Откако Алисиња ја исплати Кристина за добро сработената задача, италијанката се дрзна да праша од каде е толку сигурна дека Анибал нема да ј аотркие нивната игра.
Алисиња се закикоте.
– Анибал е едноставен, не може да дознае.
– Дали сте свесна дека ова може да ве кошта скапо?
– И каде е проблемот?, – провокативно праша Алис.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 72 – „Енцо дознава кој ја силувал Моналиса“
Откако Алисиња ја исплати Кристина за добро сработената задача, италијанката се дрзна да праша од каде е толку сигурна дека Анибал нема да ј аотркие нивната игра.
Алисиња се закикоте.
– Анибал е едноставен, не може да дознае.
– Дали сте свесна дека ова може да ве кошта скапо?
– И каде е проблемот?, – провокативно праша Алис.
– Што ако Ве уценувам за стореното?
– Не би се осмелила, – дрско и врати младата жена. – Сите имаат цена, дури и ти, – додаде Алис, извади еден златен прстен од својата десна рака кој и го подаде на италијанката.
– Тогаш, ќе ја повториме ли и вечерва играта со Вашиот сопруг?
Лукреција која кратко стоеше на вратата стана ссвесна за се. Сега сфаќаше зошто Анибал не можел да ја препознае Алис во постелата.
Во работната соба, Фаусто наздрави со својот помлад син.
– Рече дека ќе размисли за понудата, но исто како да ја прифатил, – триумфално се смешкаше Фаусто.
– И кои се твоите планови сега, татко?
– Откако ќе потпишеме договор за партнерство ќе го елиминирам. Но, не само него туку и целата негова фамилија.
Рикардо за момент ке се задаваше со сопствената плуканица. Смртта на фамилијата Анџели значеше и смрт на Моналиса. Дали можеше да си го дозволи тоа?
Кристина беше шокирана тоа претпладне кога го посети својот брат во колибата откако дојде по неговиот веш за перење. Новоста дека Енцо размислува да го зеде Фаусто како партнер ја фрапираше Кристина.
– Дали си полудел, фратело? Дон Фаусто ти го испрал мозокот или…
– Нештата драстично ќе се променат на Темпестад, Кристина.
– Нештата никогаш нема да се промената на оваа проколната земја Енцо, досега требаше да ти биде јасно. Зошто не ме праша пред да договориш алијанса со тој ѓавол? Покрај се и јас имам дел од таа земја.
– Не бери гајле, Кристина ти ќе си го добиеш својот дел, – ја смируваше Енцо. – Само сакам нештата да се променат. Кога ќе бидам партнер на Темпестад, платата на работниците ќе се зголеми, нема да има повеќе насилство…
– Навистина?, – саркастично го праша таа. – Ти никогаш нема да го спречиш Фаусто да биде насилен.
– Зошто мислиш така?
– Бидејки Фаусто Катсењон ја силуваше Моналиса!
Како крадец во ноќта црна сенка се движеше по верандата на фазендата. Беше скоро полноќ и светилките беа згаснати, освен неколку фенери кои гореа до зора. Енцо внимателно ја отвори вратата и влезе во холот. Беше уште помрачно отколку надвор. Посегна по својот џеб и го озвади револверот чие сребро отсјајуваше на запалените свеќи на лустерот.
Таа ноќ, Алис повторно му ги затвори очите со црн превез на својот сопруг. Анибал уживаше во во допирот на своето тело со телото на својата сопруга, несвесен дека неговото семе завршува во утробата на друга жена. Алис не можеше да одолее на искушението гледајки ја Крситина гола со своите заносни облини. И самата ја слече сатенската ноќница и пријде до креветот. И беше доволен само допир со кожата на италијанката за да ги смири своите фантазии. Но, непоканет гостин се исперчи на вратата од собата. Лукреција крикна на сиот глас кога ги здолгледа двете голи жени на креветот и Анибал со врзани очи.
– Што правите?, – извика Лукреција колку што ја држеше гласот.
