Лусија добива неочекуван телефонски повик таа вечер. Густаво и признава дека е убава жена и дека секој маж би бил среќен да ја има.
Истовремено, очајна и во солзи, Анхелес доаѓа кај својата тетка Тринидад и бара совет за како да го врати назад згодниот доктор.
Гусатво и вели на Лусија дека одвај чека да ја види следниот ден на роденденот кај Нати, признавајки и дека не може да престане да мисли на неа. Изненадена од зборовите на згодниот доктор, Лусија не може да си поверува во тоа што го слуша.
Следниот ден, Игнасио ќе ја донесе Трини во станот каде што до скоро живееше неговата љубовница Наталија и ќе ја замоли својата балдска да ги исфрли сите постоечки работи и да го ре-декорира целиот стан по нејзин вкус. Трини, ваквата шанса ја сфаќа како голема можност дека Игнасио планира иднина со неа по разводот со Лусија.
Истиоот тој ден, Игнасио го бара својот син Диего за разговор и го прашува зошто сака да ја остави кариерата во медицината? Откако Диего ќе му признае дека никогаш не уживал во тој избор, дека запишал студии само за да го задоволи својот татко и дека секогаш сакал да студира нешто сосема друго, Игнасио го набедува својот син дека е хомосексуалец и му вели дека се срами од него.
Се е подготвено за роденденската забава на Нати. Анхелес која не е подготвена да го заборави Густаво решена е да го следи. Самата не може да си поверува кога ќе го види Густаво со својата мајка како се забавуваат на терасата во домот на Алфредо.
Иако Лусија чувствува голема привлечност кон хирургот,
се плаши дека разликата во годините помежу нив е преголема за да направи нешто.
Во солзи и низ бес, Анхелес ја бара својата тетка Трини и и признава дека нејзината мајка се гледа со човекот која таа го љуби.
Следниот ден Игнасио го повикува Густаво на состанок. По долгиот сотанок поврзан за работа и импресиониран од способноста на младиот хирург, Игнасио му предвидува сјајна кариера на Густаво во клиниката.
Лусија не може да ги крие своите чувства за младиот хирург и и признава на Чоле дека запознала маж кој ја прави да се чувствува жива. Но, Лусија е загрижена за разликата во годините помеѓу двајцата, а Чоле ја советува да продолжи да живее и да се бори за она што го чуствува.
Повреден поради однесувањето на својот татко, Диего одлучува да замине од дома. На излезот од вилата, Игнасио му се заканува дека ако го напушти прагот нема повеќе да го смета за свој син. Со тешко срце и насозлени очи, Диего заминува од дома.
Анхелес се наоѓа на ручек со својата тетка и Трини ја советува дека треба да му каже на татко и дека нејзизната мајка има помлад љубовник.
продолжува