Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #85 |Alevosía

Предавство, епизода #85 |Alevosía

Анхелес го прекорува својот брат за неговото променливо однесување, а тој ја прашува од когарешила да стане светица по се што направи. Ваквите зборови ја погодуваат Анхелес и му замавнува шлаканица.

Хоакин му пшризнава на својот пријател Густаво дека смета дека избрзал со Естер и дека не е сигурен дека сака да ја загуби.

Естер која не сака да се врати во семејната куќа по проблемите со Хоакин, ја замолува Анхелес да остане во мансионот додека не и се реши проблемот.

Алехандро не престанува да ја бара Инес. Толкавиот интерес предизвикува сомнежи кај Анхелес и Сесилија кој се шегуваат со својата баба дека Алехандро е уште луд по неа.

Трини го известува Марко оти смета дека нејзината мајка и неговиот татко биле љубовници. Тогаш, Марко и префлра на Трини дека поради нејзината мајка, неговата мајка умрела пред време бидејки доживеала нервен слом.

Анхелес во разгвор го прашува Густаво зошто се измачува толку. Во мигот кога тој сака да и одговори дека го гледа духот на нејзината мајка, заѕвонува телефонот . Сесилија го известува дека Естер се онесвестила и бара да пратат итна кола по неа во вилата.

Сесилија им мести состанок на Инес и Алехандро без нејзината баба да е свесна. Сметајки дека излегува на вечера со своите внуци, доња Инес го затекнува Алехандро во ресторанот. Инес е бесна на почетокот но потоа се согласува да има романтична вечера со старата љубов.

Густаво го известува Хоакин дека Естер е во болница и дека е слабокрвна, но не е ништо сериозно.

На романтичната вечера меѓу Инес и Алехандро ненајавено доаѓа Марко кои и префлра на старицата дека неговата мајка починала поради неа.

Откако ќе останат сами, Алехандро се извинува во име на својот син и и признава дека секогаш го сметал него виновен за смртта на Глорија.

Анхелес му подготвува вечера на Густаво во вилата. Тој е изненаден од нејзиниот труд и цврсто ја прегрнува од благодарност. Даниела е сведок на нивната прегратка.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!