– Лукреција, – крикна Анибал. Посака да го тргне превезотод своите очи, но рацете му беа заврзани.
Двете жени изрипаа од постелата и посегнаа по своите ноќници, додека Лукреција го извади превезот од очите на Анибал.
– Ккао можеш да бидеш толку наивен, Анибал?
Како да прогледал по денови слепило. Пред него стоеа две полуголи жени од кои едната од нив не беше неговата сопруга.
– Што значи ова?
Естер не можеше да запсие таа вечер. Читаше до доцна во својата соба кога почуствува жед па ја остави книгата на масичката до свеќата која догоруваше и се упати кон кујната по чаша вода. Одеднаш забележа дека вратата од собата на Фаусто е подотворена. Направи чекор за да ја затвори кога го забележа Енцо, на месечавата светлина која допираше преку прозорецот, со револвер во раката вперен кон постелата на Фаусто кој мирно спиеше.
– Енцо, не, – пригушливо крикна нафрлајки му се.
Анибал беше шокиран. Гледаше во двете жени пред себе и се чуствуваше понижено како никогаш претходно во животот.
– Кристина, како можеше?
– За пари сум подготвена да сторам се, – призна италијанката без грам срам.
– Тоа значи дека сношти…
– Да. Сношти јас бев таа која те задоволи.
– Излегувај од мојата соба, Кристина!
– Анибал, не прави скандал, – го предупреди Алисиња.
– Зарем не сфаќаш дека ова е веќе скандал?, – како змија отровница, Лукреција се нафрли врз својата ќерка.
– Не можам да те препознаам, мама. Ти секогаш велеше дека нема ништо лошо во сексот.
– Како можеше да сториш нешто вакво? Се срамам што сум ти мајка!
– Ти секогаш си се срамела од тоа, не е ништо ново.
– Точно. За прв пат се согласуваме во нешто.
Откако успеа да му го зеде оружјето, Естер го изнесе Енцо од собата на Фаусто и влегоа во нејзината соба.
– Ти не си убиец, Енцо! Што те натера да дојдеш во оваа доба и да го убиеш Фаусто?
– Имам своја причина, Естер.
– Да? Сакам да ја чујам.
– Твојот сопруг ја силувал мојата внука Моналиса. И не ми вели дека тоа те изненадува, Естер.
– Боже мој, значи повторно ме прелажал…
– Твојот сопруг е ѕвер кој не заслужува да живее.
– Не, Енцо. Ти не…
– Дај ми причина, една причина за да го оставам во живот.
– Ако го убиеш Фаусто, ќе одиш во затвор а јас не сакам да те загубам, – отворено му призна таа , ставајки му го своето срце на дланка. – Не прави го тоа, те молам.
– Но, Естер…Само смртта на Фаусто ќе не спои нас двајца засекогаш.
– Тоа не е начин, – рече таа и ја спушти главата.
– Кој е вистинскиот начин тогаш?
– Секоја пат кога си ми блиску се прашувам истото.
– Дали тоа значи дека сеуште имаш чуства за мене, Естер?
– Нека ми прости Бог, но да. Вљубена сум во тебе.
Тој се насмевна. Изговарајки ги тие зборови Естер поцрвене, но тоа ја правеше само поубава.
Таа го допре неговото лице кое беше студено и мокро од ноќната влага. Доби нагон да го затопли.
Неговиот поглед се лепеше за нејзините сензуални усни.
– Ме љубиш? Призна дека ме љубиш.
Таа го помилува по косата. Секако дека го љубеше. Го љубеше секој детал на неговото тело. Од првиот момент кога го здогледа на фазендата
– Ме љубиш ли ти мене?, – го праша смело.
Секако дека ја љубеше. Никогаш претходно немал љубено со таква сила.Имаше жени во животот но сите беа минливи. Се додека не ја сретна неа. Наместо одговор и подари бакнеж. Врел и страсен бакнеж на кој сведок беше една сенка зад вратата. Некои љубопитни очи беа сведок на големата љубов помеѓу нив двајцата.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет