Октавио предвреме ја напушта болницата бидејки не може да ја поднесе монотонијата во истата.
По сознанието дека детето кое го чекаат нос Даунов синдро, Алберто и признава на својата сопруга дека во неговата фамилија веќе имало таков случај кај неговиот вујко. Нати е бесна што претходно не и го кажал тоа.
Хоакин, адвокатот на Октавио бара пет милиони пезоси од Густаво за да ги предаде потребните докази и да го вратат назад во затвор. За мирот на својата сопруга, Густаво е подготвен да плати и многу повеќе пари.
Естер и ги признава своите сомнежи за неверството на Хоакин на Анхелес. Во тој миг доаѓа Марко, и Анхелес го претставува како свое момче.
Густаво е во тешка психичка состојба и депресија поради фактот дека ги живее последните мигови со саканата сопруга.
Сите во куќата го имаат тоа чувство. Диего го проколнува животот поради тоа што гледа како мајка му умира а никогаш во животот не била комплетно среќна. Диего е убеден дека само негативците минуваат без казна и дека најдобро е во животот да бидеш зол. Мислејки на негативците, Диего ги посочува за пример Октавио и неговата тетка Тринидад.
Во барот, Хоакин продолжува да се гледа со Карола а веќе останатите вработени почнуваат да озборуваат за нивната авантура. По работната смена, Хоакин ја испраќа Карола до енјзиниот стан каде што таа го кани да се качи. Тој на почетокот одбива, но страста е поголема и на крајот завршуваат водејки љубов.
Лусија низ агонија и солзи и признава колку лошо се чувствува на својата пријателка Нати. И вели дека не прифатила да оди на терапија бидејки тоа ќе го загрози животот на бебето кое го носи. Лусија се плаши дека може да умре пред да се породи, а Нати во солзи ја теши најдобрата пријателка.
Следното утро, Хоакин чувствува грижа на совест кога ќе се разбуди во креветот на Карола.
Лусија ја известува својата пријателка Нати дека нема да дозволи болеста да ја уништи и дека до последен ден ќе се бори за да биде среќна со својот сопруг и својата фамилија.
Доња Инес и се жали на својата пријателка Хулија дека се наоѓа во најтешкиот период од својот живот. Со болеста на Лусија, и со непроменетата и константна злоба на Тринидад старицата чувствува како Бог ја казнува.
Густаво, Диего, Сеси и Анхелес и огранизираат ден на Лусија во забавниот парк. Целата фамилија минува еден ден без грижи и лудории како среќна и обединета фамилија.
продолжува