Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна 87 и 88

Одмазда – љубов и смртна казна 87 и 88

 

 
Надвор паѓаше тивок дожд. Утрото добиваше изглед на влажна тага. Маглата ја прекриваше пампата. Естер ја расчелуваше долгата коса пред огледалото во својата соба. Денес беше денот кога ќе биде отворена бакалницата во селото, но и на свое големо изненадување, не чуствуваше некоја посебна еуфорија. Речиси цела ноќ размислуваше за новостите, дека Енцо ја оставил нејзината ќерка. Тоа ја правеше среќна. Но, сепак имаше некое неубаво претчуство кое ја држеше од претходната вечер. Сигурно е поради времето и дождот, поради маглата која ја прекриваше пампата, помисли. Одеднаш, тешки чекори ја прикинаа тишината. Силно тропање на вратата од собата. Влезе Марија Грација, задишана и без здив.
– Госпоѓо, – одвај изговори.

 

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 87 – „Кристина враќа на ударот“

 
Надвор паѓаше тивок дожд. Утрото добиваше изглед на влажна тага. Маглата ја прекриваше пампата. Естер ја расчелуваше долгата коса пред огледалото во својата соба. Денес беше денот кога ќе биде отворена бакалницата во селото, но и на свое големо изненадување, не чуствуваше некоја посебна еуфорија. Речиси цела ноќ размислуваше за новостите, дека Енцо ја оставил нејзината ќерка. Тоа ја правеше среќна. Но, сепак имаше некое неубаво претчуство кое ја држеше од претходната вечер. Сигурно е поради времето и дождот, поради маглата која ја прекриваше пампата, помисли. Одеднаш, тешки чекори ја прикинаа тишината. Силно тропање на вратата од собата. Влезе Марија Грација, задишана и без здив.
– Госпоѓо, – одвај изговори.
Готвачката беше бледа и возбудена.
– Се случи трагедија, госпоѓо, – солзите самите течеа од нејзините зелени очи. – Нешто ужасно…
– Што се случило, Марија? Зборувај!
– Пеоните ја нашле Антониета мртва утрово. Близу капелата, гола…Со нож забоден во градите.
Естер го прекри своето лице со дланките. Пригушливо крикна.
– Марија Грација, како дошло до тоа? Сигурна си дека Антониета се убила? Можеби некој ја убил, овие патишта се полни со разбојници…
– Не, моја госпоѓо. Никој не ја слушнал Антониета да бара помош. И ножот со кој е забодена…тоа е стар кујнски нож од фазендата. Пратив по отец Балдо…

Смртта на домарката се рашири низ фазендата со брзина на светлината. Фаусто стоеше на прозорецот во работната соба, пушеше пура и гледаше како денот станува сив и мрачен, додека капките дожд се лизгаа по стаклото на прозорецот. Влезе Кристина.
– Извинете, газда, Марија Грација ми рече да Ви кажам дека се е подготвено за погребот на Антониета. Обредот ќе биде утре на пладне.
– Што бараш ти тука?, – дрско ја праша.- По она што го видов меѓу тебе и Алисиња не сакам да те видам повеќе, вештерко.
– Затоа и најмногу дојдов. Дојдов да побарам прошка за тоа што се случи. Ветувам дека нема да се повтори.
– Доцна е за тоа. Не те сакам повеќе на мојата фазенда. Собери си ги парталите и оди.
– Во ред…Но нема да си заминам туку-така. Зарем не сакате да се простите од мене, Господару?
Заводливо му пријде, откопчувајки едно копче од своето широко деколте. Нејзините атрибути секогаш беа предизвик за Господарот. Ткаенината на кошулата ги прекриваше само нејзините брадавици. Ја грабна за половината.
– Дојди ваму проклета курво.
Почна да ја љуби по вратот. Едната нејзина рака се најде во неговата коса, додека со другата од џебот на кецелата извади острица која за кратко се најде во неговиот грб. Фаусто испушти болен крик, додека белата кошула се топеше со крв.
– Ова е најмалку што заслужуваш, несреќнику!
– Курво! Помош! Помош!
Чуствуваше како ја губи свестта поради силната бол која му го распаруваше грбот. Падна на колена држејки се за здолништето на Кристина.
– Нели беше маж, Фаусто Кастењон? Зошто викаш? Ова е за се што и правиш на мојата сестра, што ја силуваше мојата внука, за она што и го направи на кутрата Алисиња…
– Помош!
Естер дотрча во библиотеката веднаш штом слушна. Беше шокирана кога ја здогледа Кристина со крвава острица во рацете, а нејзиниот сопруг крвареше легнат на подот.
Кристина истрча од просторијата, а Естер клекна за да му помогне.
– Викни го Антенор и речи му да ја следи таа курва!, – и нареди. –Неспособна, самиот ќе му кажам, – додаде тој и грчевиот успеа да се задржи на нозе.
– Фаусто, застани!
Кристина со трчање влезе во шталата каде што Антенор ги тимареше коњите. Зеде еден коњ и одјава кон пампата.
– Задржи ја!, – довикна Фаусто по надзорникот. – Не ме гледај така, Антенор, оди по неа!
Антенор отседла еден коњ и одјава кон пампата по својата балдска.
– Ајде дома, Фаусто, – Естер го следеше како сенка. – Зошто Кристина ти го стори тоа?
– Не знам, но ти се колнам дека ќе плати.
– Ајде дома, да ти ја преврзам раната…

Кристина никогаш не умееше со коњите, па затоа и не му беше тешко на Антенор да ја сретне на пола пат кон шумата. Ја извади пушката и и нареди да застане.
– Те молам, пушти ме Антенор.
– Зарем си полудела, Кристина? Како можеше да го нападнеш газдата?
– Како можеш да ме прашаш нешто такво? Тоа копиле нема граници! Ја силуваше гопоѓа Алисиња.
– Сопругата на дон Анибал?
– Ја силуваше без милост, пред мој очи.
– И што имаш ти со госпоѓа Алисиња?
– Тоа не е твоја работа. Те молам, ако ме вратиш кај газдата, ќе ме убие.
– Газдата беше јасен, не смеам да те пуштам да побегнеш.
– Не ми кажувај дека заборави што тој човек и направи на твојата ќерка?
– Тој е мој газда…
– Тоа ѓубре ја силуваше твојата ќерка. Беше време некој да му одржи лекција.
Антенор го спушти оружјето.
– Бегај одовде. И немој да си помислила да се вратиш на Темпестад, Кристина, никогаш!
Ниту имаше намера да се врати. Ги грабна уздите на коњот кој го јаваше и одјава далеку, вон канџите на злото наречено Фаусто Кастењон.

Енцо ја отвори вратата од колибата и ја пушти Лукреција да влезе. Дождот паѓаше како од кофа, а жената веќе беше мокра.
– Дојдов да ти пренесам порака од Естер. Сака да те види вечерва, по отварањето на бакалницата. Ќе те чека во градината кај фонтаната на полноќ.
– Благодарам, Лукреција. Не знам колку е паметна идејата да одам на Темпестад. Ако ме види Фаусто ќе ме убие.
– Нема да бидеш единствен мртов на таа земја.
– Зошто го велиш тоа?
– Утрово е најдена Антониета мртва. Се самоубила со кујнски нож.
– Боже мој.
Додека го водеа разговорот во колибата влезе Кристина, задишана и мокра од глава до петици.
– Енцо, фратело…
– Што се случило, Кристина?
– Енцо, мораш да ми помогнеш, те молам.
– Што се случило, Кристина, одговори!
Таа седна на софата да земе здив.
– Го ранив Господарот. Затоа побегнав. Ќе ме убие ако ме фати.
– Но, зошто?
– Некој мораше да му одржи лекција на тој несреќник.
– Но, што се случило? Што направил сега?, – праша Лукреција, затекната во разговорот.
– Зарем не знаете? Фаусто Кастењон ја силуваше Вашата ќерка!

 

***

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 88 – „Скандал на бдеење“

 

Затворениот сандак со трупот на Антониета беше изложен во салонот на фазендата. Како долгодоишна верна домарка, Естер сметаше дека тоа е правилна одлука.Четири бели, големи свеќи догоруваа околу дрвениот сандак додека сите оние кои ја познаваа Антониета пријдоа да ја испратат за последен пат. Марија Грација и Моналиса ги служеа присутните со кафе и кокосови колачиња. Алис стоеше покрај прозорецот размислувајки за големата трагедија. Анибал стоеше крај неа во случај за подршка. Естер и Фаусто седеа на софата кога мртвиот молк и тишината ги прекина одекот на еден глас кој доаѓаше од коридорот.
– Фаусто!
Сите љубопитни погледи се завртеа кон Лукреција, која бесна како фурија влезе во салонот.
– Несреќнику, беднику…- не постоеа зборови кои можеа да бидат кажани а да го исполнат бесот кој Лукреција го чуствуваше кон Фаусто во тој момент.
Се нафрли врз него како дива мачка. Тој не можеше да се брани поради болката во грбот, но Анибал и Рикардо успеаа да ја одвојот бесната тетка од својот татко.
– Како можеше да и го направиш тоа?, – го праша низ солзи, додека Анибал ја држеше.
– Контролирај се, Лукреција, – се замеша Естер. Најмалку што сакаше е скандал во куќата пред љубопитните очи на присутните селани и работници.
– Како можеш да бидеш толку слепа, Естер? Како можеш да живееш во брак со животно, со монструм кој нема скрупули? Признај, Фаусто. Биди барем малку човек и признај што и направи на мојата ќерка!
– Но, што било?, – праша Естер.
– Твојот беден маж ја силувал мојата Алисиња!
Бран од крикови се разлеа низ просторијата. Естер ја прекри својата уста. Погледна во Фаусто барајки од него да негира, додека очите и се полнеа со солзи.

Пред да дојде Лукреција и да направи драма од бдеењето, Луис Анжел се искраде од салонот бидејки сакаше да биде покрај Елиса која не беше присутна. Неколку пати затропа на вратата од нејзината соба и бидејки не доби одговор, си даде дозвола да влезе.
Девојката лежеше на креветот, мирно, во длабок сон, а лицето и беше бело. Луис Анжел пријде до неа, кога на подот забележа празно шишенце од пилули. Не му требаше долго за да заклучи дека Елиса ги испила сите. Ја зеде за раката. Пулсот и беше слаб.
– Елиса, што стори? Елиса, реагирај…Елиса!
Но девојката не се будеше. Младиот лекар ја зеде во раце и ја однесе во бањата. Ја превитка на половина за да и го испумпа стомакот. Двојката ги отвори очите и доби инстинкт на повраќање.
Луис Анжел и ја забриша устата со шамивче откако девојката наполни речиси половина од легенот, па ја легна на подот додека полека доаѓаше при себе.
– Елиса, ме слушаш? Зошто го стори тоа?
– Енцо, Енцо…, – беше името кое постојано го повторуваше.

Солзите од очите на Естер самите лизгаа по нејзиното лице. Она за што го обвинуваше Лукреција беше нечовечно и вон секое зло кое тој го имаше сторено.
– Зарем ќе и веруваш на оваа лудача, Естер?
– Алисиња!,- Лукреција ја повика својата ќерка. – Собери си ги работите, сакам што побрзо да си одиме одовде!
– Не заборавај, Лукреција, дека твојата ќерка сеуште е мажена за Анибал, – ја потсети Фаусто.
– Сеедно ми е! Цело село нека дознае каков монструм си!
– Алисиња нема да си оди од оваа куќа и не ме терај да се повторувам, Лукреција!
– Лукреција, ова може да се среди на друг начин, – се замеша Анибал.
– Мамичке, те молам да си одиме одовде, јас не сакам веќе да го гледам овој човек, – прошепоте Алисиња, како мало дете држејки се за раката на својата мајка.
– И што мислиш да направиш? Да ме пријавиш?, – смеејки се цинично ја праша Фаусто.
– Секако дека ќе те пријавам. Ја имам Кристина како сведок.
– Кој ќе поверува на зборот на таа лесна жена? Освен тоа, твојата ќерка е болна и како таква треба да биде затворена, затоа не прави кловн од себе, Лукреција!
На ваквите зборови Лукреција му одговори со силна шлаканица која како ехо одекна низ полната просторија.
– Фаусто, Лукреција!, – ги опомена Естер. – Ова е опело на Антониета, престанете да бидете себични.
Лукреција ја зеде својата ќерка за рака и заедно ја напуштија просторијата. Им требаше кратко да се спакуваат и да ја напуштата фазендата засекогаш.

