По успешната трансфузија, ја спремаат Лусија за пораѓај.
Доња Инес и заблагодарува од срце на Трини за големото дело кое го сторила и дека со истото тоа ги испрала сите сторени гревови во минатото.
Лусија раѓа здраво девојче. Ваквата вест со радост ја прима целата фамилија, освен Диего кој одбива да ја запознае најмалата сестра. Диего смета дека тоа девојче е виновно за состојбата на неговата мајка и демонстративно ја напушта болницата.
Во болницата се појавува Алехандро Салвадор кој е специјално дојден по повик на Инес. Доња Инес приоѓа до старецот и го известува дека не можела да дозволи нивната ќерка да умре пред тој да ја запознае.
Алехандро е шокиран од тајната која Инес ја носела со себе цели пеесет години, но решен е да пројде низ неа и да ја запознае ќерката која никогаш не ја видел, а сега е на крајот од животот.
Maрко ја посетува Лусија која го моли да ја чува нејзината ќерка Анхелес.
Раул го теши својот пријател Диего и го советува дека новороденчето не е виновно за болеста на неговата мајка, и наместо да биде бесен во тие последни мигови да ги помине покрај Лусија.
Естер го известува Хоакин дека и доцни и дека може да чека дете. Хоакин резервно ја прима ваквата вест од својата сопруга.
Густаво плаче врз своето новородено дете.
Трини дознава за доаѓањето на Алехандро Салвадор во клиниката и ја прашува својата мајка дали и таа е негова ќерка. Доња Инес не и одговара.
Лусија на смртна постела го запзонава својот вистински татко. Доња Инес ја моли за прошка, но Лусија и вели дека нема за што да и прости бидејки секогаш била пожртвувана мајка.
Анхелес низ созли се простува со својата мајка. Лусија ја моли да остане каква што е, бидејки секогаш била сакана.
Густаво и ја носи ќеркичката на Лусија а Лусија и го дарува ланчето кое нејзе и го имаше дарено саканата Чоле.
Додека Лусија се збогува со сите, доаѓа Диего и клекнува плачејки пред својата мајка бакнувајки и ги дланките.
По тоа, Лусија го испушта послдениот здив во животот опколена со луѓето кои ги сакаше и ја сакаат. Плач, лелек и пустош одново ја населува фамилијата.
ПРОДОЛЖУВА?!