Одбиена и разочарана, Алис го напушти борделот на тетка Кармен, но пред да влезе во својот автомобил, наиде на Рикардо, својот роднина, кој беше крајн изненаден што ја гледа на такво место.
– Алисиња, што бараш ти овде?!
Рикардо Кастењон слезе од својот коњ и држејки ги уздите пријде до својата роднина и негова идна снаа, чуствувајки морална обврска да ја предупреди дека не дошла на чесно место.
– Знаеш ли каква е оваа куќа, Алисиња?
– Да, знам, – полна со себе одговори девојката. – Дојдов само да разговарам.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 9 – „Горки солзи“
Одбиена и разочарана, Алис го напушти борделот на тетка Кармен, но пред да влезе во својот автомобил, наиде на Рикардо, својот роднина, кој беше крајн изненаден што ја гледа на такво место.
– Алисиња, што бараш ти овде?!
Рикардо Кастењон слезе од својот коњ и држејки ги уздите пријде до својата роднина и негова идна снаа, чуствувајки морална обврска да ја предупреди дека не дошла на чесно место.
– Знаеш ли каква е оваа куќа, Алисиња?
– Да, знам, – полна со себе одговори девојката. – Дојдов само да разговарам.
– Да разговараш?
– А за што друго би дошла јас на вакво место, мој драг Рикардо?! Борделите се најзабавните места на светот. На вакви места се случува се, – додаде Алис, покажувајки на борделот на тетка Кармен.
– Навистина не престануваш да ме изненадуваш, Алис. Ти си права Пандорина кутија.
– Можам ли да те замолам ова да остане меѓу нас двајца? Твојата фамилија е доста традиционална и не верувам дека на Анибал ќе му се допадне мојата воодушевеност кон лесните жени.
– Не грижи се, ова ќе биде наша мала тајна, – низ шармантна насмевка рече Рикардо.
Алис кокенто гледаше во својот роднина. Синовите на нејзината тетка беа навистина убави и згодни момци. Високи, со убави очи, мускулесто градени…Беше штета што таа беше посветена на другата страна, помисли девојката.
– А што е со тебе, Рикардо? И ти дојде да рагзовараш со некоја од “дамите“?
– Јас доаѓам овде само заради Кристина, една дама која работи со години.
– Си спиел со неа?, отворено го праша Алис.
Ваквата безобразност го изненади Рикардо.
– Алисиња, какво прашање…
– Тогаш, те оставам, – додаде девојката откако сфати дека нема да биде удоволена со одговор на своето прашање. Го заврте квачилото на своето моторно возило, му посака убав ден на својот роднина и се упати назад кон хациендата.
Елиса Кастењон, најмалата од децата на Фаусто и Естер не можеше да престане да размислува на гревот на својата мајка. Од глава не можеше да ги извади сцените на тие страсни бакнежи во градината. Во таквите мисли, ја прекина Естер, кога ја посети во собата.
– Антониета ми кажа дека си многу тажна. Што се случило?
Естер пријде загрижено до своето чедо и седна до неа на креветот, но нејзината ќерка не беше волна за разговор.
– Зошто не сакаш да зборуваме?
– Бидејки сум многу…разочарана, – беше зборот кој девојката го бараше.
– Но, мила, – Естер се обиде да ја помилува, но Елиса го одби мајчиниот допир.
– Остави ме!
– Зарем не сакаш да разговараш со мене, ќерко?, – инсистираше Естер, на која и беше страно однесувањето на Елиса. – Зошто не ми кажеш што чуствуваш?
– Чуствувам голем бес…
– Јас сум ти мајка и многу те сакам. Мојата должност како мајка е да ги решам или барем сослушам твоите проблеми. Мораш да имаш доверба во мене.
– Јас немам доверба во никого, тоа е проблемот. Сега, извини ме, но имам работа, – набрзина рече Елиса и ја напушти собата.
Естер остана да седи на креветот, замислена. Се прашуваше што се сменило што нејзината ќерка размислува така.
Марија Грација ја закопчуваше својата кошула, додека Фаусто се средуваше пред огледалото.
– Што ти е? Остана нема.
– Само сум изморена, – одговори таа, со половина уста.
– Не сакам да те гледам ваква. Не заборавај дека си ми омилена. Сакам да те гледам среќна.
– Јас сум среќна, – резервирано додаде.
– Таква те сакам. Мазна како сомот. И што има кај брат ти? Останува или си оди?
– Не знам. Не сум зборувала со него за тоа.
– Искрено, не ми се допаѓа тој Енцо…ми делува како бунтовник.
– Мојот брат е добар човек, – го поправи Марија Грација.
– Енцо не може да биде добар човек, – повтори Фаусто, грубо повлекувајки ја слугинката за брадата. Сакаше да и ги појасни своите зборови внесувајки и ги во лице.
Антенор ја изгасна третата по ред цигара, потпрен на стариот храст пред задниот влез на хациендата, онаму каде што беа собите на послугата. До него допре певливиот глас на својата малолетна ќерка, која певнувајки приоѓаше до него.
– Каде одиш, Моналиса?
– Ја барав мама, но ја нема никаде, ниту во кујната ниту на хациендата…Претпоставувам дека е тука, ја средува собата на нона.
Антенор почуствува наплив на студена пот на своето чело. Ја извади шапката и со врвот на кошулата ја избриша водата од својата глава. Најмалку што сакаше во тој мометн е неговата ќерка да ја начека својата мајка во кревет со друг маж.
– Зошто ја бараш?
– Не ја барам јас, туку Антониета, – одговори девојката која беше на чекор да ја отвори вратата од собата, но Антенор грубо и ја зеде раката.
