Вип Арена “Борис Трајковски” – 19 и 20 мај
Влезниците за Superstar weekend-от кој на 19ти и 20ти мај ќе се одржи во ВИП Арената во С.Ц. Борис Трајковски ќе бидат пуштеви во продажба од 20ти март преку продажната мрежа на Купикартизасе.
Влезниците по цена од 350 денари за партер, 500 денари за фанпит и golden seats, 400 денари silver seats и 800 денари ВИП може да се набават online како и во сите продажни места на Купикартизасе. Во продажба ќе бидат пуштени и блок (заеднички) влезници за двата концерта.
Како што веќе Ве информиравме концертот на Драгана Мирковиќ кој е во склоп на нејзината турнеја “Една од милион” која опфаќа 19 града во регионот ќе се одржи на 19ти мај со почеток од 21 часот. Веќе следниот ден, на 20ти мај со почеток во 21 часот Аца Лукас ќе одржи спектакуларен концерт кој е дел од неговата турнеја “Најголемите журки на Балканот”.
Спектакуларнита бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Драгана Мирковиќ и Аца Лукас. “Superstar weekend-от” е во организација на продукциските куќи Skymusic и Music Edition.
Дани | ТВ Пакет