Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #78 |Alevosía

Предавство, епизода #78 |Alevosía

 

 

Tрини го бара Октавио во квартот каде што живее. Гоо наоѓа на подот со локва крв околу раката. Веднаш се јавувава во брза помош за да го одведат во болница.

Следното утро, Анхелес ја известува Естер дека ја минала ноќта во станот на Марко но дека немао ништо меѓу нив и дека сака врска да тече полека.

Трини дознава шокантна вест дека мора да му биде ампутирана раката на Октавио за му го спасат животот. Бидејки не познава друг семеен член, Трини потпишува за ампутацијата.

Бракот на Естер и Хоакин е во опасност откако новата келнерка во барот, Карола, упорно го заведува Хоакин. Поведен од импулост кон страсната кубанка, Хоакин ја бакнува.

По извршената операција Октавио дознава дека морале да му ја ампутираат десната рака. Бесе, Октавио прашува кој одобрил и сестрата го известува дека потпишала Тринидад де ла Вега, бидејки во спротивно ќе можел да го загуби животот. Октавио е вон себе.

Алваро ја прашува Трини за своите деца и Трини го лаже дека заминале од државата бидејки не сакле да чујат за него откако ги оставил без ништо.

Докторот задолжен за лекувањето на Лусија ги известува Густаво и Анхелес дека мораат агресивно да работат на зрачењето бидејки и останува малку живот поради брзото ширење на болеста. Густаво и Анхелес се тешат во прегратка и солзи ветувајки си еден на друг дека ќе и ги разубават последните денови од животот, не кажувајки и колку е опасна болеста.

Трини доаѓа кај својата сестра Лусија  и и префлра дека благодарение на Диего, Октавио ја загубил десната рака.

Во барот, Хоакин му признава на својот пријател Раул дека ја бакнал Карола. Раул го советува да се држи настрана од провокативната девојка пред да си го уништи бракот со Естер.

Анхелес низ солзи и кажува на Трини во колку тешка состојба е Лусија. Трини ја теши својата ќерка дека треба да се радува, оти по смртта на Лусија Густаво ќе биде само за неа.

На ваквиот одговор Анхелес и замавнува силна шлаканица на Трини.

Нати и Алберто добиваат лоша вест, кога гинекологот ќе гиизвести дека детето кое Нати го чека боледува од Даунов синдром.

Лусија одлучува да им каже на Сеси и Диего дека болеста и се вратила. Двајцата ја тешат својата мајка.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!