– Мајка ти не е тука, Моналиса.
– Тогаш каде би можела да биде?
Додека Антеор ја задржуваше својата ќерка, од собата за послугата излезе Фаусто.
– Добар ден, дон Фаусто, – срдечно го поздрави Моналиса.
– Како си, девојче?, – ја праша додека го облекуваше своето палто. – Секој ден е се поубава твојата ќерка, Антенор.
Ваквите зборови воопшто не му се допаѓаа на надзорникот. Најмалку што сакаше е Фаусто Кастењон да се загледа во неговиот цвет. Одеднаш, Антенор го забележа откопчан патентот на својот Господар и само ја прегриза долната уста, без да даде коментар.
Моналиса влезе во собата која некогаш и припаѓаше на нејзината баба и ја затекна својата мајка, како грчевито плаче на креветот. Загрижено дотрча до неа, прашувајки се што се случило. Марија Грација не сакаше да биде видена во таква положба, па ја заврте главата на другата страна.
– Мамо, што се случило? Што бараше дон Фаусто тука со тебе?
Моналиса не се откажуваше без да добие прецизен одговор. Таквата тврдоглавост ја имаше наследено од својата мајка.
– Дојде да разговара со мене, – излажа Марија Грација, бришејки ги солзите.
– Мамичке, зошто плачеш? Ти рече нешто?
Во просторијата влезе и Енцо. Без збор пријде до својата неутешна сестра, седна до неа на софата, ги зеде нејзините раце и ја погледна во очи, барајки ја вистината.
– Зошто толку солзи, Марија Грација?
Со молитвеникот во рака и со превез преку главата, Естер се најде пред олтарот на семејната капела, со спуштен поглед, барајки прошка за сторениот грев.
– Прости ми, Боже…Никогаш не требаше да се загледам во тој човек.
Додека се молеше, го слушна гласот на својот сопруг како ја повикува. Додека да се заврти, Фаусто веќе приоѓаше до неа. За час се најде до неа на олтарот. Ја зеде нејзината рака и погледна во нејзините убави, сини очи.
– Не знаеш колку ме радува што те гледам тука, Естер. Се гордеам со тебе што секој ден си се поблису до нашиот Бог.
Само кога би знаел, со горчлива насмевка помсили Естер гледајки во Фаусто.
Од едната страна, Марија Грација ја чуствуваше топлата прегратка на својата ќерка, а од другата на својот брат. Нивното присуство ја смирија нејзината тага, давајки и до знаење дека не е сама на светот. Ги избриша солзите од лицето и рече;
– Плачам бидејки не можам да ја прежалам мајка.
– Лажеш, мајко!, – и се спротистави Моналиса. – Тука беше дон Фаусто, сигурна сум дека ја прекорил нешто, – додаде младата девојка, гледајки во својот чичко.
Зениците на Енцо се раширија за миг. Погледот од својата внука го пренасочи кон својата сестра.
– Што барал тука Фаусто Кастењон, Марија Грација?
– Ништо…Само дојде да ми ги каже дневните задачи, – излажа жената. – И зошто толку ме бараше, ќерко?, – ја праша Моналиса, со надеж дека Енцо ќе заборави на посетата на Фаусто во собата.
– Антониета те бараше, и ме прати да те најдам.
– Кажи и дека веднаш ќе дојдам, – благо додаде Марија Грација, пред Моналиса даја напушти собата.
Марија Грација го поправи здолништето пред да излезе, но Енцо ја задржа, земајки ја раката на својата сестра. Марија Грација го спушти погледот, плашејки се дека истиот ќе ја соочи со вистината.
– Кажи ми дали газдата ти направил нешто?
– Не…- одговори Марија Грација, сеуште избегнувајки го контактот со очи. – Дон Фаусто е многу добар и секогаш ми помагал многу. Мене и на мојата фамилија. Никогаш не би ме повредил.
– Се надевам дека ја говориш вистината, Марија Грација, – резервирано рече Енцо. – Во спортивно ќе си има проблем со мене. И со твојот сопруг, исто така.
– Јасно, – кимна жената, воздржувајки ги солзите. – Особено со него.
Само кога Енцо би ја знаел вистината…
Денот беше врел и спарен, иако сонцето веќе заоѓаше зад хоризонтот. Анибал истовараше кочија полна со вреќи трици во амбарот. Кошулата му беше раскопчана а косата влажна од пот. Внесен во својата задача, не ја ни забележа својата кокетна тетка кога му пријде од зад грб.
Потпрена со едната рака на касата од вратата, Лукреција ја оближа устата со својот јазик.
– Конечно те најдов, Анибал.
– Тетко.., – нервозно рече тој и продолжи со своите обрски.
– Што ти е, шери? Дали си ми лут нешто? И не ме викај тетко, тоа ме прави стара. Викај ме Лукреција.
– Работам, – додаде тој, посегнувајки по нова вреќа од кочијата. Лукреција пријде толку близу до него, опијувајки го со својот силен, француски парфем.
Анибал ја чуствуваше тежината на вреќата со трици на левото рамо и нежните прсти на Лукреција, како лизгаат по негвото торзо.
– Твоето тело е фасцинантно…
– Тетко…Мислам, Лукреција, оваа игра воопшто не ми се допаѓа.
– Ќе те научам да ти се допаѓа, – додаде таа, милувајки го за препоните.
Анибал не можеше да ја воздржи агонијата повеќе, беше подготвен да го грабне забранетото овошје, но додека нивните две тела се лепеа едно за друго во пламен на страстта, се слушна топот на коњска потковица. Лукреција и Анибал со широко отворени очи погледнаа на страна…
продолжува во понеделник…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет