Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна 85 и 86

Одмазда – љубов и смртна казна 85 и 86

 

 
Како мало дете откриено како краде од забранетите колачиња пред вечерата, Естер гледаше во младиот лекар пред себе, додека и се правеше грутка во грлото.
– Енцо е вереник на мојата ќерка, – на крајот рече.
– Тогаш вашата посета во колибата на Енцо беше само разговор со идниот зет?
Луис Анжел не криеше никакви карти меѓу ракавот. Беше бесрамно отворен, а тоа само повеќе ја вознемируваше Естер.
– Не можам да Ве разберам, – си даваше на време.

 

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 85 – „Екстремно зло“

 
Како мало дете откриено како краде од забранетите колачиња пред вечерата, Естер гледаше во младиот лекар пред себе, додека и се правеше грутка во грлото.
– Енцо е вереник на мојата ќерка, – на крајот рече.
– Тогаш вашата посета во колибата на Енцо беше само разговор со идниот зет?
Луис Анжел не криеше никакви карти меѓу ракавот. Беше бесрамно отворен, а тоа само повеќе ја вознемируваше Естер.
– Не можам да Ве разберам, – си даваше на време.
– Знам дека бевте со него во колибата кога јас бев таму, госпоѓо. Дали знаете кој навистина е Енцо?
– И кој е навистина Енцо?
– Енцо е лидер на група анархисти. Сега разбирам зошто не сакате Вашата ќерка да се омажи за тој човек.
– Не знам за што ми зборувате. Јас имам лични причини поради кои не сакам мојата ќерка да се омажи за тој човек. И ќе ве замолам да не кажете никому ни збор дека сте ме виделе како излегувам од таа куќа.
– Можете да сметате на мене.
– Така и се надеавм. А, сега ако ме извините имам многу работа.
Младиот лекар кимна со главата, ја врати својата шапка назад и ја напушти бакалницата.

Штурците свиркаа од бавчата, а млаката топлина која влегуваше низ отворените прозорци беше како рака која дошла да го помилува нејзиното голо тело. Алисиња лежеше во пенливата када веќе со часови. Голема тежина и ги притискаше градите. Тој ден повеќе од било кога размислуваше за својот татко. Солени солзи и течеа по лицето.
– Изморена сум од животот кој другите го кројат за мене, тато. Понекогаш немам воља да живеам.
Слушна чекори зад себе по плочникот и за брзо нечија рака ја помилува по косата.
– Моналиса?, – праша, бришејки ги солзите, но на нејзино големо изненадување, го слушна гласот на Кристина.
– Не е Моналиса…Јас сум.
Нејзиниот глас беше како најблаг мелем на отворената рана.
– Не знаеш колку ми е мило што си ти, – прошепоте.
– Што ти е, Алисиња?
– Ништо…Животот е многу потежок одошто делува дека е.
– Малечка моја, – прошепоте италијанката и го зеде сунгерот во своите раце па почна да ја масира белата кожа на девојката.
Алис ги затвори очите. Болката полека испаруваше. Уживаше во миговите кога Кристина беше толку блиску до неа. Како сега. Широко отвореното деколте на италијанката, нејзината телесна миризба, нејзиното присуство ги отвараше сите пори на нејзиното тело.
– Уживам кога си ми вака близу, Кристина, – не се срамеше да и признае.
– Нештата ќе бидат подобри, Алисиња. Не сакам да те гледам вака тажна, малечка, – со врвот на прстите ги бришеше нејзините суви солзи.
Алис ги затвори капаците на очите. Сакаше тој момент да не заврши никогаш. Кристина гледаше во девојката пред себе, беше кршлива и ранлива како никогаш претходно. Спонтано и пријде и нежно ги бакна нејзините румени усни. Алис го пушти јазикот и се љубеа долго, се додека Антониета не ја отвори вратат аод бањата. Фаусто ја беше пратил да му подготви купка, кога имаше што да види.
– Што правите вие две?!

На верандата, свежиот поветрец ја бушавеше нејзината коса. Естер седеше на лулашката, размислувајки за својот љубен. Небото беше полно со ѕвезди. Со едната рака ги избриша солзите од лицето. Не сакаше да плаче како мало девојче. Но агонијата дека нејзинот љубен ќе се ожени со нејзината ќерка ја убиваше.
– Нема да плачам за него, – нејзиниот глас звучеше чудно во ноќната тишина.
– Зборуваш самата со себе?
Лукреција се појави на верандата. Не можеше да заспие, па беше излегла на свеж водзух.
– Седни до мене, – ја повика Естер. – Ноќта е премногу убава за да бидеме сами.
Лукреција се насмевна. Расчешланата црна коса и го правеше лицето како во оквир.
– Знам дека си тажна поради венчавката на Енцо и Елиса.
– Не е тага, Лукреција. Не знам што поточно чуствувам. Имам лошо претчуство. Претчуство дека нешто лошо ќе се случи.
Рафал на ветер го пресече спокојството на верандата. Лукреција гледаше во својата роднина и во нејзините очи виде нешто што никогаш претходно го немаше видено, ниту кога имаа по дваесет години. Гледаше блесок. Блесок во очите на вљубената жена.

Фаусто го затвори ковчегот полн со пари и задоволно се насмевна. Измамата кон Енцо беше полесна одошто очекуваше. Го смести ковчегот во оставата, кога влезе Антониета, задишана, практично без здив.
– Каде гори, Антониета? Ја подготви ли кадата како што ти наредив?
– Има нешто што мораш да го знаеш, Фаусто. Оваа куќа е полна со грев.

Кристина и помогна на Алисња да ја облече сатенската наметка, откако младата жена излезе од бањата. Двете молчеа и очекуваа да дојде очекуваното.
Фаусто влезе во бањата, го извади ременот од својата половина и црвен од бес ги праша што значи ова. Нивните прилепени тела беа поголем доказ дека Антониета не измислува.
– Смирете се, газда, јас само ја тешев госпоѓата, – се обиде да објасни Кристина.
– Нема да прифатам ваков неморал под мојот кров, по ѓаволите!
– Господару јас, – Кристина се обиде да му го ублажи бесот, но Алисња не и дозволи.
– Не, Кристина. Нека знае цела куќа, нека знае сиот свет, не ми е гајле. Јас сум вљубена во Кристина, Фаусто!
Му го призна тоа гледајки го во очи, без трепет, без срам, без криење.
– Како не ти е срам, проклета?!
И врза толку силна шлаканица, што Алисиња се преврте преку кадата. Крситина крикна на сиот глас, но Фаусто не можеше да го спречи ниту небесна сила во тој момент. Ја грабна Алисиња за наметката и раскинувајки и ја долната облека ја прилепи за влажниот ѕид на бањата. Кристина се обиде да го одвои од девојката, но беше залудно. Со двете раце и ги држеше градите, додека брутално навлегуваше во неа. Алисиња беше загрозена, шокирана, недостасуваше миг да се онесвести. Дури ниту нејзините нокти зариени во неговото лице не и помогнаа да го отргне неговото тело од своето.

Религизоните сфаќања на младиот Анибал Кастењон и вербата дека правдината мора да исплови секогаш на виделина го оставија без сон цела ноќ. Рано следното утро, го посети Енцо во колибата, со изговор дека мора итно да зборува со него.
– Доаѓаш пратен од твојот татко?
– Не, доаѓам по моја волја, – призна младичот. – Кога сме кај него, не би сакал татко да дознае дека сум тука.
– Што се случило, Анибал?
– Мојата совест не ми дозволува уште да го кријам ова, Енцо.
– Што е?
– Татко е оној кој што ја исценирал кражбата на златото. Жалам, но тоа е вистината.
Енцо ја прегриза долната уста. Со силна тупаница удри по масата.
– Знаев! Знаев дека тоа ѓубре е зад сето ова, занев!
– Смири се, Енцо. Потребно ми е да делуваш трезвено за да можам да ти помогнам да го повратиш загубеното злато.
– Зошто го правиш ова, Анибал?
– Бидејки татко ме разочара и како човек и како родител, Енцо.

 

***

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 86 – „Почетокот на крајот“

 

По разговорот со младиот Кастењон, Енцо го јавна својот пастув и за кратко се најде пред фазендата. Го врза животното за оградата на верандат аи без никаква најава ниту тропање влезе во работната соба на Фаусто.
– Како можеше на таков начин да ме предадеш, Фаусто?
– Што зборуваш, Енцо?, – мирно праша Фаусто, седејки зад своето биро.
– Зарем ќе негираш дека го украде моето злато?!
– Од каде сега тоа?, – цинично се насмевна. Не сакаше да дозволи никаков гест ниту гестикулација да му го потврди сомнежот.
– Овде се знае се, Фаусто, затоа не негирај!
– Белки не ме напаѓаш држејки го како подлога озборувањето на селаните? Ние сме партнери, Енцо. Освен тоа, наксоро ќе се ожениш за мојата ќерка. Зошто би сакал да ти наштетам?
– Истото се прашувам и јас! Зошто?
– Слушај, Енцо, ќе се преправам дека ништо не се случило. Не сакам да имам проблеми со мојот иден зет.
– Жалам, Фаусто, но повеќе нема партнерство меѓу нас. Ниту ќе се оженам за твојата ќерка!, – гневно додаде Фаусто и ја напушти библиотеката онака како и кога дојде. Во холот го пресретна Елиса. Девојката беше слушнала расправа со повишен тон и праша зошто се расправале. Енцо не и одговори ништо. Побрза кон своето животно на верандата, но Елиса не се откажуваше без одговор. Потрча по него.
– Енцо,не си оди.
Тој застана. Сиот бес го пренасмеруваше во стисокот на својата тупаница. Не сакаше да ја повреди кутрата девојка.
– Слушнав како се расправате со татко…
– Ако сакаш да знаеш што се случи, прашај го него.
– Не, те молам, кажи ми ти, – го повлече за раката, задржувајки го на верандата.
– Пушти го, Елиса!, – одеднаш како гром одекна гласот на Фаусто.
Стоеше на влезната врата со пушка вперена кон италијанецот.
– Можам да те убијам овде и сега, копиле! Со мене можеш да си играш но не и со честа на мојата ќерка!
– Зошто? Што се случува?,- нејасно Елиса ја вртеше главата.
– Нашиот брак никогаш нема да се реализира, Елиса, – и одговори на крајот, оставајки ја девојката збунета. Вртеше со главата како чин пред нервен удар.
Фаусто ја грабна својата ќерка додека Енцо се качи на својот коњ. Елиса молчеше и не знаеше што да каже. Имаше толку многу прашања, но шокот беше толку голем што не можеше ниту збор да изусти. Фаусто испука куршум во празно.
– Никогаш повеќе не сакам да те видам на мојата земја, Енцо Анџели! Следниот пат кога ќе зачекориш на моја земја, ќе бидеш мртов човек! Мртов!

Антониета ја средуваше собата на својот Господар. Откако ја намести неговата постела, го отвори плакарот за да му ги иштирка кошулите. Мирисот на неговото машко тело зрачеше од секаде наоколу. Зеде една кошула и ги затвори очите додека препуштена со сите сетила легна на постелата. Ја држеше кошулата в раце како да го држи телото на саканиот маж.
– Што значи ова, Лукреција?!, – одеднаш до неа допре гласот кој ја врати во реалноста. Фаусто стоеше на прагот од вратата.
– Фаусто, – изрипа од постелата како изгорена. Ја врати кошулата назад во плакарот. Немаше храброст да го погледне во очи.
– Тргнав да ти ги иштиркам кошулите, како секогаш…
– Не те прашав тоа. Те прашав што правеше на мојот кревет со мојата кошула, проклета? И гледај ме во очи кога ти зборувам, – ја притисна за раката и ја заврте кон себе.
Го гледаше со солзи во очите. Беше премногу слаба за сеуште да молчи.
– Зборувај!
– Не можам повеќе…Оваа агонија во мене живее со години, господару. Од првиот ден кога сум на Темпестад.
– Што од првиот ден?
– Те гледав секогаш опколен со други жени, со разни жени, покрај Естер, со надеж дека еден ден и јас ќе ја имам таа привилегија да бидам твоја.
– Сакаш да кажеш дека…
– Да!, – извика на сиот глас. – Те љубам! Те љубам како што ниедна жена никогаш не би можела да те љуби, Фаусто! Те љубам.
Тој првен стоеше мирно и гледаше во нејзините црни очи во кои гореше пламен. И почна гласно да се смее. Како демон, понижувајки ги сите нејзини зборовии чуства.
– Зошто се смееш?
– Ти, вљубена во мене?
– Да…те љубев во тишина со години, мој Господару, не очекувајки ништо за возврат. Доволна ми беше твојата близина, мирисот на твоето тело, твојоит глас кој ме повикуваше во ноќта кога бев потребна..Јас сум робинка на твојата љубов, Фаусто.
– Не драматизирај, жено! Погледни се!, – ја грабна за рамениците и ја доведе пред огледалото. – Сите жени со кои сум бил биле убави, сензуални…Погледни се на што личиш ти! Со таа твоја собрана коса како калуѓерка, секогаш облечена во црно и широко, постојано мирисаш на возок и темјан. Ти не си жена, Антониета! Ти си труп во движење. Никогаш не би можел да бидам со тебе. Ни да си последната жена на светот.
Антониета ја спушти главата. Сакаше да ги затвори ушите за да не ја допираат повеќе неговите понижувања. Како ќе го погледне сега? Како ќе го служи во иднина? Како, по се што и кажа?
– Ти си добра само за едно нешто…да служиш, – додаде на крајот пред да ја напушти собата.
Антониета легна на подот облеана во солзи. Плачеше гласно, дури ни дебелите ѕидини на фазендата не можеа да ја задржат нејзината бол, нејзината агонија.

Во другата соба на истиот кат, плачеше една друга жена поради истата причина. Невозвратената љубов. Елиса не можеше да ги задржи солзите како што не можеше ни да поверува во краткотрајноста на нејзината среќа. Се чуствуваше како светот да се уротил против неа. Слушна тропање на вратата од нејзината соба и побара да биде оставена сама. Но, очигледно не беше послушана.
– Извини, Елиса, – рече Луис Анжел, влегувајки во собата без дозвола.
– Реков да ме оставиш сама.
– Не можеш да останеш тука цел ден, плачејки врз својата судбина.
– Што знаеш ти за болката која ја чуствувам? Сакам да умрам, тоа е се што сакам, да умрам…
– Толку го љубиш?
– Тој е најважната личност во мојот живот.
– Тој е најсреќниот човек на светот, кога толку убава девојка плаче поради него.
– Мојот живот нема смисол без Енцо…
Седна на креветот до неа, извади бело шамифче од внатрешниот џеб на елекот и ги избриша нејзините солзи. Нејзината кожа беше мека и миризлива.
– Ти си млада жена пред која е целиот живот. Кога само би сакала да ми дадеш шанса за да ти покажам што чуствувам за тебе.
– Жалам, но тоа никогаш нема да се случи.
– Дај ми барем шанса да ти покажам што е вистинска љубов, – додаде тој, барајки ги нејзините сочни усни. Таа ја заврте главата во спротивниот правец, но тој не се откажуваше. Ја бакна нежно како ниеден маж претходно во животот. Онака како што сакаше Енцо да ја бакнува.

Антониета се разбуди облеана во пот. Одвај можеше да заспие кога немирен сон повторно ја врати меѓу будните. Во длабокиот мрак на нејзината соба, прошепоте;
– Фаусто?
Стана од креветот. Ноќницата, прилепена за телото и го отежнуваше движењето. Побара свеќа на масичето и ја запали. Малиот пламен беше надразнет и немирен. Тешко можеше да види било што. Фаусто стоеше крај вратата. Гледаше во неа и се смешкаше.
– Размислував за она што ми го рече…
Гласот му беше одмерен. Ја отвори вратата и и тишината на коридорот се вовлече во собата. Фаусто и ја подаде својата рака. Таа се насмевна. Животот за неа почнуваше да добива смисол. Постоеше нешто многу поважно вон овие камени ѕидини. Ништо друго немаше смисла освен овој миг. Држејки се за рака го минаа коридорот, слегоа по скалите, минаа низ пространата кујна од каде што таа зеде голем касапски нож и на крајот излегоа во дворот, чекореа по патеката која водеше до капелата. Босите нозе на Антониета газеа во тревата, тонеа во мекото тло. Фаусто ја погледна додека очите му гореа во пламен. Небото беше темно како плиш полиен со ѕвезди, Мирниот ветар ги галеше дивите рози кои ползеа по мувлосаните ѕидини на старата капела. Антониета добро знаеше што треба да направи. Полека откопча копче по копче од својата ноќница. Ткаенината пролизга по нејзиното тело и се најде на земјата. Ја слече и долната облека. Ветрот го галеше нејзиното голо тело. Фаусто се намсевна и нежно ја бакна, бакнеж за кој таа сонуваше со години. Чуствуваше како телото и гори. Чуствуваше грозница и пријатно возбудување, како да пиела црвено вино, повеќе чаши црвено вино. Го подигна погледот кон небото и го виде Јужниот крст над себе. Ножот кој го држеше во рацете беше прилично тежок. Со двете раце го подигна во висина на градите. Фаусто се смешкаше стоејки крај неа.
– Ти не си жена, Антониета! Ти си труп во движење. Никогаш не би можел да бидам со тебе. Ни да си последната жена на светот.
Неговите зборови како ехо се вртеа во нејзината глава. Острицата на ножот влезе во нејзиното тело без потешкотии. Ги рашири зениците од болка и уште еднаш го виде Јужниот крст како свети над нејзината глава. Пет ѕвезди експлодираа во свемирот како огномет за празник. Антониета падна на влажната земја.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!