Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #68 |Alevosía

Предавство, епизода #68 |Alevosía

Марко доаѓа на вечера во вилата на Лусија и не може да поверува дека убавата Анхелес е истата онаа девојка на чија убавина се воодушевуваша на фотографијата во станот.

По вечерата, Марко го известува Густаво дека сака подобро да ја запознае девојката, но хирургот го моли да биде внимателен, бидејки состојбатана Анхелес е сеуште деликатна.

Доња Инес, присутна на вечерата, ја забележа заинтересираноста на новиот претседател на клиниката кон нејзината внука и споделува со Лусија дека не и се допаѓа како Марко ја гледал Анхелес. Доња Инес ја известува Лусија дека не сака нејзината фамилија да има ништо со фамилијата Салвадор, откако се случило тоа што се случило во минатото.

Лусија ја прашува својата мајка што се случило со фамилијата Салвадор, но Доња Инес не одговара.

Анхелес го испаќа Марко и тој ја замолува да се видат следната вечер во паркот. Анхелес ја прифаќа поканата.

Мирјам го известува својот сопруг Габино дека никогаш нема да може да и прости на Анхелес за она што го сторила во минатото. Нагласува дека никогаш нема да и прости што им ја запалила винаријата.

Сесилија и префрла на својата тетка Трини дека е виновна што Моника и брат и заминале од Гвадалахара. И нагласува дека ја презира и дека се срами што е дел од фамилијата.

Густаво го известува својот пријател Хоакин дека Нурија била во вилата на Лусија и се претставила како негова роднина. Хоакин повторно го советува хирургот да и ја каже целата вистина на сопругата.

Анхелес излегува во блискиот парк каде што треба да се најде со Марко, но додека го  чека од зад грб и приоѓа Октавио.

 

 продолжува

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!