тоа…
– Затоа сум ти мајка, – Марија Грација не можеше да ја скрие болката. Липаше на сиот глас, држејки го цврсто телото на својата ќерка.
– Затоа не ти кажав. Не сакав да гледам како страдаш, мамичке.
– Тој човек кој го фатил вујко ти да скапе во затвор, мила! Дури ни така нема доволно да плати за она што ти го сторил.

Беше седум часот наутро кога Моналиса влезе во кујната каде што нејзината мајка и тетка месеа тесто за леб. Девојката беше одлучила дека најдобро е да продолжи со своите работни обврски и да се соочи со Фаусто, бидејки само така ќе можеше да продолжи мирно да живее. Зеде една сламена корпа бидејки имаше задача да ги собере јаболките во овоштарникот.
Се упати кон каменото плато додека Зилда ги переше детските алишта на брегот од реката. Црнкињата пееше со својот мелодичен глас. Моналиса се насмевна. Помина скоро месец откако ја силуваше Фаусто и скоро толку откако обвини невин човек за истото. Помина месец затворена во својата соба. Заборави колку е убава природата. Погледна кон сонцето и се намсевна. Сонцето блескаше на синото небо додека дуваше пријатен ветар. Јаболките во овоштарникот беа румени и подготвени за берење. Моналиса набра едно големо и зрело јаболко. Ги бираше само најдобрите додека не ја наполни сламената корпа. Одеднаш, темен облак го прекри сонцето и слушна коњски топот во близина. Се заврте и го виде Фаусто како слегува од својот коњ. Девојката ја пушти корпата и јаболките се истркалаа по земјата. Можеше да почуствува како срцето и изрипува од градите. Направи чекор наназад, посака да побегне колку што ја држеа нозете, но Господарот ја зграпчи со својата цврста рака за половината.
– Види, види, гулабицата решила да го напушти гнездото. Слушнав дека си ја отворила устата.
– Не сум кажала никому дека бевте вие, газда, – гласот и трепереше иако се обидуваше да остане смирена.
– Се гледаш ли со мојот син?
– Не.
– Дали ти личам на слеп?
– Не, газда.
– Рикардо знае…
– Јас не сум му кажала.
– Се надевам дека мојот син е единствениот кој ја знае вистината. Естер е убедена дека оној невин човек кој го префрлија во затвор во Рио е човекот кој те силувал. Така и ќе остане. Ми се допаѓа тоа што обвини друг.
Ја повлече кон себе и ја спушти својата уста на нејзините гради.
– Мирисаш убаво, како и секогаш. Ми недостасуваше.
– Ве молам, немојте…
– Тајната ќе остане меѓу нас. Кажи дека ќе остане меѓу нас, Моналиса!
Таа само немо кимна со главата.
– Не слушам ништо. Рече “да“? Дааа…
Користејки го неговиот момент на слабост девојката се извлече од неговите раце и потрча кон фазендата онолку колку што ја држеа нозете. Трчаше како никогаш претходно.

Рикардо читаше едно од оние романчиња кои излегуваа во серија еднаш во неделата, кои беа увезувани од Рио во локалната продавница во Назаре. Комплетно внесен во четивото, не ја забележа својата мајка кога се појави со мате на верандата. Од другата страна на масата, седеше Елиса довршувајки го гобленот кој го везеше.
– Мамо, каде беше утрово? Те барав насекаде. Зошто не појадуваше со нас?, – Елиса беше полна со прашања.
– Бев да прошетам, да ги средам мислите.
– Зошто не ми кажа да дојдам со тебе?
– Сакав да бидам сама.
– Сеуште си погодена од она помеѓу Антониета и тато?
– Малку…Но, не сакам да зборувам за тоа сега. Сакам да знам за вас двајца. Помина долго време откако не ми се доверувате како порано. Морам да признам дека тоа ме загрижува.
– Понекогаш се повеќе ме задушува животот на оваа фазенда, – рече Елиса, длабоко воздивнувајки. – Никогаш ништо не се случува и се досадувам до смрт.
– Рикардо ми спомна дека наскоро ќе имаме посета, – рече Естер, надевајки се дека ваквата носвост ќе ја развесели нејзината ќерка. – Неговиот пријател, Луис Анжел Бара доаѓа на Темпестад. Зарем не, Рикардо?
– Мхм, – незаинтересирано потврди момчето, комплетно внесен во серијалот.
– Страшно, – рече Елиса. – Тој човек е поздодевен од половина од момците во Назаре.
– Елиса, Луис Анжел е сериозен но не и здодевен, – ја корегираше нејзиниот брат.
– Ако мислиш дека ќе покажам интерес за твојот пријател, грешиш.
– Но, дај му барем шанса. Можеби Луис Анжел Бара ќе те изненади.

По завршените дневни обрски на фазендата, Марија Грација се врати назад во бараката. Беше мрачно и само една свеќа догоруваше на масата. Погледна околу себе. На креветот на кој спиеше Крситина, алиштата беа расфрлани во неред. Зеде една корпа и почна да ги собира работите за перење кога слушна тивок плач од собата на својата ќерка. Не ни знаеше дека има некој дома. Ја отвори вратата и ја пушти корпата на подот кога ја виде својата ќерка како грчевито плаче стуткана на подот под прозорецот.
– Што ти е, љубов моја?
– Не можам повеќе…Мамичке не можам повеќе со ова.
– Еден ден сето ова ќе остане како лош сон. Само бледо сеќавање.
– Дали ти заборави на првиот пат кога Господарот те силуваше?
– Од ден во ден се обидувам помалку да мислам на тоа, – одговори Марија Грација, длабоко издишувајки се. – Фиља миа. Ангел мој. Сигурна сум дека Мадона ќе ти прати добар и убав маж со кој ќе бидеш неизмерно среќна.
– Кој би сакал девојка како мене? Бележана?
– Не говори така, Моналиса. Ти имаш благородна душа.
– И за што ми служи мојата душа кога телото ми е обележано завек? Мама…Сторив нешто страшно. Тој човек, кој сега е во затвор…Не ме ни допре. Не ми стори ништо.
– Како?
– Не беше тој…Несреќникот кој ме силуваше е…Дон Фаусто, – во еден здив одговори девојката.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!