Сонцето беше слабо тоа утро. Јато од кискадии летаа кон небото и слетаа во гнездата на високите тополи кои и држеа сенка на старата фазенда.
Фамилијата беше собрана во големата трпезарија за појадок. Единствено недостасуваше Естер, а нејзиното отсуство Фаусто го гледаше како непочит. Додека Моналиса ги служеше господата а Антониета гледаше од страна дали нешто недостасува, Фаусто отвори една болна тема за својот постари син.
– Како ти оди во бракот, Анибал? Не заборавај дека чекам многу внуци.
– Оди добро, татко.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 77 – „Срце од челик“
Сонцето беше слабо тоа утро. Јато од кискадии летаа кон небото и слетаа во гнездата на високите тополи кои и држеа сенка на старата фазенда.
Фамилијата беше собрана во големата трпезарија за појадок. Единствено недостасуваше Естер, а нејзиното отсуство Фаусто го гледаше како непочит. Додека Моналиса ги служеше господата а Антониета гледаше од страна дали нешто недостасува, Фаусто отвори една болна тема за својот постари син.
– Како ти оди во бракот, Анибал? Не заборавај дека чекам многу внуци.
– Оди добро, татко.
– Се надеваме дека наскоро ќе имаме принова во куќата, – додаде Алис од спротива.
Во трпезаријата влезе Антенор. Ја извади капата од својата глава, се извини пред присутните и праша каде е госпоѓата Естер.
– Сигурно е во собата, сеуште не е слезена, – одговори Фаусто.
– Прашувам бидејки го најдовме пастувот сам, залутан на пампата. Пастувот на госпоѓа Естер, – појасни Антенор.
– Фаусто, Естер не е во нејзината соба, – изјави Антониета, откако слезе од катот. – Очигледно ниту спиела во собата бидејки креветот е недопрен.
Фаусто веднаш организира потера. Марија Грација запали свеќа пред Богородица молејки се за својата Господарка. Од дното на коридорот допираше плачот на Елиса. Естер беше најдена доцна тоа претпладне, во бесознание, онаму каде што минатата ноќ коњот ја имаше фрлено.
Енцо не можеше да затвори око цела ноќ. Се чуствуваше предадено и срцето му се кинеше поради изборот на Естер. Слушна благо тропање на вратата од колибата и помисли дека е некој од работниците или некоја од неговите сестри. Но, кога ја отвори вратата, се соочи со погледот на Антониета.
– Госпоѓице Антониета, од каде Вие овде?
– Добар ден, Енцо. Се работи за Естер.
– И се случило нешто?
– Ја најдоа во бесознание среде шума.
– Дали е сериозно?
– Не знам.
– Благодарам. Ќе одам да ја видам.
Нејзините три деца, сопругот и Марија Грација беа првите лица кои Естер ги виде кога ги отвори очите. Се наоѓаше на својот удобен кревет во својата соба на фазендата, чуствувајки силна главоболка и телесна малаксаност.
– Што се случи?, – праша со суви усни. Марија Грација и принесе чаша со вода.
– Си паднала од коњот, мајко, – одговори Анибал.
– Што точно се случи, Естер?, – инсистираше Фаусто.
– Јавав кон колибата на Енцо…
– Што си барала таму?, – Фаусто не можеше да се контролира ниту во такви моменти.
– Сакав да рагзоварам со него за бракот со Елиса.
– Естер, таа одлука е веќе донесена, – ја потсети нејзиниот сопруг со повишен тон.
– Не е момент сега да зборуваме за тоа, – се замеша Анибал. – Дали точно се сеќаваш што се случи, мајко? Зошто падна од коњот?
– Да, – одговори Естер како во бунило. Сликите полека почнаа да и се враќаат. – На патот сретнав една жена, жена во црно…
– Акасија, – на сиот глас крикна Марија Грација, прекривајки си ја устата. – Госпоѓо, Вие сте имале средба со Акасија.
Откако сите ја оставија Естер сама во собата да одмори, Фаусто излезе на верандата, запали цигара и длабоко зеде дим кога го здогледа Енцо како ги врзува уздите од својот коњ на тарабата.
– Дојде да ја видиш Елиса? Не слушнав дека бараш дозвола да ја видиш мојата ќерка.
– Не, дојдов бидејки слушнав дека твојата сопруга имала несреќа.
– Како дозна?
– Лошите вести секогаш летаат. Како е госпоѓа Естер?
– Добро е, се одмара. За среќа не беше ништо сериозно. Ќе ја известам дека си дошол да ја видиш.
– Прости, Фаусто, но би сакал да ја видам, – со сета храброст Енцо го побара тоа.
– Сакаш да ја видиш мојата сопруга?, – Фаусто не можеше де поверува во дрскоста на својот противник.
– Фаусто, сега кога ќе се оженам за твојата ќерка, ќе бидеме фамилија.
– Немој да леташ толку високо италијанецу, – цинично додаде Фаусто ставајки крај на разговорот, појаснувајки му дека ни преку него мртов нема да дозволи да ја види Естер.
Енцо ја врати шапката на својата глава, го одузда коњот и се упати назад по патот од кој што дојде.
– Зошто дојде Енцо?, – од зад грб, Фаусто го слушна гласот на својот постар син.
– Дојде да ја види Елиса но му кажав дека не смее да доаѓа без претходна најава. Анибал, сакав да рагзоварам со тебе.
– За што?
– Ми се чини дека твојот брак со Алисиња не функционира баш најдобро.
– Имаме проблеми како и секој млад пар, но ништо сериозно.
– Ништо сериозно, велиш?, – скептично праша Фаусто, повлекувајки нов дим од цигарата. – Тогаш, штом е така зошто не остане бремена?
– Татко, проблемот со Алисиња е од друга природа, – со кнедла во грлото рече Анибал.
– Кој е проблемот, тогаш?
– Проблемот е што Алисиња не ја привлекуваат мажи, татко.
Jа држеше силно меѓу своите цврсти раце. Анибал не можеше да стори ништо, освен да стои на страна како нем сведок, додека неговиот татко ја влечеше неговата сопруга од фазендата до капелата. Алисиња го молеше да стори нешто, но рацете му беа врзани. Фаусто грубо ја турна својата снаа пред олтарот во полумрачната капела.
– Ти си болен, болен човек, Фаусто Катсењон, – низ солзи повторуваше девојката.
– Во тебе живее ѓаволот, Алис. Затоа те донесов тука, за да се покаеш пред Бога за гревот во кој живееш. За гревот дека те привлекуваат жени!
– Не, ништо нема да ме натера да се покаам. Јас не сум болна, мене навистина ми се допаѓаат жени.
– Замолчи, – Фаусто и врза силна шлаканица. – Слушај ја, Анибал, слушај како ѓаволот говори преку неа. Држи ја.
Анибал не можеше да му се спротистави на својот татко. Ја задржа Алис со своите раце, додека Фаусто и ја раскина кошулата од страната на грбот.
– Издржи, Алисиња, ова е за твое добро, – ја тешеше Анибал својата сопруга, додека девојката го почуствува првиот удар од камшикот на Фаусто на својот грб. Тоа беше најболната болка која некогаш ја почуствувала во животот. Чуствуваше како камшикот и ја сече кожата на две додека крвта избиваше на површина.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет