Анхелес е очајна и бара помош откако ќе и ја украдат Лусијана. Веднаш му се јавува на Густаво и го известува за слученото.
Даниела која трча низ паркот со бебето в раце доаѓа до еден автомобил со темни стакла и го предава детето. Во автомобилот е Трини која и заблагодарува за стореното и и ветува на дадилката дека скапо ќе ја награди.
Густаво кој верува дека Октавио стои зад киднапирањето на неговата ќерка, со Анхелес доаѓа во сиромавиот кварт каде што живее. Откако Густаво ќе го претепа, Октавио се колне дека овој пат не е вмешан во киднапирањето . Густаво веднаш се јавува во полиција и го пријавува киднапирањето на Лусијана.
Алберто го затекнува Диего на улица и не може да го препознае. Го повикува на кафе и разговор.
Кога ќе се вратат дома на прагот од куќата ја наоѓаат Лусијана жива и здрава.
Трини и вели на Даниела дека само сакала да ја преплаши својата ќерка и да ја казни што не и ја возвраќа љубовта. Дани е изненадена дека Трини и Анхелес се мајка и ќерка.
Алберто му префрла на Диего што потклекнал кон дрогата и дека не само што се уништува себе дека ја уништува и целата фамилија.
Алваро бара помош од својата поранешна сопруга Хулија, известувајки ја дека Трини му го уништува животот и дека краде од него. Хулија ветува дека ќе му помогне.
Анхелес е уверена дека Даниела стои зад киднапирањето на Лусијана но Густаво ја убедува дека не е возможно дека дадилката немала причина да го стори тоа.
Доња Инес доаѓа на разговор со Густаво и му префрла дека никогаш не ја сакал енјзината ќерка штом сега е со Анхелес. Густаво ја убедува старицата дека нема никаква сентиментална врска меѓу него и нејзината внука.
Анхелес во меѓувреме ја напаѓа Даниела за сомнеж дека таа стои зад исчезнувањето на бебето. И се заканува дека ќе ја истера од куќата но се појавува Густаво и ја смирува топката.
Кога ќе останат на само, Дани го известува Густаво да не и дозволува на Анхелес да биде насамо со неговата ќерка бидејки може да ја повреди Лусијана.
Трини започува да го труе својот сопруг преку храната која му ја дава. Алваро не се ни сомнева во новите зли намери на својата сопруга.
Додека Анхелес ја преслекува Лусијана во детската соба без најава влегува Октавио.
продолжува