Гостиварчанката Жаклина Трифуноски собрала 12.000 денари во монети со кои купила телевизор од продажниот салон на Техномаркет во Гостивар.
Вработените 3 часа ги броеле монетите и ја констатирале конечната сума. Покрај телевизорот вработените од Техномаркет за овој невообичаен гест подготвиле посебен подарок за најмалиот член на семејството Трифуновски.
– „Пред 7 години, по раѓањето на мојата ќерка, одлучив да собирам ситни парички, кои планирав да ги искористам за вреден производ. Мојата и желбата на моето семејство беше да набавиме модерен телевизор кој што ќе не потсетува на долгогодишната заштеда во која учествуваме јас, ќерка ми и мојот сопруг. На вработените во Техномаркет, сум им особено благодарна затоа што со големо задоволство ги броеја монетите и со нетрпение очекуваа да видат која е конечната сума“, изјави среќната купувачка Жаклина Трифуновска.
Интересното хоби на гостиварчанката Жаклина, со текот на времето прераснало во навика која што го збогатила домот на нејзиното семејство со вреден производ.
| ТВ Пакет