Погребот на старата Тили се одржа на селските гробишта зад црквата. Присуствуваа речиси сите вработени на хациендата, стопаните на истата и фамилијата Анџели. Откако сандакот на старата жена беше спуштен два метри под земјата, во својот вечен дом, Енцо отстапи со цел да одржи краток говор за својата мајка, но Марија Грација го спречи објаснувајки дека говорот ќе го одржи Фаусто Кастењон. Енцо почуствува како гневот му се таложи, кога до гробот отстапи господарот на Темпестад.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 7 – „Бакнеж под врбите“
Погребот на старата Тили се одржа на селските гробишта зад црквата. Присуствуваа речиси сите вработени на хациендата, стопаните на истата и фамилијата Анџели. Откако сандакот на старата жена беше спуштен два метри под земјата, во својот вечен дом, Енцо отстапи со цел да одржи краток говор за својата мајка, но Марија Грација го спречи објаснувајки дека говорот ќе го одржи Фаусто Кастењон. Енцо почуствува како гневот му се таложи, кога до гробот отстапи господарот на Темпестад.
– Би сакал да кажам неколку зборови за нана Тили, – рече Фаусто, гледајки во насобраните и ужалените. – Нана Тили засекогаш ќе остане во срцата на фамилијата Кастењон. Боже, прими ја оваа жена во твојата милост и отвори и го патот кон небесата.
Додека Фаусто го држеше говорот, Алис ја забележа онаа жена од патот, Кристина, како стои зад дебелиот даб и набљудува.
– Збогум засекогаш, – додаде Фаусто и посегна по рака земја која ја фрли врз дрвениот сандак.
Енцо не можеше да остане молчејки, па отстапи неколку чекори и рече:
– Како син на Тили, сметам дека имам право да кажам неколку зборови.
Фаусто погледна презирно во синот на домарката.
– Лично јас не верувам во Господ, – започна Енцо, а ваквите зборови удрија како гром од ведро небо врз Фаусто. – Но, верувам во човекот, – додаде Енцо. – Во соништата, во идеалите…
Естер која стоеше на страна, држејки се со Елиса под рака, со воодушевување гледаше во храбриот маж пред себе. – Мојата мајка живееше за своите деца. Работеше до последниот ден од својот живот. Затоа сме тука, да ја испратиме со кренати глави и со достојна гордост. Збогум сакана и почитувана мајко, – заврши Енцо, фрлајки див јасмин врз сандакот.
– Не е праведно да се негира постоењето на Бога, – рече Фаусто, повторно истапувајки. – Но милоста на Господ е неограничена и секогаш проштева. Сега сакам да се помолиме за нана Тили онака како што не има научено нашиот Господ, Исус Христос. Оче Наш, кој си на Небесата…
Молитвата се разгласи низ толпата народ и сите продолжија да ја цитираат следејки го гласот на Фаусто. Сите освен Енцо. Естер погледна во него.
По погребот, Марија Грација немаше никаква воља да продолжи со домашните обврски. Го сецкаше зеленчукот во кујната, додека горчливи солзи се лиеа по нејзиното лице. Енцо пријде и ја прегрна цврсто.
– Како ќе живеам без мама, Енцо?
– Исплачи се, сорела. Ќе ти биде подобро. Добро знаеш дека мајка боледуваше во последно време и сигурно и олеснало сега. Исто треба и тебе. Повеќе не си должна да ја негуваш.
– Негата кон мама не ми претставуваше никаков терет, Енцо, – одговори Марија Грација, додека солзите непрестано лиеа по нејзиното лице. – Таа жена беше мојата радост и инспирација.
– Смири се, – рече тој, бакнувајки го нејзиното лице, сушејки ги нејзините солени солзи.
– Енцо, не ми се допадна она што го кажа на погребот. Дека не веруваш во Господ. Дека не постои задгорбен живот…
– Ах, Марија Грација. Единствениот живот кој го живееме е овој, на земјата. Нема ништо повеќе.
– Да, но твоите зборови го налутија газдата.
– Добро, но тоа не значи дека сите размислуваме исто.
– Енцо, не можев да не го наслушнам разговорот помеѓу тебе и дон Фаусто утрово. Брате, те молам, ако животот ти е мил, не и приоѓај повеќе на госпоѓа Естер. Не чини да се предизвикува газдата.
Попладнето, Естер пиеше чај на верандата, онаму каде што сенката беше најдебела, на местото каде што дивите рози ползеа по фасадата на куќата а погледот ја нудеше најубавата панорама преку садниците земја. Тука доаѓаше секој пат кога имаше потреба да биде сама, да биде изолирана или едноставно сакаше да размисли. Но, почуствува нечие присуство за кратко, па го заврт погледот.
– Енцо?!
– Госпоѓо Естер…Простете што ви пречам.
– Не ми пречите.
– Знам дека на Вашиот сопруг не му се допаѓа кога зборувате со странци, но сакав да Ви дада подарок.
– Подарок? За мене?, – праша Естер.
Несвесни дека некој будно ги набљудува зад живата ограда, Енцо извади една книга од внатрешниот џеб на палтото и и ја подаде.
– За Вас…
Книгата беше збирка поезија на Роналд де Карваљо.
– Ја обожавам поезијата на Роналд де Карваљо, – крикна Естер, презадоволна од внимателниот подарок. – И од каде Вие е Вам оваа книга?
– Ми ја подари еден професор во училиштето каде што работев.
– Не знаев дека сте професор.
– Не сум. Бев само курир.
– Во секој случај, не можам да ја прифатам, – додаде Естер, враќајки му го подарокот.
– Инсистирам да ја задржите. Прочитајте ја и потоа кажете ми како Ви се допадна.
Не и требаше многу да ја убеди.Низ блага насмевка ја принесе книгата близу градите и му се заблагодари.
– Не знаев дека сакате книги.
– Сакам многу, – одговори тој, гледајки во нејзините убави очи. Пријде уште поблизу до неа, додека будниот поглед зад оградата не престануваше да набљудува.
– Се што знам за животот имам научено од литературата,- рече тој.
Естер го гледаше со восхит. Никогаш во животот немаше сретнато маж кој се изразуваше и зборуваше како него. Мажите кои ги познаваше сакаа коњи, пијалок и муабети за војна и политика, но Енцо беше поинаков.
– Мислам дека е подобро да заминете, – претпазливо рече таа колку и да уживаше во нивниот разговор.
– Не, не сакам да си одам. Не сакам да бидам далеку од Вас, – смело и призна тој и за момент ги запечате нејзините усни со својите бакнежи.
Естер се опираше првобитно, но допирот на неговата мека брада, сочноста на неговите усни, влажноста на неговиот јазик ја правеше само да сака повеќе. Во животот никој ја немаше бакнато така, со толку многу страст и емоции. Се предаде целосно на уживањето, несвесна дека нејзината ќерка Елиса беше сведок на нејзината прељуба.
продолжува во среда…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет