Кога падна ноќта, Рикардо го покани својот пријател Луис Анжел на забава во борделот на тетка Кармен. Пред да заминат, Рикардо отвори шише вино да наздрават за своето пријателство, додека Луис Анжел внимателно го отвори својот сребрен часовник на чие тло лежеше беле материја во прашак, непозната за Рикардо.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 79 – „Тајната на Енцо“
Кога падна ноќта, Рикардо го покани својот пријател Луис Анжел на забава во борделот на тетка Кармен. Пред да заминат, Рикардо отвори шише вино да наздрават за своето пријателство, додека Луис Анжел внимателно го отвори својот сребрен часовник на чие тло лежеше беле материја во прашак, непозната за Рикардо.
– Што е тоа, пријателе?
– Ова е нешто што ќе направи нашата забава да биде уште позабавна, мој пријателе. Ова е кокаин. Сакаш ли да пробаш?
– Кокаин, велиш? Сум слушнал за неа, но никогаш не сум имал можност да пробам.
– И, што велиш, Рикардо? Ќе се осмелиш да пробаш?
– Секако, пријателе, но по тебе.
Луис Анжел истури од материјата на работната маса и шмркна од линијата која ја направи за себе. Истото по него го повтори и Рикардо.
– По ѓаволите ова е јако.
– Како се чуствуваш, пријателе?
– Ова значи живеј го животот.
– Почекај уште малку да почне да делува, ќе се чуствуваш силен како лав.
– Тогаш да одиме и да почне акцијата. Но прво, Луис Анжел, ни збор за ова пред мојата фамилија.
– Како можеш да помислиш, другар? Ова останува помеѓу нас двајцата.
Саботното утро беше ведро со свеж поветрец. Фаусто се послужи со чашка виски додека во работната соба ја чекаше Лукреција, откако прати послуга по неа. Лукреција беше изненадена од соопштението на Фаусто.
– Сакаш да си одам од фазендата?, – го праша со кнедла во грлото.
– Да. Тоа би било најдобро за сите, – ноншалантно и потврди.
– Не, нема да ја оставам мојата ќерка сама.
– Мојот син и јас добро ќе се грижиме за Алисиња.
– Фаусто, не! Не смееш да ми го направиш ова.
– Ова е финална одлука, Лукреција! Сакам да си одиш уште денес од Темпестад.
Откако го послужија појадокот во трпезаријата, Марија Грација и Моналиса се упатија кон спалните соби да ги исчистат и да ги наместат постелите. Кога влегоа во гостинската соба каде што престојуваше Луис Анжел, двете жени почуствуваа јак мирис на алкохол.
– Овде мириса на пивница, – згрозено рече Марија Грација па појде да го отвори прозорецот. Зрак свеж воздух ќе го исчисти неугодниот мирис. – Кој би рекол, а толку пристојно делува господинот.
– Јас не верувам никому, мајчичке.
– Таква те сакам, мила, – низ насмевка рече готвачката. Посегна по кофата со вода кога на тоалетната масичка забележа дневна новина. Се насмевна благо и посгена по весникот. Во животот немаше видено гратска новина. Сите новини кои стигнуваа во селото беа локални и ова беше привилегија. Спартакус беше најпрестижната дневна новина во престолнината.
– Убавина. Погледни го фустанот, колку е грациозен, – двете жени не можеа да се изнагледаат во фотографиите кои ја красеа насловната на дневниот печат во собата на гостинот. – Те молам, прочитај ми нешто, фиља. Прочитај ми барем малку.
Марија Грација беше горда на фактот дека нејзината ќерка умее да чита и пишува, благодарение на госпоѓа Естер која уште од мала ја воведе во литературата.
– Сакам да знам што се случува во престолнината, што пишуваат новините.
Додека Моналиса ја разлистуваше новината, погледот и се парализира на една статија.
– Мамо, погледни…
Марија Грација не можеше да се изначуди. На една фотографија во новината стоеше слика од нејзиниот брат Енцо.
– Тоа е Енцо? Од каде Енцо на страните во гратските новини, фиља? Прочитај ми те молам.
– Вели; “Се бара осомничениот за атентатот на Север!” Ај, мамичке, полицијата го бара вујко Енцо!
Елиса замслено влезе во бањата, кога внатре го забележа Луис Анжел, како од мајка роден, како излегува од кадата. Крикна гласно и ги прекри очите со своите дланки. Младиот гостин ја пркри својата машкост со крпата и неколку пати и се извини на девојката.
– Можеш да продолжиш, Елиса, јас излегувам.
Но на самата врата, крпата се закачи од кваката и гостинот повторно се најде како од мајка роден пред очите на младата госпоѓица.
Есента со себе носеше многу паднати, суви листови од дрвјата кои ветрот ги носеше на верандата. Со дрвената метла, Кристина беше задолжена да ги собере листовите кои шуштеа под нејзините нозе, кога слушна како до неа допира гласот на Алис.
– Здраво, Кристина.
– Потребна сум во куќата?
– Не, мене си ми потребна. Мајка ми кажа дека си и дала некоја маст за рани. Благодарение на твојата маст повтоно можам да се движам и да спијам нормално.
– Тоа би го сторила за секого…
– Лажеш, – тивко ја пресече девојката, ставајки ја својата рака на нејзината половина.
– Пушти ме или ќе врескам на сиот глас.
– Повторно лажеш. Уживаш во моите допири. Забележав колку уживаш уште онаа вечер кога беше со Анибал. Уживаше кога моите прсти кружеа околу твоите брадавици а мојот јазик…
– Не сакам да зборувам на таа тема, госпоѓо.
– Нема ништо лошо во тоа што те привлекувам, Кристина.
И пријде уште поблиску, го тргна праменот од косата која и го криеше лицето, па своите нежни прсти ја помилуваа нејзината мека кожа на лицето.
– Кажи ми ја вистината…Дали чуствуваш нешто за мене?
Таа не одговори ништо. Но реакцијата кажуваше сто зборови. Немаше бегање, ниту одбивање. Алис посегна по нејзините усни, и таа се предаде. Се љубеа кратко, но сласно.
– Знаев дека чуствуваш нешто за мене…
– Пушти ме, Алис, – на крајот рече Кристина и повторно го заврте грбот. – М присилуваш да правам нешто што не сакам.
– Не биди таква. Твојот бакнеж ми кажа нешто друго.
– Остави ме сама.
– Кристина, зарем не гледаш дека те љубам?
– Не зборувај така.
– Но, вистина е. Се лутиш бидејки знам дека чуствуваш нешто за мене.
– Навистина си тврдоглава. Тврдоглава како мазга.
– Залудно негираш, Кристина, нема ништо лошо во тоа, – додаде Алис и се врати назад во куќата оставајки ја девојката сама и замислена.
Елиса ја заврза својата коса во плетенка и го напудри своето лице. Сакаше да биде убава за Енцо кога ќе дојде да ја посети. Беше полна со елан и возбуда пред да му соопшти за датумот на нивната венчавка. Во таква еуфорија, некој затропа на вратата од собата, па праша кој е.
– Јас сум, Луис Анжел.
Како да ја пресече нешто во стомакот кога му го слушна гласот. И беше крајно непријатно да го гледа во очи по случката во бањата од утрото. Ја поправи нанесената пудра и пријде да ја отвори вратата. Му даде простор за влез.
– Дојдов да се извинам за она што се случи во бањата утрово.
– Не грижи се, знам дека беше случајно.
– Не сакам да мислиш дека сум без обзири. Твојата убавина е крајно беспрекорна, Елиса.
Ваквите зборови изненадно и дојдоа на девојката.
– Молам?, – праша. Не знаеше ни самата дали тој крик дојде од внатрешната потреба за згодниот странец да го повотри кажаното или е нешто друго во прашање.
– Имаш преубави очи. Би сторил се за да можам да те освојам.
Од џебот извади пупка од свежо скината роза која полека се отвараше. Таа одби да го прифати цветот, но тој не се предаваше така лесно. Ја задржа за рака и додаде;
– Земи ја. Нема никому да кажам дека си ја прифатила.
Ја зеде розата од неговата рака, а тој ја искориста блискоста па ја повлече за половината и страсно ја бакна. Девојката најпрво одбиваше да возврати на бакнежот, беше заробеничка на неговото тело и рацете кои не ја пуштаа, но како ја водеше моментот, така почна да ужива. Уживаше повеќе од дозволеното, си помисли пред да успее да му побегне.
– Што се замислуваш, Луис Анжел?
– Прости ми, Елиса. Не знам што ми е.
– Не, Луис Анжел. Ова не смее да се повтори. Јас сум верена девојка и наскоро ќе се омажам.
– Само знам дека жалам што си го запознала својот вереник пред да ме запознаеш мене. Тој човек има голема среќа, – додаде младиот лекар и ја напушти собата.
Елиса чуствуваше како црвенилото полека и спаѓа од образите. Ја помириса розата и легна на креветот, кикотејки се како мало девојче.
Поглед во весникот, па во љубопитните очи на неговата сестра која чекаше одговор.
– Каде го најде весникот, Марија Грација?
– Во собата на гостинот кој дојде од престолнината. Сакам да знам што се случува, Енцо?
– Ништо, не се случува ништо, – нервозно одговори Енцо.
– Лажеш! Моналиса ми го прочита прилогот. На Север изумреле луѓе во атентат кој ти си го предизвикал. Полицијата те бара, фратело.
– Седни, Марија Грација, ќе ти кажам се.
– Мадона миа, значи вистина е, – разочарано крикна.
Енцо ја затвори вратата од колибата. Не сакаше со никој друг да ја сподели вистината освен со неговата сестра. Седна на масата наспроти неа, која ја држеше главата со двете раце.
– Јас бев дел од групата анархисти кои работевме на Север.
– Каква група?, – праша Марија Грација. Никогаш претходно немаш еслушнато таков збор.
– Анархисти. Група на луѓе кои се боревме за нашите права.
– Тоа нема врска! Овде пишува дека си убил луѓе, Енцо!
– Јас не бев замешан во тоа, мораш да ми веруваш! Јас само се борев со мислите, никогаш со рацете. Само се залагав работниците да земаат редовна плата и да добијат слободен ден во неделата. Но луѓето со кои работев се изморија од неправдата и решија да ја земат правдината во своите раце. Решија да му направат атентат на сопственикот на рудникот. Во тој атентат, умре сопственикот и неговите соработници.
– Затоа дојде овде, на Темпестад?
– Не, Марија Грација. Дојдов за да се простам со нашата мајка. Но, вистина е дека ме бараат. Да не се сокриев овде, ќе се сокриев на друго место.
– И зошто до сега не си ми кажал ништо за ова?
– Бидејки за мене тоа е затворена глава.
– И што ќе биде ако те најдат, Енцо? Ќе дојдат и ќе ти земат се, земјата, златото…
– Не, Марија Грација, никогаш нема да ме најдат.
– Мислев дека си разумен човек, Енцо, дека си поинаков. Сега сфаќам колку сум грешела, – додаде италијанката и драстично ја напушти колибата на својот брат.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет