Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (78. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (78. продолжение)

 
Естер лежеше мирно во постела кога влезе нејзината роднина во собата. Лукреција благо се насмевна кога виде дека Естер е добра, па пријде до неа и нежно и ја зеде раката.
– Како се чуствуваш?
– Подобро.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 78 – „Нов гостин на Темпестад“

 
Естер лежеше мирно во постела кога влезе нејзината роднина во собата. Лукреција благо се насмевна кога виде дека Естер е добра, па пријде до неа и нежно и ја зеде раката.
– Како се чуствуваш?
– Подобро.
– Но, каде одеше сношти, роднино?
– Кај Енцо, сакав да го видам. Сакав за поселден пат да му кажам колку го сакам. Знам дека ќе биде лут што го одбивам.
Лукреција длабоко воздивна. Чуствуваше покајание во гласот на својата роднина.
– Немам право на избор, – разочарано рече Естер. – Но не можам да издржам ако се ожени за мојата ќерка.
– Тогаш остави се и побегни со него.
– Немам храброст да оставам се и да побегнам со него.
– Тогаш ако немаш храброст, заборави го.
– Морам да му кажам за моите чуства. Лукреција, ќе те замолам за една услуга. Ќе напишам писмо…Те молам однеси му го на Енцо. Ти си единствената во која имам доверба.

Алисиња лежеше на стомак на својот кревет. Болката која ја чуствуваше на разранетиот грб беше неиздржлива. Анибал и пријде, прашувајки ја дали и треба нешто но таа само го одби. Не сакаше никогаш во животот да го види повторно.
– Оди си! Не сакам да те видам! Ти си најбедниот маж кој сум го запознала.
– Разбери ме, Алисиња, само сакав да ти помогнам.
– Твојот татко е монструм…
– Не заборавај дека сме под негов кров, – ја потсети Анибал.
– Никој нема право вака да се однесува, нико, – низ горчливи солзи повторуваше девојката.
– Се надевам дека оваа лекција ќе ти биде од помош за да истераш на правиот пат.
– Не знам како сум можела да прифатам да се омажам за гнида како тебе.
– Алисиња, само гневот зборува од тебе.
– Не, јас те презирам, Анибал. Те мразам!
Во собата влезе Лукреција. Остана без здив и со широко отворени зеници кога ја здогледа својата ќерка во таква состојба на креветот.
– Боже мој, што се случило?
– Прашај го твојот љубовник, мајко, – низ заби одговори девојката. – Да видиме дали е доволно маж за да ти ја каже вистината. Кажи и, Анибал. Кажи и што ми направи татко ти по твоја вина.

Влезе во работната соба на Фаусто како фурија, како бесна мајка која со канџи го бранеше своето чедо од опасност.
– Животно! Како си можел да и го направиш тоа на Алисиња?
– Имав право да и го дотерам умот, – Фаусто се бранеше од нападите на Лукреција, која со нокти забиваше во неговата кожа.
– Ти немаш никакво право!
– Го имам сето право на светот и ако сакам истото ќе го направам и со тебе, – и се закани, додека грубо и ги притискаше дланките.
– Осмели се!
– Ти и твојата ќерка сте лажги!
– Се колнам дека ќе зажалиш за стореното, Фаусто Кастењон!
– Дали ми се закануваш?
– Да.
– Сега разбирам зошто го остави гламурот на Европа и ја доведе твојата ќерка на оваа фазенда далеку од светот кој ве познава.
Лукреција го спушти погледот. Не сакаше да му ја признае вистината бидејки истата беше очигледна, но не можеше да му прости за нечовечкото однесување.
– Мојата ќерка е обичен човек како сите други.
– Твојата ќерка е перверзна и болна! Но, не грижи се. За да не се влече името на мојата фамилија по селото како стара черга, јас ќе ја излечам Алисиња. Ќе направам од неа покорна и примерна снашка.
– Само преку мене мртва! Јас и Алис уште денес ќе си одиме одовде!
– Жалам што ќе те разочарам, Лукреција, но твојата ќерка е мажена за Анибал.Твојата ќерка е Кастењон и како таква должна е да го почитува името кое го носи. Затоа ќе остане тука засекогаш!
Лукреција ги подголтна своите солзи. Добро знаеше дека Фаусто нема да ги остави мирни, дури ни бегството не беше спас.

Следното утро, Естер веќе се чуствуваше многу подобро па слезе долу во трпезарија за да појадува со остатокот од фамилијата. Лукреција остана во собата на својата ќерка и немаше волја да појадува на иста маса со човекот кој го сметаше за најголем непријател. Единствено недостасуваше Елиса, која на крајот влезе со широка намсевка на лицето.
– Добро утро, фамилијо. Мајко, не знаеш колку ми е мило што си подобро.
– На што се должи твојата убава насмевка утрово, ќерко?
– Имам нешто многу важно да ви соопштам. Сношти разговарав со татко и го одредивме датумот за мојата венчавка со Енцо.
Самиот збор венчавка предизвикуваше немир во стомакот на Естер.
– По моја идеја и со одобрение на татко, јас и Енцо ќе се венчаме на мојот роденден.
Додека браќата и честитаа на својата помала сестра, Естер остана да стои како парализирана и бледа. Среќа Антониета го прекина непријатниот момент најавувајки го долгоочекуваниот гостин од Рио. Посетата на Луис Анжел Бара развлече насмевка на лицето на Естер. Дали планот ќе успее и дали тоа момче ќе успее да ја тргне Елиса од Енцо? Толку многу прашања без одговори.
Луис Анжел беше високо момче со благи црти на лицето. Беше млад, згоден и идеална прилика за секоја млада жена.
– Луис Анжел Бара, – крикна Рикардо кога го здогледа својот пријател на прагот од трпезаријата и му потрча во прегратка.
– Рикардо, помина толку време.
– Повели пријателе.
Момчето љубезно се насмевна и им посака добар ден на сите присутни.

Енцо го најде намирисаното писмо од Естер под вратата во својата колиба. По печатот и ракописот знаеше од каде доаѓа. Излезе на сонце и се потпре на бунарот. Сончевите краци се отсликуваа од жолтата харитја.
– „Љубен мој. Многу пати размислував за оваа конечна одлука. Не ми останува друго освен да ти кажам збогум. Не знам дали претходно сум ти кажала, но мојот живот комплетно се промени откако те запознав. Со тебе ги поминав најубавите мигови како жена и тие сеќавања засекогаш ќе останат дел од мојата душа како сведок на она убаво кое го имавме. Збогум. Засекогаш твоја, Естер.“

По појадокот, Естер излезе на свеж воздух на верандата, кога зад себе слушна брзи чекори на дрвениот под. Пред да се заврти, го слушна гласот на својата ќерка како ја напаѓа.
– Ако мислиш дека ќе се загледам во оној човек, се лажеш мајко.
– Момчето е навистина симпатично.
– Да, но јас сум верена за друг маж. Или забораваш дека скоро ќе му бидам гопсоѓа на Енцо Анџели?
– Не ми се допаѓа кога ми се обраќаш со таков тон, Елиса.
– Зарем толку го љубиш мајко? Зарем толку многу ти значи што душата ти се кине при помислата дека јас ќе бидам негова сопруга? Дека ќе ми прави се што тебе ти правеше?!
Наместо одговор, Естер ја прекори својата ќерка со силна шлаканица. Елиса се држеше за болната страна, додека бесот во неа растеше повеќе.
– Никогаш нема да ти го ослободам патот за да бидеш со Енцо, драга мајко. Никогаш!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!