Кога двете жени ја напуштија куќата, натоварени со торби и куфери, забележаа двајца пеони како вооружени стојат пред возилото. Едниот од нив беше Антенор.
– Што значи ова?, – праша Лукреција.
– Спуштете ги оружјата, – им нареди Анибал кога излезе по нив.
– Ти не се мешај, Анибал, – одекна гласот на Фаусто.
– Што е следно татко? Ќе ги убиеш?
– Овие жени нема да ја напуштат оваа куќа, ни сега, ни никогаш!
– Ти си болен човек, Фаусто, умноболен, – ржеше Лукреција.
– Нема да дозволам две жени како Вас да го оцрнат името на мојата фамилија!
– Не можеш да сториш ништо за да останеме овде, – додаде Алисиња.
– Секако дека можам. Само мртви ќе ја напуштите фазендата! Само мртви!
Заканата беше и повеќе од јасна. Алисиња повеќе не можеше да го издржи целиот тој притисок. Ја потпре главата на рамото на својата мајка и заплака.

По опелото на Антониета, откако сандакот беше префрлен во капелата, Естер побара од шоферот да ја одведе во селото. Сакаше да види како оди отварањето на бакалницата, кога на верандата по неа излезе Луис Анжел.
– Госпоѓо Естер.
– Немам време, Луис Анжел, одам во селото.
– Итно е.
– Што е сега?
– Се работи за Елиса.
– Што се случило сега?
– Се обиде да се самоубие, земајки пилули.

Кога девојката ги отовори очите пред себе како низ магла го виде Енцо. Седеш крај неа на креветот, зад него стоеше Естер, додека во позадина гореа свеќи на свеќникот.
– Енцо, – изговори како во бунило.
– Не, Елиса, јас сум, Луис Анжел, – одговори лекарот. Беше свесен дека девојката ќе има бладање и проблеми со распознавање по испеиената доза на пилули.
– Како се чуствуваш, ќерко?, – и пријде нејзината мајка, земајки ја за рака.
– Сакам да го видам Енцо, – повторуваше.
– Енцо не може да дојде, ќерко.
– Естер, најдобро е да ја оставиме да одмори, – предложи Луис Анжел.
– Не сакам да ја оставам сама.
– Не грижи се, јас ќе бидам крај неа. Добро знам што треба да направам за да и помогнам, – ја уверуваше младиот лекар.
– Дали си сигурен?
– Сосема сум сигурен. Не е прв пат каде што се справувам со ваков случај.
– Во ред тогаш, – мирно прифати Естер, ја бакна својата ќерка во чело и ја напушти просторијата.
– Одете мирна, госпоѓо Естер.
– Благодарам, – рече пред да ја напушти собата.
Елиса не продолжуваше да блада, изговарајки го името на саканиот Енцо.
Кога Естер слезе во холот, неколкумина пеони истрчуваа од куќата на невремето кое беснееше надвор.
– Што се случило?, – праша но никој не и обрна внимание. Потрча кон библиотеката каде што Фаусто им даваше наредби на останатите пеони.
– Фаусто, што се случило?
– Жалам Естер…Удрил гром во бакалницата и не може да се стори ништо. Изгорела до пепел.

 

 


Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!