Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #69 |Alevosía

Предавство, епизода #69 |Alevosía

 

Чекајки го Марко во паркот, на Анхелес и приоѓа Октавио. Откако ќе види дека не го препознава, Октавио и се претставува како болничар кој ја чувал и негивал додека била во кома. Анхелес верувајки му дека ја говоривистината, му се заблагодарува за негата а тој ја замолува да останат во контакт и да бидат пријатели.

Хулија е изненадена кога на прагот од нејзиниот дом ќе се појави нејзината ќерка Беатрис која ја нема видено со години.

Марко доаѓа на закаѓаното место и и се извинува на Анхелес за доцнењето. И подарува црвена роза која ќе предизвика насмевка на нејзиното лице. Откако ќе и подели комплименти дека ја има најубавата насмевка, Анхелес му кажува дека се сретнала со болничар кој ја негувал додека била во кома.

Трини и префлра на Лусија да не си мисли дека ако добила битка ја добила и војната. И вели дека на крајот ќе направи се што е во нејзина моќ Анхелес да ја презира и мрази како порано.

Анхелес и Марко поминуваат пријатно попладне во паркот јадејки сладолед и шекерна волна. На крајот го крунисуваат убавиот ден со топол и романтичен бакнеж покрај езерото.

Густаво го замолува својот пријател Алберто да му направи конструкција на куќа бидејки сака да и подари дом на Лусија кој ќе биде само за нив и детето кое го чекаат. Алберто радо ја прифаќа задачата.

Врската на Диего и Раул е во криза, па Диего и се жали на својата мајка за истото.

Трини кова кој би бил совршен план за да си ја поврати саканата ќерка и дај аодалечи од домот на Лусија.

Лусија го прашува Густаво дали повторно се видел со роднината Матилде, а Густаво одлучува да и ја признае целата вистина. И признава дека се вика Нурија и дека не му е роднина, туку поранешна вереница која многу ја сакал, но му г о скршила срцето оставајки го на денот на нивната венчавка. Лусија е несреќна што толку време го криел тоа од неа, и го замолува да ја остави сама. Полна со хормони поради бременоста Лусија плаче затворена во спалната соба.

Следното утро, Марко добива радосна вест кога неговата секретарка ќе ја најави на гости Анхелес. Девојката е дојдена да ја види старата канцеларија на својот татко, со цел да се потсети на нешто од своето минато. Тој ја известува дека живее под кирија во нејзиниот стар стан и Анхелес го замолува да ја одведе таму.

Кога ќе дојдат во станот ќе порачаат кинеска храна. Анхелес ќе му признае дека претходно била мажена, но дека не се сеќава ниту како и изгледа сопругот. Марко и вели дека нема проблем со тоа и нежно ја бакнува.

Лусија и признава на својата пријателка Нати дека Густаво ја лажел за Нурија. Нати ја советува да не се предава така лесно и да му верува на Густаво бидејки сепак бил искрен со неа.

Со цел да ја тргне Анхелес од куќата  на Лусија, Трини се јавува во полиција и се претставува како Мирјам, пријавувајки ја Анхелес дека ја запалила нивната винарија.

На крајот, Лусија го наоѓа телефонот на Нурија и и се јавува да ја извести дека знае се и да ја потсети дека сега Густаво е нејзин сопруг и дека така ќе остане.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!