Вчеравечер во Националната Арена Филип Втори во Скопје се случи спектакл кој веројатно уште долго време нема да се повтори. Секоја чест до продукцијата План Б кои најавија спектакл и го остварија тоа.
Како што и се очекуваше беа потребни неколку часа само за да се наполни Арената, градот беше преполн со луѓе од други градови кои дојдоа специјално за концертот на Жељко Јоксимовиќ. На почетокот публиката ја загреа Жаре Бербер со песни од Тоше Проески и други хитови. Ѕвездата на вечерта на сцена се појави дури во 22:00 часот, тогаш кога јужната, западната и северната трибина заедно со партерот беа преполни со публика гладна за добра музика.
Жељко Јоксимовиќ својот концерт за кого рече дека со него ќе започне една нова ера во неговиот живот, го отвори со големиот хит „Либеро“. Сите 70.000 посетители на концертот оваа песна ја отпеаја во еден глас. Појавувањето на Даниел Кајмакоски за дуетот со Жељко Јоксимовиќ ја крена целата публика на нозе, а гости беа и Рибља Чорба, Тавитјан, Лепа Брена и Жељко Самарџиќ. Сите му честитаа на Јоксимовиќ за овој успех.
Концертот беше пренесуван во живо на Youtube канал отворен од Minacord Production, на истиот неколку пати му се оддаде чест на единствениот Македонец кој ја наполни Арената, Тоше Проески.
{gallery}062014/zeljkoj{/gallery}
фото: Minacord Production