Нурија се наоѓа со Трини на кафе бидејки и треба помош да ги раздели Лусија и Густаво. За време на нивниот разговор се појавува Октавио кој е восхитен од убавината на Нурија.
Тоа попладен Лусија добива букет рози во вилата со картичка на која пишува; Од некој кој многу те сака.Лусија верува дека картичката е од Густаво па му се јавува да му заблагодари, но хирургот и вели дека не и пратил никакви рози. Лусија почнува да се загрижува.
Првата забава која ја приредува Беатрис како ПР на клубот, е вистински погодок. Хоакин ја запознава со својот пријател Диего.
Нурија и Трини го започнуваат својот план. Нурија му се јавува на Густаво и го известува дека ако не дојде веднаш во нејзината хотелска соба, ќе си го одземе животот. Кога Густаво ќе дојде, ја затекнува младата жена легната на креветот, полугола со празно шише пилули покрај себе. Несвесен дека е дел од опасна игра, Густаво почнува да ја масира и да и дава вештачко дишење, додека од другата просторија Трини прави фотографии кои делуваат еротски.
Анхелес која доаѓа во клиниката на втора терапија, ја прашува сестрата Сара кој бил болничарот кој ја негувал додека била во кома. Свесна дека прашува за Октавио, Сара ја лаже Анхелес дека тој болничар повеќе не работи во клиниката.
Доња Инес ја искажува својата загриженост пред својата пријателка Хулија дека не сака нејзината внука Анхелес да заврши со Марко Салвадор. Хулија ја прашува што има толку против споменатата фамилија.
Лусија ги добива на адреса фотографиите од Густаво и Нурија и не може да ги задржи солзите.
Во меѓувреме, Нурија е сместена во клиниката на испумпување на стомакот. Кога ќе ја посети Густаво таа го лаже дека посегнала по пилули бидејки ја посетила Лусија во хотелот и и кажала дека никој никогаш нема да ја сака и дека секогаш ќе остане сама.
Во тој момент во клиниката доаѓа Лусија и ги покажува фотографиите кои ги доби. Густаво се обидува да и објасни на својата сопруга дека се било исценирано и дека сега го сфаќа тоа, а Нуриј глумејки жртва и вели на Лусија дека не сака ништо од Густаво само да си ја прифати одговорноста како татко на нејзиното дете. Лусија не е во состојба да продолжи да ја слуша конверзацијата и расплакана ја напуштаклиниката, додека Густаво бара објаснување од Нурија за какво дете зборува?!
продолжува